Ми треба совет за косата Не ми е скрос виткана ама е кадрава и негде ми се прават цели локни негде е ептен релакс како прекршена. имам пробано неколку шампони и регенератори за кадрава коса ама по два три дена ми се сплескува ич не ми држат продукти како гелови лосиони итн.. ама па ако ја оставам без ништо ми се витка ама како пајажина ми се право и сува дека имам тенко влакно.. дали некој го има истиот проблем и како би можела да дојдам до прифатливи локни што не се како расчупано сено ТТ
Јас имам сува коса, и предобро ми прија, мене ми ги врати локниве од 3 миења, не знам дали е до мојата коса или до шампонов ама супер ми прија. Имаат и други креми на истата линија ако сакаш да комбинираш.
Дали ти го предложија шампонот или сама го бираше, да знам да не лутам на страната, дали ќе предложат нешто според нив за мојот тип на коса.
На мајка ми ѝ го предложија, а јас и она имаме иста буквално тип на коса и затоа веројатно и мене ми одговара. Меѓутоа да, ако отидеш сигурно ќе ти предложат според типот на коса
Дали ги проба? Јас ја порачав маската, ја немаше мојата омилена од Натура С па за оваа се одлучив, се надевам добра ќе биде.
Сеуште не. Оваа им ја користам уште, ама не сум нешто многу задоволна. Исто ја фалат оваа на Гарниер и искрено не знам од толку производи што да одберам.
И јас сакам да ја пробам таа на Гарниер, како евтина варијанта. Дали ја има користено некоја до сега?
Дали косата пред миење или после миење ја чешлате? Знам дека на мокра се кине ама некако изгледот не ми се допага ако не ја исчешлам мокра.
Мокра ја чешлам (со соодветна четка за расплеткување на мокро што си ја купив во Сефора и без неа никаде не патувам) откако ќе нанесам маска или регенератор. Виткана коса чешлана на суво, кратка хорор приказна. Ми текнува на деновите во основно училиште кога не знаев да ја стилизирам соодветно па ми беше огромен терет, па дури и срам
Здраво,имам доста проблематична коса која по природа е виткана но само кога користам кремови и пени за дефинирање на локните иначе без нив ми е многу збуфната... Сакам конечно да одморам од хемија затоа што прво не е добро а друго многу време ми одзема средувањето на косата и на крај пак не изгледа средена Размислувам и ми треба помош од некој кој веќе има искуство со ваква коса,дали може да ми препорачате електрична четка/чешел со која ќе ја пеглам косата (замена за пегла) и автоматски виткач за коса(само што прави локни) Има некој кој веќе користел и е стварно задоволен? Каде ја има да се купи?