Косата ПРЕМНОГУ се гори со виткање на овој начин. Уште не знам да се виткам како што треба, ама кога ќе ми текне на белите точки што се појавуваат на косата со горењето, некако како повеќе да љубам витлери
ја виткам косата само за на свадба ... инаку обично ја пеглам..виткањето ми е некако покомплицирано и кога сум нервозна секогаш поубаво си ја извиткувам незнам зошто ...дека живчана изгледа :/незнам само дали повеќе се гори косата со виткање или со пеглање ?
Имам пробано неколку пати на овој начин на виткање на косата, ми успева, но многу се гори и се оштетува, затоа не е препорачливо, но по многу фризерски салони имам забележано дека така виткаат со преса. Не ја виткам често,но кога ја виткам си користам витлери нормално
Повеќе сакам кога ми е извиткана со ретро преса, всушност тоа не е виткање му доаѓа како пресирање ама на едри прамени како локни. Иако мислам дека права ми стои подобро, сепак добро е за промена.
Косата може да ја виткате со пегла за коса на следниов начин:Ќе земете еден молив и ќе намотате еден прамен од косата на него и одозгора ке претискате со пеглата или пак со партали )
СО витлерите мене лично не ми се допаѓа.Би ти дала совет да пробаш со партали.Ќе ја намоташ косата на едно долгнавесто парче партал и ќе моташ се до корените и горе ќе го врзеш.Навистина се добиваат перфектни кадрици.
Јас се виткам со витлери на вриење, не знам дали уште се произведуваат мене ми се наследство од мајка ми. Имено, витлерите се ставаат во вода, да зоврие водата и потоа се нанесуваат на сува (не мокра)коса, за 10-15 мин.ако убаво се фати врвчето добивам совршени локни.
^Имам и јас ама многу кратко стои тоа витканото. Минатиот пат кога се навиткав излезе многу убаво, ама дури стигнав до дискотеката ми се исправи И да, имам пробано и со парталчиња Инаку забегавме малку од темава, има друга за виткана коса
Само еднаш ја имам виткано косата на ваков начин и тоа за матурата уф косата ми беше никаква па дома со мајка ми ја преправавме и некако се среди
Бидејќи дома немам фигаро, ова е единствениот начин на кој што можам да ја извиткам косата без да биде разлетана, бушава и како на лав Хахах Прв пат кога пробав неможев никако да се снајдам. Прво ми беше тешко да ја држам пеглата и да ја вртам, па се испокубав. Па никако не ми испаѓаа "локните".... Но после неколку проби конечно си најдов и начин како да ја правам и сеа ми требаат максимум 15 мин да ја извиткам со преса Ама пак некогаш едната страна е совршено навиткана а другата е безвезе хахахахах А иначе одговор на горното прашање. Мислам дека нема потреба да ја пеглаш косата прво, доколку имаш права или благо таласеста коса!!!!
Јас локни правам со фигаро (со преса не сум пробала), а со пресата вакви бранови: http://www.youtube.com/watch?v=GYHHyy7d ... detailpage http://www.youtube.com/watch?v=olPR07r2 ... detailpage
^^ Јас кога разгледував на пазар, ми понудија такви витлери, ама не знам зошто јас земав обични, пошто беа за мајка ми и не знаев дали ќе се снајде со нив Ги има и на пазарче, колку се ефикасни - не знам, ги немам пробано. Мислам дека беа околу 250 денари.
Девојки, се надевам дека статијава ќе ви послужи Мене лично видеото премногу ми се допадна, па ме инспирираше да напишам статија http://xoxo-cosmetics.blogspot.com/2011/04/blog-post_11.html