1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Виткана коса

Дискусија во 'Коса' започната од velesanka, 10 април 2010.

  1. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.655
    Допаѓања:
    13.243
    Пол:
    Женски
    Што користите за сува третирана коса?
    Маска користам, супер ми е ама сакам уште нешто за сјај поголем да има..
     
  2. Eunoia

    Eunoia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2023
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    459
    Пол:
    Женски
    subrina-recept-krema-za-oblikovanje-las-z-mat-zakljuckom-2.jpeg

    Препорака од мене за сите кои имаат виткана коса е оваа крема. Мене ми е откритие. Иако пишува дека се става на сува коса, јас ја ставам на влажна. Досега се покажа најдобра во дефинирање на локните, и тоа без употреба на дифузер!
    Никогаш не сум добила повеќе коментари дека ми е убава косата колку сега :$ :inlove: :sun:
     
    На Dreamer, Askopje, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.655
    Допаѓања:
    13.243
    Пол:
    Женски
    Од каде ја зема и цена?
    Сега гледам оваа крема нели е иста како претходната на Субрина со црвено капаче, само амбалажата и е сменета или друга е?
     
  4. Eunoia

    Eunoia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2023
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    459
    Пол:
    Женски

    Ја купив од ДМ, беше нешто повеќе од 300 денари.
    Не знам дали е иста со таа со црвено капаче, мислам дека се различни, како да ја забележав и таа во ДМ. Прв пат пробувам на Субрина, затоа не сум баш упатена дали се исти.
    Ако сличајно ја купиш да пишеш како ќе ти испадне и тебе косата.
     
    На anggell и eliesaab им се допаѓа ова.
  5. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.655
    Допаѓања:
    13.243
    Пол:
    Женски
    Доколку не е како црвената ќе ја земам. Баш кога ќе одам до ДМ ќе видам дали е истата. Јас другата со црвено капаче ја имам пробано и не ми одговараше, беше многу леплива. Оваа леплива е?
     
  6. Eunoia

    Eunoia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2023
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    459
    Пол:
    Женски
    Не е леплива, вака кога ќе се стави на косата дава природен изглед и цврстина на влакното. Има погуста текстура.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.655
    Допаѓања:
    13.243
    Пол:
    Женски
    Кој шампон ви одговара за виткана коса. Јас се што пробав ништо посебно. А посебно овој последниот од Белина, јас никогаш сум немала проблем со расчешлување, сега косата туткал. Првиот пат кога ставам воопшто не прави пена, дури од вториот пат почнува да пени, и треба повеќе да се става шампон. Тубичката од 200-250 мл за 10 дена :D
    Ај што не се исплаќа барем да имаше некој ефект а не коса како гнездо, буквално топка ми се прави на глава после едвај крајот и го наогам.
    Арно си се држам до Конопка, чат пат си правам експерименти.
     
  8. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    430
    Првото шампонирање цел живот од кога знам за себе не прави пена, дури второто кога веќе површински ќе ти се “исчисти” косата.
    За шампон користам Пантене Молекулар Репаир. Ми се покажа како добар. А инаку дефинитивно најдобар шампон ми е од една продавница маалска тука кај нас и се вика Ипек со масло од авокадо. Шампонот е 600мл и е 100-200 денари. Имам користено и на Color Wow, Wella, Olaplex. ArganOil ( од нив само маската вреди), BioSilk ( од нив само прскалката за после миење Миракле и оној серумот за чување боја вреди ), MorocanOil и уште што не. Тој најефтиниот дефинитивно најдобар. Само немам поим каде може да се најде на друго место. Истражете.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hortenzija

    Hortenzija Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2019
    Пораки:
    1.702
    Допаѓања:
    16.045
    Пол:
    Женски
    Споделете искуство за ротирачки четки завиткана коса од кој сте задоволни ?
     
  10. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.655
    Допаѓања:
    13.243
    Пол:
    Женски
    Предложете некоја крема за виткана коса, може останала некоја што не сум ја пробала :wasntme:
    Од никоја не сум задоволна, посебно не на Балеа.
     
  11. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    4.972
    Мојот не преболен сансилк ако најдеш да ти го донесат од негде. Во Бугарија го имаа и е смешна цена.

