Прво најбитно е на степен да се шишаш па после мора рутина да си воведеш... еве пример јас ја сушам обавезно со дифузер па на скоро исушена ставам крем за локни и на крај малку гел и дава добар ефект. Иначе без ништо да ставаш не стојат локните.
Пробај со кокосово масло од тегла како маска. Јас лично гледам тоа да е преку викенд, да преспијам навечер. Ептен убаво ми ја прави косата, имам сјај и солидно оформени локни (ја оставам природно да ми се суши, така ми излегуваат поубаво). Сепак не претерувам со него, во месец и пол дали двапати ставам. @DarkStormm
Имам малку степен. Не сакам многу. Сепак уживам во долга коса. Значи до половина ми е, се шишам на 3-6 месеци, зависи колку ќе порасне. Не сакам да ми биде пократка од нешто што јас сум си замислила дека е кратко. Степенот се разликува од другата должина едно 5-6 цм, не повеќе. Напред само предните прамени од страна се шишани со поголем степен како скалесто. Мислам дека знам за што ми зборуваш, butterfly cut претпоставувам. Тоа не би можела. Еднаш се имам шишано со малце повеќе степен од сега и ќе полудев, тоа си сака фенирање, делење прамен по прамен... А може да споделиш кој крем за локни и каков гел ? Јас по препорака на Златокоса правев сама гел од ленено семе, изгледаше ужасно светкаво и закоравено. Па ај купив од натура сиберика кремот за локни тоа синото пакување, убав беше ама не ми помагаше многу за дефинирањето. земав од ДМ traum locken цела линија, и кремот и гелот за локни, не ми даваат баш никаков ефект.. или не ги користам правилно, јас кремот пред сушење со дифузерот ставав, а гелот дали 2 пати го имам употребено, обично пред да биде целосно сува косата ставав.. @eliesaab јас кокосово масло ставам години наназад пред миење на косата, 3-4 часа го држам па мијам, меѓутоа толку ми е сува косата што веднаш го впива, и 10 саати да ми стои мислам ист ќе е ефектот.
Те разбирам мене овие ми се топ комбинација,а тие што кажуваш дека си ги пробала исто и мене не ми одговараа... Ова како лосион што е баш ги зацврстува локните и на крај една капка да размачкаш на рацете од овој гел и испаѓа супер барем кај мене... иначе мене ми е мека косата а виткана немам некоја густа и сува па овие продукти ми помагаат. Едит: сега видов дека си пишала и овој на Балеа дека си го пробала....
Да тој на балеа буквално не знам како да го користам. На моменти се мислам класична пена да купам и да пробам.
Мене обичната пена таа на Тафт розевата ја имам, косава ми ја правеше ужасно залепена и како сено, не препорачувам Истиот ефект и кај мајка ми и сестра ми и двете со виткани коси…
Пена ставав како помлада, косата крш, како сено, плус на секое миење ми пагаше пола коса. Читам многу ја фалат на Лореал пената за виткана коса ама за 150 мл не ми се дават 2000 ден. Најчесто ставам креми, идеалната не сум ја сеуште пронашла. Моментално ја користам на Геровитал досега ми е најдобра ама не и она што јас сакам да се постигне. Само трупам сваштарии за виткана коса, секој месец исфрлам по и јас не знам колку и пак се трупа.
Баш треба да е кратка за ова, до уста и се и длабок степен има... Не знам дали имаш храброст, ама можеш делот напред кај шишките и сама да го сецнеш, да најдеш туториали. Ама ако не ти е многу кратка не експериментирај, затоа што на долга коса и длабок степен со кратки шишки може да не изгледа убаво. Надоле со дифузерот ок, исто надоле исчешлај према напред, не знам дали добро објаснувам, за да се загуби патецот. Ќе исушиш, така ќе се направат федерчиња и нема да ти се познава патецот.
Дали има на Алверде крема за виткана коса? Го имам шампонот задоволна сум, сакам ако има и крема да ја пробам. На Балеа знам дека има ама мене ми се крш на Балеа кремите за виткана коса.
Немој. Диамара ги препорачува Алверде, но повеќето производи содржат исушувачки алкохоли (alcohol denate), сол и други состојки кои ја уништуваат косата. Пред да купиш ѕирни состав обавезно, алкохоли само масни ако има (cetearyl alcohol,stearyl alchol...) Исушувачките алкохоли го слабеат влакното и ја сушат косата, па брзо ќе стане кршлива. Ова го пишувам затоа што повеќето производи за коса од Алверде што ги имам гледано се со лош состав.
Го проверив за вас. @lovely91 @anggell овој шампон ви е со добар состав. Нема силикони Нема исушувачки алкохол Нема сол Нема јаки сулфати,природни содржи Да не ставам слика, го видов и регенераторот од истата линија. Содржи етанол високо во составот, па можеби треба да видите некој друг за понатаму. Edit: кремата за локни е дискутабилен производ. Не ми се допаѓа заради алкохолот што ќе ви ја суши косата, и исто така нема силикони. Силиконите се проблем во шампон, но во негата што оди на должина на коса се потребни заради полнење и заштита на влакното. Плус за задржување и заклучување на хидратацијата. Освен тоа ја штитат косата од топлина кога сушите со дифузер.
Почнав да го користам шампонов на Сајос, искрено ми се допаѓа како омекнува и локните сами си се формираат, не сушам со ништо, природно ми се суши Потоа ставам регенератор Лореал розов еден, па маска калос кавијар, и кога веќе е при крај на влажна коса нанесувам многу мала количина од овој гел на субрина Баш дава "мокар" изглед а и ми трае подолго виткана косата
Не сакам да сум досадна со моите трубења околу состави на производите. Но овој шампон содржи дури два типа на силикони, (Amodimethicone и Dimethicone). Тоа всушност го дава убавиот и нахранет изглед, но е лошо за скалпот, не го користи редовно. Со долготрајно користење може да ти направи првут и да ти стане мрсна косата.. исто така има јаки сулфати, па не е за редовна употреба. Користи го, но не континуирано, еднаш да речеме на 3 миења. Иако јас никогаш не би го ставила ова. Јас конкретно користам шампон со јаки сулфати за да ја измијам косата од силиконите и сите leave-in и други производи кои се таложат на влакното. Но јак шампон користам еднаш месечно, другите миења ми се со благ шампон, моментално фаворит ми е Natura Siberica Oblepikha. Од сулфати има природни како Sodium coco sulphate.
Знаеш шо приметив, кога ништо не ставав, значи буквално ништо, најобичен шампон и некоја таму маска од кило, косата ми се прероди. Скратив се шо имаше бланширано оздола, оставив природната да ми расте, се извитка сама од себе... Сега чат паѕ ставам од производите ама поретко, не и се замарам многу
Па повеќето производи кои ги користиме за коса се непотребни или ги користиме несоодветно. Конкретно регенераторите, маските, leave in производите, спрејови итн. се наменски, на нив пишува за кој тип коса се. Токму прекумерното користење прави наталожен слој околу влакното и ја отежнува косата. Ако се користат несоодветни производи се прави повеќе штета. Аа тоа што сите сакаме ревлон спрејот 10во1 да го имаме, или лореал маската е друга приказна. Исто така многу често она што го пишува како намена на производот, според состав воопшто не одговара на одреден тип коса. Некои луѓе имаат убава коса, генетика и минимална нега изгледа топ. Меѓутоа сува и оштетена коса бара многу нега за да изгледа убаво.