Тие што имате виткана коса а и мора да се фарбате (јер бели влакна), дали приметувате разлика дека ви е косата посува? Имам чувство дека фарбата ми ја суши некако скроз, ќе излезам од бањање како метла виткана ми е некогаш. Ако имате нешто ефикасно да ми споделите што ставате да не ви биде како метла ви би била најблагодарна!
Ова погоре над тебе кремата од Гарниер што ја споделив, за сува коса е супер, не е за виткана само. Јас прво од неа ставам на мокра па после некоја крема за виткана коса. За виткана коса сеуште не најдов идеална крема.
Мене ми е и виткана и сува, се чувствувам како фарбава само да ми ја доуништува. Баш ќе ја ѕирнам кремава ама ми треба ем за сува ем за виткана коса решение
Последно земав крема и jelly за виткана коса на Лакроа, врска си нема џабе 1400 ден дадов. Дома имам рафт само за виткана коса ништо не ми се допага, одвреме-навреме фрлам по нешто да не се нервирам колку пари сум дала на работи кои по еднаш, два пати сум ги користила.
Јас ја од кога почнав да ја мијам косата надоле ми е преубава . - Прво шампонирам два пати - Нанесувам маска ( оваа или од макадамиа се одлични ) , иако често менувам маски стои 5 мин да делува - потоа мијам со вода и нежно со прстите чешлам убаво и веднаш ја гужвам да се формира ( само внимавајте и кај делот ушите секаде да е убаво исчешлена или може евентуално чешел со широки забци ) Потоа на раката ставам многу малку маска од Гарниер наместо крема и формирам локните уште во купатилото и најбитно од се цедам со стара широка памучна маица и ја гужвам со маицата и на крај оставам наместо крпа 5 минути да се исцади во маицата - потоа ставам малку пена една помпица на шака и насекаде распоредам по малку и ја оставам минимум 3 часа без фен природно И на крај со обичен фен на најслабо дуење чисто малку ја подзасушам за волумен Совршена ми испаѓа