Побарав тема со вакво име ,,Виткање на косата од вечер за утредента''. Најдов само како да ја извиткаш косата со витлери... Јас сум нова тука и се обидувам да следам се за косата.. Се мачам да барам во темата за Виткање на коса... Еве тука дадете ми идеа за убави крупни локни
Виткање на косата од вечер за утредента. Знам како можеш да добиеш брановите коса преку ноќ. Испробано, за Нова г. така правев 1. Исчешлај ја косата, стави гел на неа и наводени ја малку, а потоа сплети плетенка. Утредента само одплети ја 2. Исчешлај ја косата и само наводени ја и сплети ја во плетенка. Утредента отплети ја, и така стави и пена за коса, гел или восок за коса (гелот, пената и восокот се за да не ти лета и ти остане убаво оформена) И ако сакаш локни, можеш да го пробаш истото, само наместо плетенка, направи ја косата во локни со помош на крпчиња. Земаш мала ткаенина со правоаголна форма, парче коса, ја врзуваш за косата и полека ја моташ нагоре и врзуваш на крај
Јас си правам 4 внатрешни плетенки, на сеуште влажна коса, така спијам и утредента се будам со прекрасна фризура.
Со плетенката "рибина коска" на влажна коса многу убаво се витка косата. Спијам со неа и сабајлето ја одплетувам.
Имам пробано и со плетенка, но така добивам брановидна коса која не ми издржува ни пола ден. До сега најдобар резулат сум добила со витлерите како на сликава (вторите одозгора). Јас ги ставам на речиси сува коса, и на крај прскам со спреј за коса од Taft кој што не ја плетка и лесно се расчешлува. Локните кај мене издржуваат 3-4 дена, а после чешлање не се исправуваат.
И јас обожавам виткана косаа..*_* Имам пробано со витлерите мене не ми се витка мн убаво додека на сестра ми преееубава ии е со големи локни(можеш да ги најдеш во базаро).Јас ј на мокра коса правам рибина коска и сабајлето имам прекрасна фризура..Пробај
хах ви благодарам рибината коска прекрасно ми ја витка косата ~А што велите за големи локни-виткање со косата со чорапи(од тие поголемите и косата да ја поделиме на 4 дела....јас пробав одлично ми испадна Пробаје и вие
хах ви благодарам рибината коска прекрасно ми ја витка косата ~А што велите за големи локни-виткање со косата со чорапи(од тие поголемите и косата да ја поделиме на 4 дела....јас пробав одлично ми испадна Пробаје и вие
Сега јас ќе ви кажам кој е мојот трик за виткана коса и тоа за половина час не преку ноќ уствари зависи колку сакаш да ти е виткана де Значи навлажната коса ама ептен малку да не биде многу мокра и си ја делиш на праменчиња во зависност колкави сакате да ви бидат локмичките. Зимате алуминиумска фолија и претходно си правите стапченца од неа (откинато парче колку една педа и завиткано како стапче) со неа ја мотате косата(како со витлер) и прицврстувате со стегичка. Ако сакате побрз ефект за 15 минути сушете со фен ,а може и да си почекате 2-3 часа Излегуваат преубави локми кои не се растураат брзо Пробајте
Земете лента за коса (од овие како венчиња што се носат ) и земете мали прамени и полека ке ги мотете околу задниот дел на лентата.Само пред тоа ќе напрскате некој спреј за коса и цела вечер ќе спиете така. Гарант добивате убави локни, испробано
Еееј и оваа ми текна сега Доколку сакате екстремно виткани локмички и сите да ви бидат исти земете еден молив мало праменче од косата намотајте го намоливот и со пегла за коса држете 1минута ,не сте свесни колку убаво излегува и излегда ,пробајте и оваа ми е испробано
Јас ја имам виткано многу пати со крпчиња, но претходно треба косата да е мокра , потоа ја сушам со фен заедно со крпчињата и спијам со нив. Кога ќе ги одвиткам во косата сум како оние црнкињите ама искрено не ми се допаѓа јас сакам да има локни но не тооолку виткани.Можеби грешката е тоа што ги држам цела ноќ
Добри ви се идеите. Исто така може косата да ја собереш во пунџа (мокра), ама измешана цела коса, без чешлање и да се собере и со стегач да се застегне. Утре косата има прекрасни локни. Ама се зависи како ја мотата пунџата.
Јас обично ја виткам со крпчиња мокра коса ја делам на праменчиња и ја виткам ама вткам некаде до кај вратот нагоре не одам и така спијам со виткана коса, утредента се расплетувам и ставам малку лак на косата колку да не се растурат брзо.