@MamaYette можеби косата ти е премногу мека... Пробај нареден пат кога ќе планираш да ја виткаш да не ставиш маска, регенератор и селиконски капки, само спреј за заштита од топлина ако имаш. И косата да не ти е свежо миена ( на пример од вечерта измиј ја, а наутро извиткај ја). Ако пробаш, пиши дали било успешно
@Avery пробав, пак исто. Не ми држи до крајот на вечерта, а не па до другиот ден. Можеби е до лакот? Иако мислам дека тафт се баш добри. Каков лак користите вие, препорака? Или спреј некаков?
Баш ми е жал што не ти успеало Супер е Тафт, и јас користам и ми држи до 4 дена. Си била на фризер да ти ја извиткаат? Ти држи тогаш? Ако не ти држат локните ни кога се на фризер направени веројатно ке мора да се откажеш од идејата да ја носиш косата виткана :/
Кога ќе подразмислам, бев еднаш на фризер за виткање пред неколку години, да. И ако добро се сеќавам ми издржа фризурата до другиот ден, со пегла. Значи ќе ја барам фризерката за лакот. Инаку не дека многу ја виткам, еднаш на 3-4 месеци, ама сакам да сум сигурна барем дека вечерта ќе ја истерам без да ми се исправи целосно. Фала женска.
@MamaYette јас ќе ти кажам како имам гледано дека прават на фризер иако мислам дека ваквата комбинација е штетна за косата ама па толку ако сакаш не е страшно еднаш на 4 месеци. Се сложувам дека косата не треба да биде свежо миена, ова го имам слушнато од фризерката. Прво на праменот што сакаш да го виткаш прскаш од лакот за коса и го виткаш како по обичај, па пак ставаш од лакот. Јас вака пробав да видам како излегува на еден прамен и излезе прекрасна локна, пробај и ти прво на 2-3 праменчиња да видиш дали ќе ти издржи за да не ја оштетуваш безпотреба.
@MamaYette мајка ми има многу мека и нежна коса и секогаш кога ќе и ја правам со преса првин и ставам пена за виткање на коса, на раце така стисни и размачкај убаво низ косата. Почекај 5-10мин да се стврдне и прави. Не е закоравена, не се ни познава дека има пена. Само и држи по 2-3дена, а додека да дојдам до тоа откритие и паѓаше за неколку часа. И јас користам Интеса лак за коса, како најјак ми е. И една фризерка исто ми кажуваше дека интеса многу држи. 120-30денари не е поскап.
Женски знаете како се прават локни нанадвор? На ваков начин мислев, туторијал никаде неможам да најдам...
сум пробала да ја виткам косава со преса 100 пати, и никад не ми успеала ни една локна. Испаѓа само малце брановито и толку. Така да си ја виткам со фигаро
Многу е убава виткана ама не ми стои долго време абе 1 кило спреј да ставиш од шо ми е многу долга ми се растура
Јас секогаш ја виткам со преса. Некогаш цела а некогаш само врвовите. Претходно не ставам ништо ама ја фенирам малку бидејќи од искуство сум приметила дека фенирана коса поубаво се витка. Еве слика од сношти како ми беше. Не сакам многу фризури или сарми на коса хехе
многу сакам виткана коса. многу убаво ми стои ама немам лак за коса треба да си купам. ама искрено и јас сакам локни виткани на надвор
пресата ми е од grundig. за виткањето... бидејќи не сакам да ми е одозгора виткана ја виткам од половина на косата па надолу и обаведно нанадвор. а до половина на праменот ја пеглам.
Ја виткам со преса, ама ми држи еден саат, најмногу 2. Веќе се откажав. Без разлика каков лак за коса користам, секогаш истото. Сега ќе си барам некој начин за виткање без топлина, да видам дали ќе успее да стои подолго.
Маки мачев дур се научив и бидна! Секогаш гледам што по лабави да ги направам, не сакам теткински локни. И многу убаво изгледа. Инаку девојки сум приметила, ако ти е брзо измиена пред да ја виткаш на пример сат, два не стои, одма се пушта, не лак, што сакаш ставај. Затоа кога сум за излегување, а сакам да имам виткана коса си се капам од сабајле.