Девојки потребна ми е вашата помош. Косата ми е стрижена степенасто,должината ми е до средина на грб, е сега имам брановита коса но после миење на косата без никакви препарати освен шампон косата ми се намотува и тоа убави локни, затоа ми е потребно да ми препорачате добар дифузер и исто така гел или пена но со природен состав и исто така нешто за да ги држи после првиот ден без да ми се спласнат и за убава дефиниција
Здраво на сите, Дали некоја има искуство со Sener производи? Ме потепаа со реклами на инстаграм па сакав да прашам? Благодарам
Да ми препорачате убав фен со дифузер? Да не биде прескап, ама мојов е веќе некако стар и не го бива, ми ја електризира косата ептен.
Со креми за виткана коса постојано лутам со години, се што видам купам, имам еден рафт со неколку креми, спрејови,.. Пред некој ден исфрлив неколку ми останаа уште десетина. Најмногу ја користам Хоби кремата и на неа постојано се враќам што и да купам. Ми остана на мисла уште пената од Лореал да ја пробам да не ме копка и таман ако и таа не е ок да исфрлам се што имам наменето за виткана коса Друго што бев заборавила колку е добро за локните е кокосово органско масло. Пред миење ја мачкам цела коса и ми стои минимум еден час. Уште на првото миење се приметува разлика а со континуирано користење косата е супер. Пред еден месец пак почнав и дефинитивно има голема разлика. Кога бев девојка повеќе имав време а сега се ми е некако на брзина и гледам само да е чиста.
Preubav miris, ama deka neshto posebno gi oblikuva loknite, ne bash.. 480 den, sega e namalen 299 mislam.
Дали секој дифузер е исти или има разлика? Имам на Филипс и претходниот ми беше таков со фенот. Нешто дека е вау не е, мене ми изгледа како и секој ама дали некои подобро ги оформуваат локните? Да знам дали да барам друг, овој некогаш повеќе бушава ме прави отколку дефинирани локни.
Каде ги има, во Белина? Ах да, видов таму ги има. Кремата би ја пробала, кај мене шампон за виткана коса нема ефект.
Јас дојдов да го пофалам шампонов од кослов, ми ја прероди косава, толку виткана не ми била и пред да почнам корен да фарбам, ептен ептен ми е добра. https://coslovemetics.mk/product/ellizavecca-coating-hair-muscle-shampoo-500ml/ Сакам следен месец и другите продукти да ги испробам, па ќе пишам како ќе се покажат.
@emkaemka Те имам читано по темите, мислам имаш виткана коса, имаш ли предлог за некоја крема квалитетна за виткана коса, која ги дефинира и да не ја суши или мрси косата? Не ми текнува нешто може не сум пробала, ова што имам не сум задоволна.
Овие две креми ми се последно купени. Субрината малку ја стврднува и препорака мала количина да се нанесе, ок е, ќе се потроши, ама не верувам пак да ја купам, не сакам такви. Е другава ми е откритие, ептен е добра, само дефинира и дава сјај, не мрси, не сплескува. Друга опција пена од Балеа, послаба, 3ка мислам зимам, немам моментално дома и затоа не знам за сигурно. На влажна коса со рацете нежно ја гужвам и толку, не голема количина, ми се допаѓа како испаѓа. Исто и со лак за коса од Балеа да пробаш, послаб, 3ка мислам и тоа зимам, на засупена коса ставам, ама ова кога пред сум прскала нешто дури била мокра, еве сега Сенер редам. Обликува и не плеска, ама не држи ко прав лак.
Ти благодарам многу, и двете ги имам, посебно таа во кафеавата тубичка кај мене 0 ефект има. Најверојатно до мојата коса е
Не ти е веројатно ни до една крема. Нокти, кожа како се? Колаген ампули тогаш ставај, некој третман со колаген.