Дами,госпоѓи,госпоѓици и сите што се чувствуваат така Ми треба видео за ваква фризура (со фигаро,преса,витлери)
Малце е настрана од темата но морам да прашам. Со што ги чистите плочките на пресата. Кога ја купивме продавачот ни кажа дека требало да се чистат, но мене дури сега ми текна.
Никогаш досега не ми успеало сама, очигледно имам премногу права коса, а и свиленкасто тенко влакно. На фризер само 2-3 пати ја имам виткано ама не ми има држено многу. Тоа додека ми беше природна, инаку кога бев плава ми направија ситни локни и бев баш како Мерлин Монро, ама се закачија што сакаш прави им си стоеја така, дека крута фарбана косата.
Многу било лесно, јас се мачев мачев и сега конечно ја направив. Додека да сфатам како да вртам со пеглата, помина година. Битно е сега знам. Локните се лабави, баш како што сакам. Многу убаво изгледа. Веќе не ја пеглам косата, ќе си ја виткам. Вакви ми излегоа на мене. Поубаво ми стојат на кратка коса, не многу долга.
На фризер ми ја виткаа со преса и не ми се допадна, плус пократко ми држат локните. Со фигаро си е сигурна работа. Јас секогаш обратно од сите.
Колку добро од претходно да ја имам секцирано, ќе падне. Значи неодамна мака намачив да ја извиткам за на крај во рок од петнаесеттина минути комплетно да ми попуштат локните, и да се растури цела фризура. Користам Rowenta пегла, која нема подвиткани рабови, но важи како квалитетна. Не можам да кажам дека сум незадоволна од пеглава бидејќи кога и правам на мајка - ми локни, и стојат подолго време, што значи можно е да зависи и од структурата на косата. Мојата можеби дека е долга па не сака..Не знам. Ма лакови, сјаеви врагови, ништо не ја држи во живот.
^Мојата кога е оштетена, не држи локни ништо живо. А инаку немам проблем. Да не е ист случајот и кај тебе?
Па искрено малку ми се испукани врвовите, но не ми се чини изгорена и до тој степен оштетена. Уште ми е свиленкаста, шо знам..
Јас си ја виткам со преса ама кај сестра ми дефинитивно не успева Многу убави локни ми излегуваат а корстам оваа NEO HS-1000 И задоволна сум!
Лесно е. И јас не знаев и така еден ден на свадба ќе одам, моли ја оваа другарка моли ја онаа а некако немаше термин за кај мојот фризер кај што сакав да одам не ми текнува, како и да е си реков мора да ја решиш оваа ситуаација си пуштив видеата на јутуб и си почнав е сеа два три прамена страдаа ама се научив инаку кога ја навиткам ми стои и оти ми е густа нели полека паѓаат затоа треба лакче бааги во салоните користат некој лак како течност различен од овој обичниот прскат виткаат и стојат подолго...
Јас се испотив додека се научив 100 видеа изгледав и никако да сватам .Еден ден нервозна , ја земав пеглата пуштив јутуб и се научив .Срам ме фаќа сега колку сум била глупава .
Да е жива и здрава Камила Коељо, само нејзиното видео ми помогна доволно за да научам успешно да маневрирам со пресата. Одлично испаднаа како за прв пат, ниту многу лабави, ниту пренавиткани. Прснав минимална количина лак за коса, а локните уште не ми паднале. Чудо некое. http://www.youtube.com/watch?v=tdy6OQcpklA
Кога требаше да се сликаме за на табло, отидов кај мојот фризер да ми ја прави косата.Му кажав да ми ја испегла и само напред да ми ја извитка со пегла, а тој целата ми ја извиткал.Плус тоа и земал поголеми прамени.Не се жалам дека ми беше лоша, ама не беше онаква каква што посакував.Пробав на мајка ми еднаш да ја виткам со пегла успеав само на еден прамен, а потоа појма немав.Ај можеби ќе се научам благодарение на видеата кои што сте ги постирале овде.
frose , не е многу тешко , и јас незнаев ама се научив, може смешно ќе ти звучи но прво пробај со исклучена пегла, колку да го извежбаш фатот, па после ќе ти биде полесно. И јас научив од видеото погоре, сега сум увежбана и сама си правам фризури