Јас ја имам неколкупати виткано косата со преса. Првите туторијали ги видов на дакота коти каналот на јутуб. Се обидов, испадна перфектно, ама мене косата ми е таква и со што да ја изнапрскам и изналепам, по 30тина минути ми се исправува и џабе ... Прво мислев пресата не ми чини, сега имам поуба и пак џабе ... одма ми се пушта, а мн сакам некогаш крајчињата така со преса да си ги извиткам
Ако сакаш за ефтини пари јас од Базаро за 150 ден го земав и топ ми тера фигарото. Иначе, не, не виткам коса со преса пошто кога и да пробам некако ја прекршувам лошо и само фигаро ме оправува е сеа за да не се приметува фигарото откако ке ја извиткам ја дувам надоле со фен и е топ
Дали некоја го има користено чудово? Гледам нов производ е или па сега пристигнат во Македонија. Сепак премногу скап производ.
Што мислите за фигарово..?? се мислам дали да го земам,амма имам и преса..па нее знам дали слични локни ќе вадат (поради дебелината на фигарото) http://grouper.mk/skopje/deal/advance-m ... vax-figaro
Иста ваква справа јас са видов на едно место ја продаваа за 4000 денари а овие за12000 мислам што е многу многу е оно и 4000 е многу а не пак 12 ,000
Го има на алиекспрес , интересно е убави локни прави. http://www.aliexpress.com/item/2013-NEW ... 92022.html
Женски, само да споделам со вас- сестра ми имаше виткана коса ама многу ретка и мека, па по што не и се бендисуваа локните нејзини- си ги виткаше со преса. Арно ама од често потсредвање на локните, косата и се доизретчи, да не речам и се изгори и искуба целата, и верувале или не и се исправи!!! Сега на ништо не личи и само фатена ја носи по што целата е искубана и ја скрати многу кратко од мака... Размислете!!!
И јас ја имав еднаш виткано со преса (иако ми е природно виткана) ете сакав на фризер да ја правам и ми испадна баш како што сакав на поситно виткана, се убаво наместена... Потоа ко гледам за половина час ми се исправила цела и си одев вечерта со сплескана фризура ама гадно се нанервирав што не ми се гледаше ништо пред очи,поарно си велев да си ја носев како што ми е природно виткана поубаво ми стои од колку сега со сплескана фризура и од тогаш не практикувам да ја виткам со преса.
каде можам да најдам пегла за брановидна коса ама од таа едрата јас купив една убава е и смао со е малку поститна а мојата коса е многу долга и не ми стои добро тие што имаат по кратка коса и добро стои и така ми стои дома џабе па некој ако сака можам да ја продадам само 1 се имам праено ако некој бара како мојата нека каже слободно а ве молам вие помогнете ми каде можам да најдам едра значи поголема од ова
Е ова не го научив и верувам дека нема никогаш.Бре немам фат со ракава ,џабе ке си ја горам. И онака имам виткана. Сепак не е на одмет да се знае.
Имам пробано неколку пати некогаш ми успева некогаш не ми успева .. ама и да ја извиткам само 15 минути ке ми стои и после ке ми е пак права како ич да не сум ја виткала .. чабе 3 кила спреј за коса клавам :\
Еднаш се обидов едно праменче да го навиткам,не ми се извитка,изгледа погрешив нешто. Инаку,многу убаво изгледаат локните,дефинитивно ќе пробувам пак,додека не успеам.
http://www.youtube.com/watch?v=U2-nBf2gvSY http://www.youtube.com/watch?v=HTfimLqNvqA реултат има, ама е мана е тоа што се пуштаат брзо локните.... Jас мислам дека најмногу резултатот зависи од самата косата.
па многу често си ја виткам косата со преса на почетокот некако тешко ми беше и не знаев како но навикнав некако па сега не ми е проблем имам виткано коси и на многу мои другарки баш ми е практично и брзо, пресата за се ми стана решение, па дури и многу полено и побрзо ми е средена косата ако ја извиткам отколку да ја права со пресата