И каква пунџа се прави? Јас имам пробано така ама пунџата долу ниско онака ја имам завиткано,ама немаше некој убав ефект. Ај ако може некое клипче на you tube да видам? Инаку да не бидам офтопик. Јас ја имам виткано косава со фолија и со крпчиња.Со фолија кога станав сабајлето бидејќи така спиев,бев како црнкиња во косава.А со крпчиња убава си ми беше онака. Инаку сега во последно време ја виктам со внатрешна-целосна плетенка.
Само што сакав да го напишам ова. Дефинитивно најмногу можете да ја извиткате со внатрешна плетенка. Јас прво ја мијам, чекам некој саат за да самата природно си се исуши, па и правам внатрешна плетенка, убаво сплетена и стегната, толку. И ја оставам цел ден. Некогаш спијам така, некогаш вечерта пред да си легнам ја отплетувам. зависи колку и' треба на косата за да ви се навитка, ако и' треба повеќе време оставете ја до другиот ден, ако не отплетете ја уште вечерта. Мене доволно ми е и еден саат да ја држам ама сепак ја оставам цел ден за да ми биде посигурно, и плус уште една придобивка е што не ми смета косата преку цел ден зашто ми е сплетена. Јас и онака си имам природно виткана коса ама ја правам вака зашто ми се допаѓа како ми ги прави идентични локните. Само откако ќе ја отплетете ставете и' нешто за да ви остане така, лак за коса, гел, восок, што било. Јас и' ставам само силиконски капки пред да ја сплетам, откако ќе ја отплетам не и' ставам ништо, не ми се исправува зашто јас како што реков и онака си имам виткана коса. Со ова имате сигурни локни, нема промашај, 100%, проверено е, а и не ја горите.
Тому затоа е темава.. да не ја горам косата токму едноставно да ја извитам преку ноќ... Ке се обидам со плетенка Благодарам
Еве идеја-со трака за коса. Спијам со траката и кога станувам ја вадам. Резултатот е прекрасен, барем кај мене. Како ќе ги намоташ прамените на траката такви и че ти бидат. Ако сакаш крупни локни тогаш поголеми т.е подебели прамени и средно-голема по големина лента за коса. Еве кај мене како испаѓа, инаку не ми е многу долга косата. Позз
Ај да си кажам и јас еден начин кој патем се добива ептен убава фризура Земав мали слаби праменчиња коса ги виткав со прстот и правев мали пунџички и ги врзав со ластичиња така цела коса ја направив, косата ми беше полуводена од 10 вечерта ја напрајв, така спиев и утредента кај 12 сатот ја испуштив и бев буквално како пудлица во косата Ја расчешлав и добив преубај локни, му испрскав лак и цел ден имав фризура. Пробајте П.с.. каква е таја траката за коса?
http://www.youtube.com/watch?v=oS5RPIErc6U Може ќе се испоплеткате со прстите ама на крај излагаат пресовршени (мене ми изглегоа далеку поубави од на типкава). http://www.youtube.com/watch?v=dIEpDL1kvcA Ова ќе го пробам по секоја цена пошто сум заљубена во крајниот резултат. http://www.youtube.com/watch?v=AURbiW5qBsk Ова го имам пробано и немојте да спиете со нив (освен ако не сакате да личите на пудличка)! За 3 саати се формираат супер локни.
хаахха епа јас несум од таму но обично ги има по продавниците за шноли ,четки некој ластичиња,венчиња или нешто слично
http://fashionel.mk/97943/sest-nacini-k ... idna-kosa/ Со лента како на сликата какви локни излегуваат тоа е чудо. Мене не ми се веруваше дека ќе имам локни што нема да се опуштат. Влажна коса се мота околу лентата од двете страни, ќе си преспиете и наутро кога ќе ја извадите лентата има да се изненадите од резултатот. Се надевам од сликата ќе ви биде јасно како би требало да се намота, бидејќи видео не најдов.
Ако не сакаш да ја гориш косата со фигаро или пегла и повторно да не ја добиеш идеалната кадрава коса следи дел од моево искуство: 1. Измиј ја косата. 2. Протриј ја со крпа, а потоа малку засуши ја со фенот но гледај поголемиот дел да остане мокар. 3. Сплети си плетенки на мократа коса.(ако плетеш поголеми плетенки ќе добиеш и поголеми локни) 4. Остави ја цела вечер, така спиј со неа. 5. Утрото разбуди се, расплети ги плетенките и радувај се на убавата фризура!