Немаш мака Хипи, и онака чешелов се распадна пред мнооогу мнооогу години Ама знаеш како велат, за останките се најдобро Спојлер лелее ова како црн хумор дојдe за чешелов мој што чука Чешли бе. Чешеловци
Кога бев млада могу сакав да имам виткана коса. Ке ја навиткав со витлери, после 1 саат ке се исправи. Ке ја навиткав со фигаро, џабе ја горам, се исправува. Исто и со црвите пробав, тоа повеќе од 3 саати не држеше. И така, еден ден ми пукна филм, отидов на фризер да ми направат третман за да имам трајна виткана коса. Третманот траеше 3 часа, болно искуство. Осеќав како ми го корнат секое можно влакно додека ми ја мотаа со витлери, ах и киселината што ми ја шибнаа, мх каква миризба... Третманот заврши успешно. Следниот ден се каев, ама нема враќање Со месеци бев во агонија додека се научев како да ја одржувам, расти ми се направија. Ја чешлав еднаш неделно, ми требаше храброст и трпение за тоа и кога ќе видев колку влакна паѓаат 1000 хипохондрични мисли ми прелетуваа низ главата Им се восхитувам на сите што знаат да се справат со виткана коса. Јас сум тотален антиталент за тоа.
И јас сум во вашиот клуб на виткани коси Еве вчера ја миев и убава ми беше, ама денес неќете да ме видите.... ми треба време наутро да ја средам, да личам на човек долга виткана, тегни ваму тегни таму и на крај репче. И јас не ја чешлам после миење само поминувам со прстите низ неа колку може и ја сушам, или ја оставам сама да се исуши...понекогаш ми се смачува и мразам што имам виткана ....ама кратко трае затоа што знам дека е привилегија да имаш виткана коса.. ( и зелени очи) (фала мамо и тато) хехехе се испофалив
и јас сакам да имам виткана коса ама тие што имат викат дека тешка била за одржување мачно им било и си ја мразат косата....е колку сакам да ми порасни долга потоа да ја андолирам!!!!!! да си искарам меракот
Витканта коса е многу тешка за оддржување. Мака мачам со шумава на глава. Користев пена и искрено ве советувам: ПРЕКИНЕТЕ! Како се зезнав, глава да те здоболи. Ми беше како горена трева неколку месеци. Сега само ставам шампон за бојадисана коса, бидејќи моите користат таков, а не обрнувам многу внимание каков користам јас. Маска за оштетена коса ставам потоа и после зимам гел за локни кој го купив од КИМ. 600 денари е чинам. Трае месец до месец ипол. Го ставам после миење на косата, ја мијам еднаш неделно само. Ја оштетив многу кога ја миев секој ден, дури потоа дознав колку било здраво поретко да се мие. Ставам од гелот, локните си се на место. Не ми е разлетена и драго ми е што повторно ми се враќа во стара форма. Ако се случи да ми се загубат локните, малку ја мокрам косата, ставам од гелот и сум без проблем.
и јас имам виткана коса ја пуштам само во лето, преку зима ја фенирам и така ми е полесна за одржување, а виткана не можам да ја поднесам, најчесто користам пена за виткана од Тафт, силиконски, некогаш крема против електрицитет и спреј од Глис и добра е. сега се спремам малку да ја пуштам мојата, мајка ми ме почасти со фен за виткана коса (со дифузер) па да видиме што ефект ќе има, ако ја бива ќе ја носам мојата, ако не се враќам повторно на фенирање. сите што посакуваат виткани коси нека не се лажат, не е се така како што изгледа, убава е, но многу мачна, додека правата коса е пери носи.
Како може да не си ја сакаш косата? Јас не би ја сменила ни за жива глава. Поекономична е, нема фризери и слично, плус секогаш си шик, спастрен, со топ фризура и поразличен од другите. И кога врне не офкаш како ќе ти се намокри и леле што ќе правиш. -.-
Мојата коса "виткана" кога нема да ја исчешлам...сега во последно време често ја пеглам, ама си ја сакам понекогаш виткана да ја носам, дека почесто ја пеглам па и не ми се витка толку а на времето (кога ја носев виткана) ептееен ми беше бушава, бујна, долга..никаква па за тоа и ставав восок, не од оној што ја здрвува косата..туку еден како мрсничок и додека ми е малку мокра и ставав мн малку и ми се оформуваше... Одкако ми се потроши восокот го барав тој истиот ама не го најдов никаде, викаа се сменило пакувањето, ама не се решив да купам.. Што мислите вие за восокот за коса? Штетен ли е? ја суши или не?
