јас имам брановидна коса, ама додека се суши станува frizzy, бујна и изгледа многу лошо, а локните некако се губат. се имам фарбано и бланширано повеќе пати ама не е поради тоа, уште од мала ми е таква. има ли некој да сподели рутина за брановидна/виткана коса? ми имаат препорачано mousse, дали ќе ми помогне, дали треба нешто друго да ставам...
Така изгледа оти локните не ги дефинираш. Не смееш никако да ја чешлаш сува, значи само кога ти е влажна и кога имаш кондиционер у косата. Обичен фен не, фен со дифузер додаток да. Ако у моментот немаш при рака, најдобро да ја остаиш природно да ти се исуши, секако без да ја чешлаш. Онаа кремата на претходната страна на мене ми беше супер. Али оваа не е за тенко влакно. Значи само ако имаш дебело влакно и густа коса да ја користиш. Имаш у дм еден куп креми, гелови и сваштарија за виткана коса. Еве ако знае некоја тука има добра препорака нека каже. Крема ако ставаш може сама по себе да ја користиш. Мус и гел се користат исклучиво со leave in балсам.
Јас само ќе додадам препорака за кремата на Балеа за локни ,мене косата навистина ми е мека,таа крема чудо ми прави ми дава густина и локните ми стојат до следно миење ,иначе исто сушење со дифузер обавезно
Важи обавезно да кажиш иначе ја ставам на полу сува коса и толку,така и пишува дека треба да се нанесе
Да се надоврзам, јас ставам на скроз водена коса со превртена глава и ја туткам дури не се исцеди, потоа продолжувам и со крпа, па сушам со дифузер. Друго ништо не користам после тоа и ми е супер.
И јас праам ко тебе за сè што се става после бањање. На коса што се цеди буквално. Едини исклучок, само масло ставам на сува коса
Дали го најде и го проба? Јас зедов баш некни ама другите две на Тафт восок ми се подобри. Со ова косата не ми е убава. А гледам повеќето го фалат ваљда до мојата коса е. Вие со виткана коса, како ви е шишана, на степени ли? Дали ја тенчите?
Степенеста ми е отсекогаш, само со години ја немам тенчено. Заборавив како беше подобро. Избегнувам да не се кине.
Степенасто always. Последен пат бев кај Адо, он без прашање удри со ножиците за ретчење и ок ми излезе, ама по негово ваљда на краевите само. Претходно одев кај Мио, он никогаш ми ја немаше изретчено. Зависи и од косата, ако не ти е густа јас не би ја ретчела. Ама за поубава форма на локни дефинитивно степен.
И мене ми е на степени, така ми е цел живот, само не ја ретчам. Не ми е прегуста ама не ми е ни ретка. Таман ми е. И јас што гледам видеа само на краевите ретчење. Јас фризер не можам да погодам а не сум од Ск. Тука и нема баш избор, затоа од короната наваму сама се шишам. Ќе си набавам и за ретчење сама да пробам, додека на најдам некој од овде добар фризер.
На минување го земав, ниту читав што, како, прави на косата. Едно од милион дома што ги собирам.. Го има ли некој користено и што прави на локните уствари, како лак е?
Кажувајте некое чаре Ќерче има прилично густа виткана коса... Од скоро почна да и се прави позади како мастика да има залепено,едвај ја расчешлува Пробавме се со маска,без маска,со врзана да спие со пуштена пак исто Ставаме капки за коса после миење некогаш пена по потреба ,но од заплеткувањево нема ништо помогнато...
Сува коса никако чешлање. Само пред миење, со убава маска откако ќе отстои некои 5-10 минути. Се крена фама последните години околу силиконот во балсамите и маските, но тој прави косата полесно да се чешла. Додатно е ако во маската има силикон. Сите маски, балсами на Garnier ми се топ, но ова секако индивидуално е. Треба да пробаш, да видиш што најмногу и одговара на нејзината коса. За спиење, свилена навлака земи. Нема подобро. Или свилена капа. Шампонот да не и ја суши косата премногу? Пробајте некој понеутрален. Јас од дм користам бебешки шампон Baby Love. После миење обавезно leave in балсам и крема/гел. Јас искрено од пени сум немала добро искуство, можеби и јас на лоши сум налетувала. Или можда ради алкохолот у нив, па затоа ми ја сушеле косата. Креми, гелови, од одамна не користам, бидејќи скоро секогаш ми е мене фенирана право. Но помагаат многу за дефиниција на локни. Какви капки? Силиконски ли? Иако не сум користела, од многу жени сум слушала дека не се баш најдобри за коса. Масло пред миење е исто топ да стаиш. Кокосово ми е најбоље. Четка каква користиш? Мене искрено до сега, најубава четка ми била од Tangle Teezer. Моделот ми е ultimate finishing brush, но сите се добри. Таа и за фенирање ми е добра. Ако се уште се заплеткува и после сите овие совети, можеш да ја сплетеш во плетенки, за да не се заплеткува премногу од едно миење до друго. Коса исто се заплеткува и од премногу расцветани врвови. Виткана коса различен третман бара. Но еднаш кога ќе ја изнајдеш права рутина, тераш. Отвори на јутјуб ствари. Еден куп видеа има шо ќе ти се најдат од помош.