Девојки, а што мислите каква форма за виткана коса е најдобра? ...многумина ми кажале дека ако имаш виткана коса препорачливо е да ја носиш право ишишана без степен, бидејќи со степен многу бушава се прави, а пак еднаш една фризерка ми има кажано дека за виткана коса најубаво било долга коса,степенаста (онака со врвчиња) Мојата коса е право ишишана и се мислам дали да и правам некаков степен..или вака да си ја оставам
Па, зависи од тоа колку ти е виткана и од тоа колку сакаш да ти биде виткана. Во секој случај мислам дека подобро ке ти стои ако и направиш степен, а и полесно ке ти се витка. Така да од мене имаш зелено светло Да надополнам, мене ми е природно виткана, но ја сакам права и цело време ја пеглам. Па , затоа ја израмнив и сега помалку ми се витка
да за виткана коса најдоборо степен особено ако е средна должина некаде до рамена, бидејќи поубаво и правилно се витка,ако е подолга и немора. многу професионалци препорачуваат а и на свои очи видов практикуваат степен за виткана коса.
Е па вака јас имам виткана коса и до пред една година ја стрижев на степени и многу ми се оштетуваше и како искубана ми беше, а и никако не можев да ја порастам, е сега ја израмнувам и да ви кажам нешто немам на фризер одено повеќе од една година (мајка ми дома ми ја стрижи по 1 сантим на 2 месеци и само долу на врвовите) и сега косава ми порасти и 10000 пати ми е поубава отколку кога одев по фризери, и сите ме ошутуваја
Најдов многу добра страна за луѓе со виткана коса http://www.naturallycurly.com Има добри совети за оштетена коса, за како да ги одржуваш локните според типот на косата итн
Браво за вас, јас имам искршена коса и никако не ја чешлам, до пред извесен период немав ни чешел а сега од скоро си купив четка од Авон, чисто заради тоа што беше 150 денари и да имам у секој случај. Инаку така си стои brand new
Јас си купив восок Стилл... го имав одамна ама беше во др кутија и ств ми ја правеше косата мн убава овој е истиот, исто мириса..ставив во средата на влажна коса и во четвртокот ми беше убава.. не мн виткана како порано зошто почнав често да ја пеглам но сепак не ми беше како што ми е кога ќе ја оставам само да ми се исуши... но веќе во петокот (вчера) ми беше некако мн сува и крута..
чудно ама витканата коса не трпи фен, еве купив и фен со дифузер ама не ја бидува, само ако ја пуштам да се суши природно, без чешлање и други стајлинг производи за виткана коса,само трпи шампон и регенератор и е преубава , нооо доколку не ја расчешлам се прават суканици и морам да ја сечам, а ако ја расчешлам пак не се витка правилно не можам никако да и ја фатам филозофијата.
Здраво девојки, и јас сум во клубот со виткана коса, досега имам користено различни пени за коса, го користев и сансилкот , но повеќе го нема а ми беше баш супер, сега користам schwarzkopf спреј кој е за сува и оштетена коса , но ми одговара и ми ги оформува кадриците.
Фен никако не користам кога планирам виткана да ја носам...ниту пак ја чешлам.. Ја сушам со фен само кога планирам да ја пеглам или да ја соберам инаку сушење со фен и пуштена коса НИКАКО. Мојава коса и само да ја исчешлам и оставам да се исуши нема шанси пуштена да ја носам.. а и пак собрана ќе ми излезат тие бебешките, на ништо не личи..таква ми е бушавааа прекршена, не ми сметаат прекршени коси баш ми се убави ама мојата е ептен густа и буфнатаааа...
да за сансликот сите истото го зборат, дури повеќе го преферираат отколку кремата на Тиги и гелот на Ревлон за виткана коса, и јас го обожавав, ама ниакде на Балканот го нема, а имаат сајт и се продаваат прозиводите мислам ама не тука, во Австралија и Америка најверојатно, а можеби и таму не.