Безразлика начинот за виткање, како успевате да ја задржите виткана косата? Имам такво влакно кое еден сат ми има максимум виткано седено. Дури ја виткам едната страна, другата ми се пушта. Ја имам прскано со чудо за коса од мајка ми, а кога бев еднаш на фризер што не ми стави на косата. Сем што имав проблем да ја чешлам, по сат време ми беше пак права. Ако решам да се исчешлам - ми иди како пеглана да ми е. А, смачено ми е само од едно па исто со косата, сакам бар еден ден да можам да ја извиткам, или да ја накршам некако, ама не знам како. Имам и преса, имам и фигаро. Ако имате некој поуспешен начин за виткање на коса, и начин како да се задржи виткана повеќе од еден час - би ви била многу благодарна!!
@theowndemon Единствена "финта" што ми ги држи кога сама ги правам е откако ќе навиткам прамен го фаќам со црните шноли и така цела коса, па пуштам и прскам со тафтот црн. Така не ми се пуштаат одма, иако после ги зачешлувам. А, имам густа, долга и тешка коса.
Сестра ми е иста. Има такво змиско влакно што нема шанси да и додржи нешто. Виткање со преса не доаѓа во обзир. Имам пробано неколку пати со крпчиња да ја извиткам, навечер преспива со нив и другиот ден ги вади и има 5-6 саати виткано-прекршена коса. Така да мој совет земи стара крпа/маица исечи ја на повеќе парчиња и почни со виткање. Од кога ќе ги извадиш прсни малце лак и ќе ти постојат неколку саати.
Мене ми помага овој спреј на Балеа. Не му е тоа првичната намена, али ми ја држи косата, без разлика дали ја пеглам или виткам. Прскам на полусува коса.
Ако е змиско влакно, можам да научам да го сакам. Ви благодарам @Antolinaa @Baby-bubu @Elence93 Немам густа, ни пак тешка коса, туку свиленкаста. Имам пробано и со крипчиња да ја виткам ама испадна толку ситно виткана што си ја исчешлав косата, и нормално беше како никогаш да ја немав ни виткано. Сакам локнички, особено за должина на коса до рамена што е, зошто ептен ја сакам таа должина ама ако не е со локни некако празно ми е. Мајка ми што спреј беше, гел, што ставав не знам, а ни тој што тогаш фризерката ми го стави, само знам дека двата не ми држеа. Ќе се обидам и ќе пробам да се обидувам дур успеам, зошто 20+ години само право, преку глава иди веќе. Не барам да ми стој цел ден, ама барем дур сум излезена да не ми се пушти. Фала ви многу за советите.
Не ја чешлај затоа ти се исправува. Исчешлај ја пред да и ставаш крпчиња и после само двој локни, не мора на ситно да ги фаќаш ќе испаднеш ко афро. Поголеми прамени фаќај и супер ќе ти испадне.
Епа зошто афро испаднав се исчешлав ахахха, ќе пробам и на поголеми прамења. Еве сега се стрижам па према должината ќе гледам како ќе пробвам за виткање.
Ако ти е за домашна употреба во Нептун има за не многу скапи пари ,јас си купив од интернет танко за некои 700 ден. и се покажа супер една година го користам. Ровента види
Тоа на Ровента убаво витка ама ако ти е бујна косата заборави. Поточно јас со се имам пробано и со пена за коса и џабе. Додека ја средам другата половина од косата, првата веќе се одвиткала. Ова дома само иницијативно. А во салон друга приказна.
Спојлер: офф топик И мене ми беше таква косата се додека не најдов шампон што ми одговара. Сега кога ја пеглам сама, ми стои права додека не ја измијам, исто и кога ја виткам држи форма. Преса за коса користам од Ремингтон, едно добри 4 години има веќе и тера како нова, а чудо шампонот е од Herbion.
Пеглите со кои се и витка косата дали се исто толку добри во пеглањето како и обичните? Се мислам дека имаат две функции па ми е страв да не не пегла добро?
Секоја пегла за пеглање коса може да послужи и за виткање Маркетинг е тоа 2во1. Мој совет - купи си поскапа, поквалитетна пегла. Со помалку горење добиваш подобри резултати.
Било какво, само да не е со претенок или конусен врв, штом сакаш крупни локни. Барај со рамна цевка, поширок дијаметар. Гледав некои од Ровента и Ремингтон во Нептун, ама ми беа прескапи за да ги земам, околу 2500 беа отприлика оние пошироките.