Jas mojata kosa ja vitkam so presa ali mnogu retko mozebi vo mesec ednas bidejki voopsto ne koristam presa imam dosta dolga i prava kosa, no obicno od vidovi lokni gi obozavam BEACH WAVES samo sto mnogu tesko gi pogoduvam dali moze nekoj da mi pomogne da mi kaze kako da napravam idealni BEACH WAVES ? Vi blagodaram odnapred zenski
Итно е женски! Може некако да се направи косата како на сликата со преса? И дали знаете некое видео на јутјуб барем приближно вака, ама со преса?
Јас едвај се научив да виткам со пегла. Мој совет е на што е можно поголема температура, поефикасно е и земајте помали прамени коса. Иначе јас се научив од ова видео
За нова година закажав во еден фризерски салон, што може да се каже дека е еден од поскапите и демек најдобар во градот, косата ми ја направи т.е ја навитка со преса но сега еве веќе колку денови се поминат од нова година мојата коса мириса гадно на изгорено. Дали на некој му се има случено нешто слично и ако знаете кажете ми како се ослободам од овој мирис.
И откако ја изми со шампон и регенератор (маска) сеуште ти мириса косата на изгорено? Дај пиши ако сакаш кој салон е тоа
Да пробав со се маска и ставив потоа капки за регенерација на косата но мирисот е сеуште тука, особено се осекја на мокра коса, кога ќе се исуши косата мирисот не е толку интензивен навистина незнам што да правам освен да почекам некое време да заздрави. Имав здрава коса не ја горев а сега ми е заникаде инаку салонот е ЏетСет во кавадарци.
Направи домашна или купи некоја маска за коса за длабока регенерација и држија од половина час па нагоре, ставај и кокосово масло ( од тегличка) пред секое миење за малку да ја живнеш косата, а потоа скрати и ги врвовите. Мене многу ми помага ако измешам во еден сад маска/ регенератор за коса, малку кокосово масло и малку маслиново масло и го нанесам по должината на косата, но не на коренот. Ја собирам косата во мала пунџа, ставам кеса и покривам со пешкир. Ја држам така косата најдолго што можам, гледам и да преспијам, а потоа мијам со благ шампон.Се надевам дека за брзо ке ти се опорави косата.
Посети го Styling Studio Rosanno Feretii - Aleksandar Mindev и направи третман за длабинско чистење и ботокс,ќе ти се регенира и ќе се отстрани миризбата за брзо доколку го имаш уште проблемот. Има и страна на фејсбук можеш да си прашаш за цени,јас правев ботокс третман после нијансирање и ме фана околу 700 денари со фенирање и косата ми е перфектна.Истиот ботокс кај дадар во скопје го наплаќаат 2000 денари.
Косата ја виткам со сунѓерести витлери. Тоа е наједноставен начин за средена коса со убави кратки локни, а воедно и "најбезболен" за влакното. Се останато што работи на принцип на електрична енергија ја оштетува косата.
здраво феминки.. веке цел месец сум на пегла и фигаро за коса.. знам оти не треба нон стоп но многу ми се допаѓа кога сум средена во главата... но сега веке влакната почнаа да ми летат кога ја пеглам или кога ке ја расчешлам.. дали е од премногу третирање и со што да ги смирам разлетените влакна... хелпп??!!
Da mi peredlozite nekoe dobro figaro ilo nekoja presa,imam gusta i teska kosa koja ne trpi frizuri,vo smisla,mn.brzo mi se isprava kosata ,pa sakam da probam so nekoe pokvalitetno figaro ama neznam koi se dobri?i @poenta ,ako ne ti e poroblem da mi kazes koi vitleri gi koristis?blagodaeam.
Каква преса е најпогодна за виткање на косата со неа? Помали,поголеми плочки има некои преференци или? Во потрага сум по добра преса,што ќе можам да ја користам и за исправување и за виткање.
Ако земеш многу широка, ќе ти прави пошироки локни, а претенка нема да ти врши работа при пеглање - ќе треба да фаќаш помали прамени и со тоа ќе ти треба многу повеќе време за да се испеглаш. Земи некоја средна, со керамички плочки. Ровента и Грундиг имаат фини модели, јас имам и од двата модела - ми се погодија и двете преси, немам никакви замерки навистина.