Jas za vitkana kosa koristam krema za lokni od farmasi, najeftino mi e a efekt ist kako od drugi kremi po 300 den sto sum koristela, baska toa sega za 99 den bese na akcija pa si zedov 3 da imam
Здраво, Сакам да ја купам линијата на Keune за виткана коса (шампон, маска, крема за локни, има и спреј) Дали некој користел нешто од таа линија и како сте задоволни?
Zadovolna bev dodeka koristev ma spored mene cenite se preterani, ima kade kade poevtini kremi i maski
https://instagram.com/isiani_beauty?utm_medium=copy_link Јас во isiani ги гледав, може да има во ДМ, цените се од 600ден нагоре Ако сум задоволна, не ми е проблем цената, колку пари отишле на производи што не ги бива... За keune имам добро мислење, сум користела нивни фарби, но немам искуство со конкретните производи Фала ти
Ова го користам за дефинирање на локните. Со оваа крема многу ми се поубави локните не ми се бушави и разлетани.
Хај, јас си купив копија од али експрес, супер е, запците може да се подесуваат, вадат по потреба, ако имаш подебели или потенки локни.
Девојки ве молам за совет. Цел живот имам брановидна коса, се додека не ја исчешлам... но немам дефинирани локни секаде тука таму. Ве молам кажете ми производи ( шампон, регенератор, пена, чешел што и да е) како би можела да ги дефинирам локните убаво па да имам виткана коса а не брановидна. кога ќе се исчелам сум како був во главата, а ако не се исчелам ми е виткана/брановидна.
Прво, не ја чешлај, виткана коса се чешла само пред да ја искапиш или евентуално од ко ќе ја искапиш водена да ја исчешлаш. Второ, шампон и регенератор не е толку важно какви се (секако да не се некои за волумен) колку што е важно што ставаш на косата по миењето. Можеш да ставиш пена за коса, конкретно јас ја имам користено розевата на Тафт или можеш да ставиш крема за коса исто од Тафт во розево пакување, после можеш гел за коса да ставиш. Јас на пример, моментално ставам само крема за коса, а инаку може и комбинација на крема со гел. Влези во ДМ, имаш полно производи за оформување на локни, испробај некој од нив.
бидејќи јас немам баш виткана коса- како афро, дали е подобро да ставам пена? Бидејќи крем дане ми ја затести само...
Подобар ефект со крема ќе добиеш, малку ќе ставиш и ќе ја растресиш косата со прстите. Пена ќе ти даде ефект еден ден, а со кремава подолго време ќе ти стојат локните.
Кој крем го користиш за локни? Јас стално пена сум користела, се мислев дека крем ќе ми ја мрси бидејќи имам тенко влакно.
Здраво. Косата ја чешлам само кога ја мијам. Моментално користам шампон на Natura Siberika за волумен во cosmo е на акција овој месец. Потоа ја промивам со пиво претходно отстоено да испари алкохолот и загреано пред употреба, ја цедам со нежно истискување, потоа ставам маска било која и не ја измива, ја собирам во пешкир некои 10-15 мин нанесувам млеко или крема за дефинирање на локни и малку паста за коса на seinz ( ако нанесете повеќе ќе ви биде тешка и леплива косата) jа има во дм сушам со дифузер.