    Мене па балеата ми е од сите зла најмалото до сега, од тоа кај нас, ама ако не ја истинтрам пред да и ставам крема џабе е. И од 1000-2000 ден имам купувано производи од очај и воопшто не ми одговараат.
    Во последно време користам шампон и регенератор на syoss за виткана. Ми се смачи од тие „органските“ без ништо во нив, па метла да носам на глава. Или 100 евра за 2 производи, па да мерам со лажиче за да ми трае повеќе од месец. Вака на поевтиниве не штедам колку ставам.

    После шампонирање, со регенераторот од сијос што се измива ја чешлам надоле и надоле ја плакнам, ја завиткувам во крпа. Потоа ставам leave-in регенератор 5-6 пумпици од Natura siberica плавиот за виткана (или некој друг што не се измива), пак ја расчешлувам надоле, ама со поширок чешел/четка (си нарачав и ваков ќе видам што ќе испадне) и со раце нанесувам од оваа на балеа 9-10 пумпици и ја гужвам минута две (на нејзе вика и дека штити од висока темепратура па се тешам), се ова на мокра коса и сушам со дифузер на ниска температура. Вака ми држи два дена, третиот ден ако не ја фаќам, треба малку да се намокри и пак ставам од кремата.

    Мене ми е многу сува и масло да и истурам ќе го упие, не ми се мрси воопшто. Инаку фарбам само корен како природната моја боја, па фризерот ми викаше затоа што фарбам морам да користам и нешто за фарбана, затоа од време на време ставам маска за фарбана коса, ама многу ретко. А ако не ме мрзи знам неколку саати пред бањање или пред спиење па да ми стои цела вечер, да и ставам масло (чичково, бадемово, ореово, рицинусово, си ги купувам сите и ротирам) потоа мијам, само ова ако имаш мрсна коса не препорачувам. 2 пати ја имам осветлувано со прамени и тоа ми било најголема грешка, ништо не ми ја спасува после тоа, освен да порасне и да се ишиша. Сега не ја ни шишам пречесто 1-2 пати годишно за освежување, ама формата има врска.

    За рутинава ми требаа едно 4 години да си ја погодам. И зависи каков тип на виткана коса имаш, ако ти е повеќе брановидна може нема да ти одговараат моиве чекори. Така да не се откажувај ќе си најдеш решение. :) И од мое искуство поскапите и професионалните производи не ми се покажале подобри.
     
    Последна измена: 10 октомври 2025
    На MiloMalo и anggell им се допаѓа ова.
  12. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.655
    Допаѓања:
    13.243
    Пол:
    Женски
    Ооо добро се сеќавам на Сансилк, супер беше,моите средношколски денови :inlove:
    На Балеа се што имав фрлив, многу ми пага косата од нив. Ја пробав и оваа крема не ми одговара и веќе ништо од Балеа не земам. Дифузер често си користам освен лето. Нема што немам пробано, кокосово масло најчесто си ставам ама не сум редовна како порано. Сега си земав една крема на Гарниер ќе пробам па ќе кажам искуство.
    Ти благодарам многу :f:
     
  13. scorpias

    scorpias Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2014
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    4.425
    Пол:
    Женски
    Ова е мојата долгогодишна рутина што ми се покажала најдобро, локните ми се супер и ми траат.

    Screenshot_20251016_113514_Samsung Internet.jpg Screenshot_20251016_113710_Samsung Internet.jpg Screenshot_20251016_113655_Samsung Internet.jpg Screenshot_20251016_113548_Samsung Internet.jpg
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.832
    Допаѓања:
    6.230
    Пол:
    Женски
    Последниве два продукти како ги комбинираш и дали на сува или влажна коса ги редиш?
     
  15. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    4.972
    Последното се измива, ама јас долго време го корисев без измивање (мислам дека едно време им стоеше на упатството дека може и да не се измива, а потоа го сменија), инаку на влажна коса, го сменив затоа што текстурата не ми одговараше. Првото и второто се шампон и маска тие се мијат. Пена не користам, ниедна не ми одговара на косата, но кога сум пробувала сум ја ставала на мокра. На сува коса што и да ставам премногу ми залепува и скоро ниеден препарат кој не се измива не сум го ставила на сува коса. Дури и кога сакам крема да ставам после некој ден прво ја навлажнувам малку па ставам крема.
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. scorpias

    scorpias Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2014
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    4.425
    Пол:
    Женски
    На мокра коса ставам прво од пената и стискам убаво. После тоа ставам од кремата, и така ми е супер комбинација. Инаку, да, кремата може и со плакнење, ама јас никогаш не сум ја пробала така. Инаку, не е сменето во упатството уште си ги пишува двата начина.
    20251016_225258.jpg
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.