Мене ми паѓа косата, особено периодов, ама одамна го користам и не ми паѓало пред тоа од оваа крема. Секако само на врвовите ставам. Твоја препорака за крема за виткана коса?
Моментално ја користам кремата на Хоби, ама не сум и од неа воодушевена, најдобра ми е од се што имам користено ама не ми е врв. А имам и јас не знам колку многу користено. Од Балеа сите ги пробав и се исфрлив.
Да не го имаш случајно користено регенераторов? Кај нас не сум го заприметила, ова е од Лили од Врање дрогеријата
Го немам, да го имав видено ќе го купев Јас се што видам за локни земам со надеж дека е подобро. А каде точно во Врање го има? Наскоро ако поминам да го земам.
Во Lilly дрогеријата што е во склоп на Zona, кај Лидл. На интернет го најдов јас, на нивната страна. Еве ти и линкче од регенераторот. https://www.lilly.rs/pantene-pro-v-defined-curls-regenerator-za-kosu-230ml-530629
Хммм Јас ја користам кремава може 5 години, и супер ефект има за дефинирање локни, ама од пред 4-5 месеци почна многу да ми паѓа. Сега после твојов муабет си велам да не нешто е сменето во составот што вака наеднаш почна интензивно да ми паѓа. Кај тебе од одма примети опаѓање?
После 2,3 ставања приметив, и забележав дека е од сите креми на Балеа. Не се задржувам долго со нив кога приметам дека ми опага. Веќе не земам ништо од нив. А и секоја коса е различна, многу има задоволни од Балеа. Мене не ми одговараат.
А како да стојат локнкве? За дефинирање јас ја делам на повеќе дела и на секој дел посебно му нанесувам пена или крема, но после еден ден ако не ми е собрана локниве добиваат некоја таласеста форма. Дали некој ги има пробано производите на Got2b ? Или овој гел? Ми го препорачаа во едно фризерско студио ама некако ми беше скап, па не го зедов.
Јас го користам спрејот за wavy hair од Got2b, многу ми се допаѓа како ми делува на косата. Не ми е скроз виткана, повеќе брановита, ептен ми ги дефинира локните.
Налик морската вода, ако ставам повеќе, ги обликува и зацврстува ( го дава малку чуство како да е лак за коса, само што ги дефинира поубаво). Вториот ден после миење на косата го користам, малку ја мокрам и потоа ги виткам со пешкир (после прегледани 1000 рилс на темата).
Дали некоја од вас има чешел за виткана коса тој што од страната има како вдлабнатини? Одамна барав кај нас околу 1200 ден е, ама ме буни што на Тему е 200 ден некои и помалку. Зарем е можно да е истиот? Да не лупам пари за џабе, а ич од Тему не ми се прави порачки. Ме подбуцнаа дека не е сигурно, а капак на се не знам како човек да нарачам, нарачувам се и свашта, почнам со 200 ден завршам со 6000 Гледам прашувате за шишање, какви форми имате вие со виткана коса? Јас дома сама се шишам, степенеста. Дали има некоја форма со која локните повеќе се оформени ?
Bosco Shop Macedonia на фб Кинески производ бил, што значи истите од Тему, само што таму не се ни 200 ден. Ако се решам некогаш за нарачка од Тему ќе нарачам вака не ми се лупаат пари безвеза.