Се научив конечно.. инаку сеа си најдов едни витлери господ знае од кога се ама вршат работа. ова пеглава многу ми ја гори косата пошо ми треба барем пола саат да се исвиткам
Ааа обожавам виткана коса! ова мора да се проба. Имам тенка преса, за тоа не е проблем.. утре ќе пробам сигурно
Би ве замолила за да не ја виткам се имам мека тенка коса дали со андолирање би ја оштетила многу и дали локните што се прават се убави затоа што ми скисна од правење?
Мислам дека се оштетува многу од киселината што ја ставаат, а за локните убави се ама после треба да ја чекаш да ти порасне за да ти дојде пак права инаку неможе така мислам барем јас и кога ќе ти порасне во коренот надоле останува витканото горе права доаѓа и незнам баш како би изгледало. Поздрав
И јас си ја виткам косата со преса и ми испаѓа многу убво и ќе си прснам малку лак на крај и ми стои долго а за горење се гори ама коса, нокти и мажи не се жалаат
Мислам дека се оштетува многу од киселината што ја ставаат, а за локните убави се ама после треба да ја чекаш да ти порасне за да ти дојде пак права инаку неможе така мислам барем јас и кога ќе ти порасне во коренот надоле останува витканото горе права доаѓа и незнам баш како би изгледало. Фала многу за тоа што ми пиша инаку денес бев на фризер за да прашам и ми рекоа исто акко тебе дека подоцна коренот ке ми биде прав но сепак можело да се прави повторно андолација само ва коренот или пак сум можела да га фенирам или пеглам и сл.поздрав
Здраво на сите. Мене ме интерсира дали стеја пробале од Топ шоп ротационата четка за фенирање. Онаа Hot air roto styler. Задоволни сте? Сакам да ја купам, ама не знам дали веди, да не ми се расипе веднаш... Инаку, со неа изгледа како да е лесно средувањето.
лесно е и поубаво изгледа за разлика ако се виткаш со фигаро или витлери.и стои доста долго,баш е кул лелеав изглед се добива :up:
Баш сега пробав, од што немам што да правам. Имам многу тенка пегла, уште потенка од оваа на клипот и ми излегува многу виткано,онака баш локни како на кукла. Е сега не знам дали ако земам поголеми прамени ќе излезе лелеава, онака како прекршена А многу се гори стварно косата вака... Глеам еве на девојкава и чури цела коса Среќа мојава не толку, ама не сакам да ја оштетувам толку многу.
леле и мене исто ,никако да ми успее или пак ептен благо се навиткува само,не е до пеглата до мене ќе да е
Мене па поубаво ми е да ја виткам косата со фигаро,отколку со преса.За виткање неам проблем-ќе ја извиткам,после ќе ја зацврстам со лак и така.
И мене ова никако да ми успее Дали до пеглата е или... Можеби е малку подебела мојата пегла од оваа на клипот, па затоа не ми успева...
потрбна ви е тенка и јака пегла за да си успеете во намерата. Ајт да најдам жртва, ќе ви направам еден туторијал.
Девојки јас имам ексремно мала пегла. Значи плчките се уште помали, од стандардните мали пегли(како на видеото) Долги и тенки плочки, вака некако: Ако не ви успева не мора да значи дека е до пеглата, можеби не виткате како што треба. На видеово лесно изгледа, ама јас додека да го погодам сама се намачив. Треба и цврсто да стегнете и полека да влечете. Не брзо! Ако и после ова не ви успева.... не знам стварно
Ќе пробам некој ден...ме интересира како ќе ми испадне...ама тешко дека ќе успеам да ја извиткам така, но ќе пробам
Немора пресата да биде тесна и тенка, еве мојата на пример е отприлика 4-5 цм широка, а плочките воопшто не се тенки..пробав да ја виткам пред некое време и успева, само проблемот со големите пегли е што не одговараат за пократка коса иначе се праат убави локници
Јас мислам дека дебелината не пеглата нема врска, туку обликот на пеглата. Значи, треба секоја од двете страни да е во форма на полукруг за убаво да се обликува локната. Порано имав пегла со рамни страни и не можев да ја виткам. Сега оваа што ја користам е со полукружни страни и е тенка. Прави преубави локни.