Имам виткана коса и понекогаш навистина ме излудува неможам да слислам фризура и секогаш заврзувам со едноставна пунџа.Не сакам да ја пеглам и не сакам којзнае какви фризури но некои едноставни би ми помогнале
Фризури за виткана коса. И јас имам виткана и ми вади нерви понекогаш кога е немирна. Во зима често ја пеглам а во лето не. Ја врзувам во пунџа, бушава висока и убава. Или ја носам пуштена со кренати или пуштени шишки. Или убаво фатена во венче. А и врзувам и репче, и ја распуштам и косата што виси од репчето е преубава. Виткана виткана, порано ја мразев и во последно време сфаќам колку си ја сакам. Бушава, извиткана и преубава.
Бидејќи не сум од СКопје , дали низ другите градови каде нема рамстор на други места го има кремот Хоби ? Иначе имам ни права ни виткана коса - прекршена па дали ќе ми помогне кремов малку да ја навиткам косата ?
девојки имам виткана коса не онака афро ама пак виткана ми е , но од кога се изнијансирав станав плавуш :Д косата ми се исправи права а бушава и страшно ме нервира дај помогнете нз што да и ставам го користев и ова на Хоби ама од кога се изнијансирав ништо не помага. Си а сакам старата коса !!!!!!!!!!!!!!!
Оваа пенава мене само ми ја здрвува косата , троа волумен и става , и ми стои во место , мислев поголем ефект ќе има ... една имаше од орифлејм ама не ми текнува како се викаше , позадоволна бев од неа ..
najubava e na garnier i na panten za vitkana kosa , ama ne znam dali ja ima vo makedonija jas od grcija ja zemav a i na nivea no grcka nema vrska so taa vo makedonija ama najdobri peni za kosa i samponi ima vo avganistan pakistan tamu vujko mi od tamu mi nosese i tie se najnajnaj!!!! afro vitkana te pravat pucval . ama sega kosata mi e KATASTROFA od koga se farbam i penata uste tolku mi ja unistuva. ne stavam sega za sega nisto mislev da ja porasnam i bojata da mi popadne da ja odmoram od hemikalii i da mi se normalizira kosata.
Овој третман за коса од Avon е многу добар за да се навитка косата, го имам користено и супер е Се нанесува на мокра коса и што е најважно не ја оштетува косата туку ја прави мека и ги истакнува кадриците
И јас имам виткана коса, не премногу, онака локни, не ми е виткана од почетокот на главата, но доволно виткана, но некогаш многу се нервирам не ми се погоуваат после секое миење добро локните, некогаш многу ми се растурени и раштракани и ме нервираат, но користам од авон адванцес техник црвено, сега веќе го нема, ме зафркнаа, премногу добро ми ја праесе косата, сега сум во пострага по ново сретство за мојата косичка...
Купив масло од лаванда за коса и го нанесов на сува измиена коса, на која претходно имав нанесено и пена за коса ја употребувам розевата на Тафт за сјајна коса. Искрено сум презадоволна од ефектот, само треба нормално да се внимава на количината на нанесување да не се нанесе премногу од маслото па да се измрси косата. Сега тука е и мирисот јас искрено ја сакам лавандата, ама некој не ја поднесува. Локните беа убави и сјајни и прилично беше намален оној распрснувачки и разлетан ефект посебно кон врвовите изразен и беше доста намален оној сув изглед на косата кој е толку карактеристичен баш за витканите коси.
Прочитав се што сте пишале и сите различни совети даваат, сепак тоа е мислам како на кој му одговара, бидејќи виткани коси има разни типови. Сега да ви го кажам моето искуство бидејќи и јас имам виткана коса. Да ме прашаше некој пред две-три години ќе ви кажев да користити пена за коса, ама таа пена ми ја уништи косата. Згора на тоа и двапати се шатирав еднаш се офарбав и косата ми беше слама, никако не можев да ја ишчешлам, како суканици имав позади ужасно беше. Ама си најдов решение Откога ја ишишав (не ептен кратко) почнав да користам од Авон шампони и регенератори, ама не бев задоволна од нив, ми ја мрсеа косата и бидејќи ми беше пократка од сега, случајно братучетка ми ми кажа дека користи шампон од бреза, оној обичниот, евтиниот 80 ден е по маркетите. Луѓе верувате или не косата ми порасна ненормално брзо, локните сами се оформуваа и што е најважно влакното ми се зацврсти и тоа ептен. Ама се разбира и регенератор или маска во комбинација со шампонов. Е сега, во меѓувреме почнав да работам со Орифламе, и ај сега како застапник почнав да ги користам нивните шампони и регенератори и задоволна сум и од нив. Еден месец користам бреза, еден месец Орифламе. Може звучи смешно ама супер ми е и освен шампон и регенератор друго не ставам на коса. Се обидувам да не ја мијам често за да не ми се мрси често, и ако ми е малку мрсна ставам пудра бебешка и ми станува побујна косата. И уште нешто. Ја чешлам само кога имам регнератор на косата и после кога ке ја измијам кога ми е уште мокра ја поминувам уште еднаш со чешел и со пешкирот ја гужвам и кога ќе се исуши ми е најубава И никако фен!
и јас имам виткана коса, а нели познато е дека нашите коси се најподложни на расцветување и паѓање, ако некоја коса паѓа тоа е витканата, долго време го користев Фитовал, но тој ми беше добар додека беше во старата амбалажа, сега откако ја сменија со тек на време и шампонот како да изгуби на квалитет или мене можеби косата ми се презасити, случајно почнав да го користам оној од коприва од истата фирма, во зелена амбалажа, абе веруваш влакно не ми падна, ниедно, ем волумен имав ем локните ми испааѓаа преубаво, регенератор ставав еднаш во неделата и крема на Хоби за виткана, абе си ја засакав косата. тие шампони имаат најмалку хемикалии, затоа се добри.
Знам дека има и од коприва ама не сум го пробала ама верувам дека е добар а тоа дека витканите коси паѓаат точно е, еве треба сега малку да ја скратам врвовите ми расцветале. Ама тоа што паѓа кога ја чешлаш не е страшно ако е умерено, така косата се обновува, еве и до ден денес по некое влакно ми паѓа, ама тоа е зашто по цела недела не ја чешлам. А за таа крема од Хоби првпат слушам од вас феминките, ама не сакам друго да ставам на коса, супер ми е вака
јас имам виткана коса... многу е сува, а кога го користев и шампонот од коприва почна претерано да ми се суши па дури и не се виткаше туку беше само разлетана.... моментално користам рецепт шампон против опаѓање, бидејќи се плашам дека поради паѓањето косата ќе ми се изретчи, ама ќе го сменам...сакам да земам некој за сува и оштетена коса за да и го врати сјајот на косата...
Ако не ти одговара тој од коприва или од бреза можеш да пробаш со нивеа за сува и оштетена коса до некое време ја користев таа колекција и тоа доста долго време, ама косата ми се презасити со тоа и решив да сменам.
а дали тој помага исто и во регенерирањето на веќе испуканите врвови или ќе морам да ја скратам косата??
Па не би рекла јас и регенератор користам ама го зацврстува влакното мн и дава сјај. Ако веке имаш испукани врвови мислам дека е најубаво да се скратат. Сепак шишање си е шишање