јас само на интернет ја гледав кај нас ја немам видено, не ја земав за сеа јас, ако се одлучам да ја земам ќе пишам резултати
Вака, имам виткана коса и никогаш така не ја носев од време само ја тегнам фенирам пеглам и сл. Ја уништибв и изгорев буквално. сега сакам некое време да ја носам рпиродно имам локни кои најубваво се истакнуваат кога ја сушам без фен рпиродно. Предложете шампон за виткана, ставам регенератор, после миење ставам на Балеа една крема ама ако имате некој посебна за виткана за после миење за да се истапкаат локните, предложете и крема.
Некое ефикасно апаратче за убава виткана коса?што вади убава локна? Нешто што веќе сте го испробале? Имам доста меко влакно,и ретко да ми држи локна долго време.
Од Рамстор ја имам купено. Мене два дена сигурно ми стојат локните, убаво ги дефинира. Само после кремата гледам убаво да ја исушам косата за да останат така подолго.
Дали ти ја мрси косата, јас земав една на Тафт во портокалова кутија мала, ок е за локните ама страшно многу ми ја мрси косата, досега прв пат нешто толку да ми ја мрси косата, плус после едвај ја одмијам мислам дека сеуште ми е мрсна косата . Да ја најдам и оваа ќе ја пробам
Не сум имала до сега проблем со мрсна коса од оваа крема. Пробај да не му ставаш многу, или пробај ја пената за виткана исто на Тафт, јас ја користев порано, само мислам дека малку ја оштетува косата...
Здраво.Иммам права накршена коса сакам да ја носам виткана но неможам затоа што веднаш ми се исправа.Го имам пробано тафт но пак ми се одпушта локните.Препорака што да користам гел или крем што било
Гел или крема за локни. Избери си у дм секакви имаш. Јас имам брановита/виткана, но не ја носам често у моето природно стање. Ако ти треба препорака, од оваа крема сум задоволна, дм ја имаш
Мене па оваа крема ми е катастрофа. Ништо не прави на косата. Од локни ништо немам, дури ми ја исправа.
@Puellapulchra какво апаратче користиш за фенирање ? Јас имам исто виткана коса, па би сакала да сменам малку
@Eunoia Фен обичен со дифузер. Ако го немаш со фенот у пакет, се купува ко додаток. Али немој да се излажеш косата да ја пикнеш влажна у дифузерот, оти ќе те акне струја. Со дифузер се распоредува возухот,се користи за да немаш разлетани влакна ко со обично дување и додека не ти е скоро сува, ко обичен фен го користиш и на крај ја туткаш у она, се надевам ме разбра Еве видео за полесно да се снајдеш. Цел јутјуб канал и е добар на оваа
Фала ти многу на одговорот. Не сум знаела за ова со дифузерот, немам користено, сама со прстите ја туткав...Ама планирам да си купам и да пробам така.
Нема подобро за виткана коса од креми, гелови и дифузер. Само гелот малку поспецифичен е за користење, али сè се учи. Цел живот се учев и се мучев со обичен фен, али виткана коса понаков третман си бара од обична. Едино добро е да ја остаиш природно да ти се осуши, али ова секако у добро загреана соба зимово. Лето е друго.