Дали имате користено восок за коса? Пред некој ден видов во продавница, пишуваше дека се става на веќе обликувана коса. До сега не сум користела, според ова би требало кадриците да ги зацврсти, јас отсекогаш сум мислела дека восок ја мрси косата Овој беше на Тафт, се мислам утре да земам, уште од ова немам, само собирам и фрлам
Ве молам ако има некоја сличен проблем.. мојата коса беше цела локни со тек на време сега веќе е како згужвана да речам, ни права ни виткана, дали има некој шампон или било што барем малку да ја обликува, да не морам секој ден или да ја пеглам или довиткувам... ?
На фб Златокоса има убаво објаснето за секој тип на коса што и како, јас од скоро ја заследив, гледам препорачува доста природни работи од она на кратко што погледнав. Само мене комплицирано ми се виде, немам јас толку време за тинтрање. И на инста има неколку кои си ги повратиле локните. Од она што видов на кратко сите користат некои добри масла за коса. Кај нас не сум ги видела. Можеби треба со арганово масло да пробаме.
Дали некој од оваа линија го пробал маслото и кремата за виткана коса? Се мислам дали да ги порачам, не се баш и ефтини, да не е џабе како и досега се што купував.
Здраво девојки, препорака за пена за виткана коса што дава волумен и форма? можно е да имаш сатурација од продукти ако користиш крема+пена или гел секое миење.. некој шампон за clarifying може да ти биде добар малце да и направиш ресет
Подобро земи крема за дефинирање локни отколку пена. Од пената многу пага косата и лепи. Последно користам на Хоби крема за виткана коса. Ок е кремата, ама не сум нешто воодушевена. Од тоа што бев задоволна веќе не се произведува. Сега чекам да ми стигне масло за виткана коса. Уште вакво не бев користела. Ќе видеме резултати. Имам мал милион работи користено за виткана коса, не сум задоволна, од некои коса ми пага, од некои никаков ефект не дава, некои ја сплескуваат, секогаш велам уште ова и пак купувам
користам крема веќе само пената ми треба за волумен и да ја држи формата, поише ја ставам горе према коренот за волумен. имав една пена али ми падна у када по грешка и се наполнила со вода па сеа барам нова(пошо оваа ја нема у мкд и треба многу да чекам ако ја порачам па барам некоја привремена варијанта)
Сама си прашав, сама да си одговорам, да не се зезне некој како мене. За почеток го зедов само маслото ама искрено за тие пари не вреди. Знаев дека масло не може да дава волумен ама се полажав за локните да ги дефинира можеби.. Додуша ни едно ни друго дава.. Освен сјај на косата и убав мирис, за кремата не би се осудила да ја земам само лускам пари без веза. Ај се тешам може ќе ми биде повеќе негувана косата Можеби не сум го сеуште доволно користила ама засега од мене има Ова би било идеално за многу сува коса која е права, не знам стварно која е намената за виткана коса, уште толку ја исправа. А инаку пишува масло за оформување локни и волумен.
Јас го користам шампонот и кремата како комбо скоро 2 години веќе. Супер ми се погодени. Шамопонот ми е фаворит. После 2 бремености ми се деформираа локните и супер се покажа. Масло користам од дм на балеа ,исто сосем ок е.
Од оваа линија ли истите ги користиш? Шампон не верувам дека ќе сменам овој ми е ок, иако не е специјално за виткана коса, а креми секако си менувам. Дали ги прави локните повеќе виткани и ги задржува 2 дена? И сакам да не ја сплескува косата. Добро е што се не порачав, прво се мислев цела линија ама вака подобро да се осигурам. Можеби ќе се излажам и за кремата ако ги држи локните подолго време.
Ги држи и не ја сплескува воошто. Јас ја сушам со дифузер и јонизатор секогаш. Пробај ја кремата само,мислам дека нема да згрешиш.
Тогаш ќе ја порачам и кремата, ти од каде ја порачуваш? И ти ја плаќаш 1100 денари? Овде кај што ја порачувам толку се со маслото.