Побарај совет на фб од Златокоса е потпишана. Има група и на јутуб од нејзе многу совети има. Конкретно ќе и кажеш тип на коса, таа ќе ти одговори што третман и нега бара тој тип на коса.
@senza.parole Гелот од ленено семе како го користиш како маска што се измива или како гел крема откако ја измиеш косата? Го направив и се мислам како да го нанесувам сега,како е подобро.
Како гел крема што не се измива и се внимава на дозирањето, односно ти ќе си таманиш од која количина каков ефект ти дава.
Овој гелов од ленено семе го иам користено и ко гел, и ко маска. Топ ствар е. Пред бањање ко го користев, не се разликуваше од купечки маски. Ко го користев ко гел, дури и подобар беше од купечките гелови, оти не "стегаше" толку, значи не е косата ко шпагета да се праи. Можда ќе го напраам у скоро време па Оваа кремата од овесни снегулки, од одамна ја иам намерачено да ја праам. А се изнагледав пред малку видеа на јутјуб, заводливо личи. Ај ако се наканам да ја напраам, ќе пишам во темава
здраво феминки имам виткана и мека коса, значи денеска ми е топ, ќе преспијам и губи на форма, губи на волумен и се мислам што ми фали, што да земам? следниот ден со водени раце ја воденам малку, ама ништо посебно не постигнувам. ја користам само на балеа кремата за виткана коса. и уште едно прашање, дали ако ја сушите со фен побрзо ви се „мрси“?
Сушија со дифузер пробај подолго ќе ти траат локните. Пак се расипува али поубаво се оформуваат као федерчиња шо не се расипуваат лесно. За спиење ја собирам у пунџа но лабава, послем пуштија само наместија со чешел без да ја чешлаш само рвовите одозгора нежно и прснија со некој спреј за локни или млеко (имаше едно у дм од кокос млеко не ја мрсеше косата сега неможев да го најдам пак околу 200ден беше) за локни како и да е не се става по многу од ништо да не ја измрсиш за пак да се врати у форма да не ти е буф.
Кога ја сушам со фен помалку ми се мрси косата и повеќе волумен има. Ставај и гел за коса па суши ја косата со дифузер, подолго време траат локните.
@lovely91 @simpleewa После крема ставам гел на крај, јас ваков користам taft power invisible Не лепи и не ја мрси косата а гледам за виткана коса го користат и syoss max hold gel како појак, тој следно планирам да го земам ако го има кај нас.
Здраво, Имам брановидна коса и со години ја пеглам. Решив дека веќе нема да ја пеглам и ќе се потрудам да ја носам природна. Бидејќи никогаш до сега немам користено препарати за виткана коса, ве молам да ми кажете предлог рутина, што се нанесува и по кој редослед. Значи како на прваче, се по ред од шампон, до фен
Би можела да ти го препорачам овој на Балеа, има супер цена, а и бавно се троши. Јас го ставам на полусува коса и одличен е.