епаа не ми прилега на цртите, друго локните ми се супер само во првото миење, еден ден, наредниот ден ми се растураат, а на коренот ми е слепена, бидејќи од корен до половина коса ми е мрсна а натаму е сува, хаос невиден. убаво е да имаш виткана коса но доколку не е природно мрсна и локните се тогаш по цврсти и најчесто од корен виткани, а кај тие што имаат мрсен корен само првиот ден им е од корен виткана наредните денови во тој дел се исправува, а натаму останува виткана.
Немам виткана коса, а баш би сакала ... Имам долга права коса, синоќа си ја навиткав и денеска ми беше ептен, ептен убава, па добив и комплимет од дечкото дека убаво ми стои, дури и ми предложи да ја андолирам Сериозно рамислувам за предлогот Блазе си им на девојките со виткани коси ...
здраво девојќи, и јас имам виткана коса, ама она афро виткана и прво и основно не ја мењам за ништо на свет втора работа, презадовлна сум од начинот на кој зигледа, секогаш е сјајна а локните одделени еве јас што и правам- ја мијам со субрина, словенскиот шампон, и тоа со оној за сува и оштетена коса ако не се лажам портокалово му е капачето, и ставам регенератор исто од субрина и исто за сува и оштетена коса и на крајот, дури е сеуште влажна и ставам од восокот, сосема малку и претежно на врвовите(не гелот тој е во тубичка како паста за заби, а восокот е во ктуивче како за помада).... најтопло ви го препорачувам мојот рецепт една козметичарка, моја блиска другарка, ма кажа да користам исклучиво шампони од балканско потекло, дека оние другите на ниве пантени и сл. кои ги има во нашите маркети се посебна пратка за земјите кои не се во ЕУ и осдржат доза на канцетогени материи ПЕНА НЕ СТАВАЈТЕ НИКАКО, ЈА СМРЗНУВА КОСАТА И ЛИЧИ НА ПЕРИКА, СО ВОСОКОТ Е ЛЕЛЕАВА И СЈАЈНА А НЕ СЛЕПЕНА се надевам дека ќе ви помогнам со овој совет
и уште заборавив да додадам, косата ја натопувам, чешлам, шампонирам ставам восок и оставам да се суши... никоко на ја чешлакте косата после регенераторот бидејќи локните се формираат додека косата е мокра а со чешелот само ќе ги растурите локните
го користам восокот на субрина, тој не е со некоја посебна намена (на пр. за локни или за сува коса, туку е универзален околу 180 ден.), и откако ќе ја исцедам косата убаво (не ја чешлам повторно косата дека веќе ја имам исчешлано пред шампонирањето) ставам од восокот ама не многу, онака колку да може да се зармачка на дланките и ставам на косата дури е влазна. После тоа ја оставам косата пуштена сама да се исуши. Восокот не дозволува локната да се растури ниту разлета, јас сум презадоволна ... напишав нешто повеќе на 7мата страна на овој форум, можеш и таму да го прочиташ
Имам претерано виткава и бујна коса и имам испробано се и сешто. искрено скоро од се сум задоволна, освен од линијата на Нивеа за виткава коса, косата ми изгледаше ужасно. Инаку користам Garnier Fructis шампонот 2 во 1, против првут и да чукнам во дрво и тој проблем си го решив, во комбинација со уште еден производ што не секогаш мора да биде за виткава коса, било што за омекнување или стилирање на косата ми врши работа... Моментално користам пена на Тафт за виткава коса, розевата, предходно користев Фруктис, сега ќе се враќам на регенераторите на Глисс, мирисаат преубаво и мн ја омекнуваат косата. Инаку имам гористени и кремата на Хоби, и на Цубрина во тубичката таа, и Сансилк за виткава коса, и Авон за виткава и усте 300 други ствари и од сите сум презадоволна... само од Нивеа не...
Го купив Хоби портокаловото и сум презадоволна, значи мијам коса чекам палку да ми се исуши па ставам од тоа, малку ја гушвам и ми е виткава без да ми бидат суви прамените и да се делат, туку баш не се приметува дека ми е вештачки виткана. Го препорачувам на сите