Апсолутно си во право, но еве има исклучоци, мајка ми на пример. Косата и е уште природна (нема фарба ставено во живот) додека ја сум обелена сета. Не става ништо, дури ни маска, ништо буквално не става а откако ќе ја измие и е премека, дури не ми се верува. И викам радувај се, луѓе грдни пари дават за фризери третмани свашта, ете она без грам труд има преубава коса, и брзо и расте
Па затоа. Добра генетика, плус нема оштетување. Фарбање,бланш, пеглање, се тоа ја оштетува косата. Види ги индијките, сите се со долги коси и здрави, затоа што никоја не се фарба. А не користат ни маски, ни третмани. Само миење и чешлање. За да не бидат седи, ставаат кна. Си има и тука наука, ама за друга тема е.
Грешка си за Индијките. Не ставаат фарба може ама си имаат тие за негување посебна рутина. За да им се онакви косите покрај генетиката ставаат масла многу и тоа правени од тревки не купечки. Имам во живот индијка затоа знам.
Можеби. Но производи за коса не купуваат комерцијални. Патем многу голем процент живеат во тешка сиромаштија и со минимални услови за живот.
Да прашам ако некој купувал дали знае таа новата колекција од Гарниер во зелените тубички што е, што има само шампон и маска/регенератор? Дали има и крема за обликување на локните или не? Случајно налетав на шампонот во продавница, само од него имаше па дали постои и крема за да барам? Мислам дека нема личност која повеќе од мене е опседната и сака да ги проба сите креми за виткана коса кои постојат Кога видам нова крема очите ми се вакви , а кога ја пробам најчесто (пцувајќи во себе кој ѓавол ме тераше да пробувам нови креми по не знам кој пат) Искрено не знам и јас што барам пред многу години ја имаше кремата на Субрина во златна тубичка, беше навистина предобра. Ама оттогаш купував милиони креми и никогаш не ми ги оформија така убаво локните, само приближно, средно задоволно.
Дали може да ми препорачате некои производи да си ја заштитам косава од плеткање на море? Нон стоп ми се прави пепел и после тоа ја корнам кога ја чешлам и ич не ми прија тоа, некое спрејче или нешто слично од коешто сте задоволни за да ја заштитам од заплеткување и да ми биде сува.
Млекото од кокос на Балеа го нанесувам после секое излегуавање од море и мека е косата, ама јас ја мокрам косата во море. Исто може да ставаш маслиново масло или кокосово масло .
Можеш да ми пратиш слика за да го барам? Во ДМ? Инаку да и јас ја мокрам и затоа после цел ден плажарење не можам да ја исчешлам. Едит: https://pazarluk.mk/en/products/balea-hidratantno-mleko-za-kosa-200-ml оваа е?
Кај нас колку многу производи сеуште нема за разлика од Србија а одма до нас е. На инста премногу реклами има за повеќе креми кај нас ништо.