Еве уште еден туторијал, за виктање на косата со преса : http://www.youtube.com/watch?v=WgUt31h_ ... re=related
со поквалитетни преси за коса успева ова.а многу убаво ми изгледа само незнам дали е исто виткањерто со преса и со фигаро,кое повеќе останува?
Иако имам и преса, јас си ја виткам со фигаро бидејки е побрзо.. а иначе и со преса може убава локна да се направи. сепак ако би виткала нечија друга коса, би можело со преса да пробам, но вака на мене, само фигаро
Мене ми останува подолго со преса виткана. Ама само два-три пати ја виткав со преса, и never more! Многу ја гори, барем јас таков впечаток добив. И додека да ја научам финтата, и да влезам во шемата, пола коса си ја испогорев. А за виткање, убаво ја витка. И треба поголеми парчиња коса, за поталасест изглед.
неможам да направам .. пробував, но залудно. се изнервирав, па земав прамен од косата и на моливче го наврткав праменот и со пресата го држав, па отпуштав и така цела коса.. и после како пудлица бев.
Лесно изгледа на видеово но пресата моја е колку 2 вакви преси.Ќе пробам некој ден да напраам.Иначе еднаш за на свадба си ја виткав вака (прво со фигаро ми ја виткаа ама ми се растури ): Земав едно дрвено ко стапче и на него извитав косата.Ставив лак и после исушив со фен.И супер ми ја поправи косата
Мајками редовно на фризер си ја правеше вакава, но си ја сече косата и сега и е прекратка..А таман јас се научив да и ја правам косата таква
Ехх јас успеав пред неколку дена или можеби недели ..Упорноста се исплаќа.И мене ми беше тешко,но сепак после мал милион проби успеав да ја извиткам совршено а притоа не ми се изгори Инаку и мојата е дебела преса но имам подолга коса па успеав. Сега не планирам пак бидејќи многу ми паѓа а со ова виткањето можам дополнително да ја оштетам
Девојки, мислам дека и претходно напишав на темава, имам прилично тенка пегла и гледајќи од од овие клипчињава ја усовршив техниката, ама виткана коса со обична пегла не бидува Комшивката моја деновиве си купи екстра пегла, специјална и за пеглање и за виткање ( фактички и горните делови што над грејачите се во улога на грејачи и на тој начин косата се витка од сите страни ) и одлични локни прави за брзо време, ама и цената нормално прилагодена, 80 евра и тоа на попуст . Така да се си има свој начин, мене значи само оваа пегла успеа да ми направи супер локни. Препорачувам специјални пегли за оваа фризура !
ејј нема веза пеглата, важно е да знаеш како се прави, имам оставено слика во модни критики каде што ми се гледа косата и ми е виткана со пегла што ја купив од Бугарија 600денари.
Не знам како ќе звучи ама фала богу мене не ми треба преса за извиткување Ги подржувам тие што сакаат да имаат виткана коса, знам дека е како некое непишано правило дека тие што имаат права сакаат виткана и обратно, кај мене не е така, релативно е , ама најважно е да ја одржуваш, не е на одмет мали промени, ама не чести.
Да знаев да виткам, имаше сликовито да ти објаснам па што сака нека биде амаа ако си решила толку да ја виткаш побарај на јутјуб некој туторијал белки ќе ти помогне
^^Вајлд и мене не ми успева никако, но како што напишав пред неколку постови, техниката ја совладав ама до пеглата е Значи мене лично никако не ми успева со обична пегла, а со специјална сум готова за неколку секунди. Тоа е.. Ќе мора да си купам и јас таква пегла ако сакам ваква "локнеста" фризура .
неможам повеке да си ја горам косата небива и небива а имам убава пегла танка само косата ми е многу права еј девојки а дали некоја се има виткано со витлери од оне приличо дебелите?? Какв се локните ? Јас сакам такви да си купам дали локните ќе се таласести???
^^ Јас си купив витлери, ама ене ги стојат во шкаф, џабе врлив пари, ко некоја теткица изгледав откако ќе ги изведев. Не знам, можеби јас не сум знаела како да ги наместам, ама мене ми е поубаво со пегла да ја виткам косата. Ја совладав техниката од видеото во првиот пост и ептен е лесно, башка убави локни испаѓаат.
Мојата природна коса е права,праз. Но копнеам по виткана коса.. Мајка ми порано ми ја виткаше со крпчиња,али не ми се свиѓа така,ме викаа пудлица Треба прво да имаш убава тенка преса, па после да ја совладаш техниката. По два-три обида ми успеа. Излегуваат преубави локни. И сите ми ја пофалија фризурата! Трудот се исплатеше..
тоа го правам секој ден,виткам виткам и виткам...тоа ми е работа супер фризура и за денско и за вецерно и нема големо остетуванје ако доволно ја негувас.