Јас ја имам розевата и зелената од Тафт, јас одамна не користам пена за коса, кај мене немаат никаков ефект, освен што ми станува крута, леплива и многу ми пага од пената.
Мене најубава пена ми е на Loreal Pro , виолетово шишенце, може е поскап сма вреди секоја пара, од овие од ДМ кое и да пробав или ми ја сушеше или ми ја кинеше косата. Користсм и на MorocanOil а тоа е бааги поскапо, но во секој случај после 8 илјади испробани работи сфатив дека само професионалното се исплаќа
Да, лилјаковата, види на хаир шоп можеби имаат попуст, имаат и други производи шампони регенератори… од иста линија ама не сум ги пробала
А не ти ја лепи косата пената и не ти пага од неа? Баш оваа не сум ја видела кај нас, ама од сите други пени косата многу ми пага и ми станува леплива и никаква. Што користиш за дефинирање на локни? Денес броев имам 10 вида на креми за локни а уште толку исфрлав пред месец дена и скоро ништо не ми е по кеиф.
фала ви многу девојки, јас обично ја користам dippity doo girls with curls и тоа е најдобра што сум пробала пена. само сеа ми падна у када па морав привремено некоја да земам за свадба. ја земав од тафт зелената али ништо посебно еве да ви кажам а морокан многу ми се тешки продуктите ама лореал може да се проба обично за да не ми се лепи јас ставам прво крема па после пена и исто косата треба да е доста мокра за да испадне добро. а за крема од балеа портокаловата ја имаш пробано? мене некад ми е тешка али ако ставам помалце супер дефиниција дава
Имам една на Балеа во шишенце ако мислиш на таа пред една недела ја купив, не ми се допага. Или нешто грешам во постапката. Јас ја мијам, ја чешлам, ставам крема и масло и ја сушам со дифузер.
Каков ти е фенот? Користам дифузер ама нема јонизатор, се мислев за дајсон го фалеа за виткана коса, ама премногу ми е, никогаш не се фенирам само дифузирам. И дали ти е пуцвалеста како на аватаров , што и ставаш после миење? @anggell мене овие алфапарф не ми се погодија, розевите ги корситев за сува коса, тешка ми ја правеа косата и ме чешаше скалпот, јаки ми беа некако. Ама кремава ај може ќе ја пробам, не наоѓам ништо што не се одмива... Последно открив дека ова требало да се мие, а јас си го оставав.. Ама супер ми ги правеше локните па може и ќе продолжам да го ставам Иначе алверде шампонот и регенераторот за виткана сега ги користам убави ми се лесни, ма да кај мене критичниот момент е после миење, а претходно и со вода само да се измијам исто ми е. Не ја чешлај после миење, исчешлај ја додека имаш регенератор или маска, измиј ја наведната, утапкај ја со маица или микрофибер и после ставај тоа што ставаш, јас чешал веќе не ставам после плакнење огромна разлика ми направи.
Овој го имам со спецификација 8 пати повеќе јони. Фенов ми е перфекција. Не би дала и јас толку за дајсон. Овој има некој попуст моментално гледам во нептун. На тафт ја користам розевата крема пред сушење на мокра коса. Пена не користам од средно коа ја правев како гнездо ех,младост
Не ми ја лепи косата ни од Лореал ни од MorocanOil. Не знам.. пази колку користиш количински и стабај само на мокра коса. Јас никогаш пена немам ставано секој ден на сува, овие што ги ставам ми ја држат косата 4 дена перфектна. Пробај го гелот на MoroccanOil i LorealPro пена виолетова. Ги има во Hairshop, perfect hari.. можеби опремени фризерски салони. А за паѓање на коса , да. Кога користев од ДМ такви пени што де наменети за цврстина на косата а не за локни, ми паѓаше многу и од косата ми летаа како други влакна.. не знам како да објаснам, затоа си реков, што ќе фрлам секој месец пари не таа не ваа не она, си земав цела професионална линија и ми е топ, најубава коса до сега. Ем, бланширана сум такс да.. а имам оформени локни Да за чешлањето убаво ти кажале @anggell, и не ставај масло на мокра кос, мене тоа не ми се покажа како добро, користам секој ден редовно на сува. Пробај ги и ампулите на StructurFort, мене тоа ми е фантазија. Ги има во perfecthair на инстаграм и имаат страна ама не им се сите производи прикажани. Исто гледај да користиш производи за обнова или за хидратација и секогаш ставај leave in conditioner. На ревлон исто црвената линија е многу добра, зборам специфично за она што се прска после миење, има и розово на Ревлон специфично за виткана коса.
крема и масло ми се чини превише тешко. би ти препорала крема + гел да пробаш, кремата ти е за хидратација а гелот за дефиниција. тоа на мокра коса, после сушиш со дифузер и на крај коа ќе ти биде сува малце ако е цврста од гелот стави масло да ти разбие малце
Ќе пробам маслото да го ставам на крај како што велиш. Прв пат масло земам, што ми требаше и ова, кусо да не сум, се што видам за виткана коса трупам и на секое велам ова е последно Овој беше фенот од 9000 денари? И јас се мислам дали да го земам, а уствари што е разликата со други фенови? Јас имам на Филипс со дифузер исто, мислев дека сите фенови се исти горе долу. Има ли некоја разлика во дифузерот за правење локните или тоа е исто како ка другите фенови?
Негативните јони ја штитат косата од сувост и оштетување уствари. Мене знае со обичен фен да ми се разлета на сите страни. Ние со виткана коса знаеме дека ни е ептен сува во природа. Па затоа овој со јониве е топ. Не дека со ептен оштетена коса ќе направи некое чудо,ама на подолг период и те како се осеќа разлика со фенов.
Женски здраво! После дооолго читање зa curly hair method што го практикуваат во Америка, морав да пишам овде за искуства бидејќи пола од продуктите што ги имаат они ние ги немаме. Јас имам природно многу виткана коса ама имам бели влакна коишто морам да ги фарбам за жал бидејќи ми е цела бела косата скоро. Знам дека фарбата е многу многу штетна за локните па затоа пробувам да се грижам за неа најмногу што можам. Дали би можеле да ми споделите ваша рутина и продукти што ги користите? Сакам да си земам шампон без сулфати зошто мислам дека пантенот уште толку ми ја докрајчува косата. Исто каков регенератор користите, и кои продукти ги користите за да ви бидат убави локните додека се бањате а кои ги ставате одпосле што имале ефект? Ако некој не сака да пишува овде би било корисно и во ЛП зошто ептен лутам по продукти па ми требаат препораки! Фала ви.
И кокосовото масло ги оформува доста локните. Ако имаш можност да држиш подолго време уште подобро. Плус дава свиленкаст ефект на косата. @Gosh
Кога да го нанесам, колку да стои? Моите првите денови се електризирани, мора секое сабајле со вода, пена и дифузер да ги правам, како стига денот за миење, се поубави стануваат... Ставам и масло за коса, мојава не го упива, по вратот ми останува...