1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вицови за Чак Норис

Дискусија во 'Насмевка' започната од Cvetetto, 8 јануари 2014.

  1. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Епа имаше една тема Вицови за плавуши,па затоа ми текана вицови за Чак Норис бидејќиво последно време ги има многу.Може и некои слики со вицеви за него да поставувате. :D

    Ако е дупла или не е интерсна во Канта. :(

    Почнувам прва јас:
    Што прави Чак Норис од Ајварот?
    -Пиперки :D .
    Кој ја знае последната бројка од математичката константа ПИ?
    -Чак Норис .
    Што прави Чак Норис во лабораторија?
    - Тепа Вируси.
    Чак Норис има видео од создавањето на првата камера. :D :D
    Епа ајде да видеме кои вицови вие ги знаете за Чак Норис :D
     
  2. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    1. Чак Норис сам се држел во раце на неговата крштевка.
    2. Чак Норис прави пиперки од ајвар.
    3. Чак Норис кога ке влезе во вода тој не се наводенува водата се чакнорисува.
    4. Чак Норис кога ке се изнервира ја фрла куќата низ прозор.
    5. Чак Норис ја родил мајка му.
    6. Чак Норис кога ке згази на банана бананата се лизга.
    7. Чак Норис може да ја испие водата од чешма на екс.
    8. Ако на Google погрешно спелувате Чак Норис – не ви пишува: „Дали мислевте Чак Норис?“ туку ви вели: „Бегајте додека можете!“.
    9. Чак Норис има победено на играта „Поврзи четири“ во три потега.
    10. Чак Норис може да го избрише Recycle Bin.
    11. Чак Норис може да затвори ротирачка врата со тресок.
    12. Кога Чак Норис ќе ти покаже среден прст, ти кажува уште колку секунди ти остануваат да живееш.
    13. Чак Норис може да направи снешко од дожд.
    14. Чак Норис може да ги победи Power Rangers.
    15. Чак Норис може да утепа човек со прдеш, иако носи гас маска.
    16. Чак Норис не јаде мед, џвака пчели!
    17. Чак Норис не оди на лов...ЧАК НОРИС ОДИ НА УБИВАЊЕ.
    18. Чак Норис може да убие два удари со една мува.
    19. Чак Норис го преживеал абортусот на неговата мајка и се родил.
    20. Ако Чак Норис доцни на времето му е најпаметно малку да успори.
    21. Чак Норис испил цел пакет апчиња за пролив и го фатило запек.
    22. Чак Норис има е-маил од Hotmail на Yahoo.
    23. Чак Норис не мора да го барате на Google, тој ќе ве најдe вас!
    24. Чак Норис ги истребил диносаурусите!
    25. Чак Норис еднаш бил на Марс. Од тогаш се знае дека таму нема знаци на живот!
    26. Зошто Чак Норис не може да добие срцев удар? - Зошто неговото срце не е глупаво за да го удри!
    27. Чак Норис ја користи IP адресата 0.0.0.0.
    28. Чак Норис знае кога Македонија ќе влезе во Европска унија.
    29. Чак Норис ја фати Брзата птица итрица и од неа направи супа.
    30. Чак Норис може да направи дисторзија на акустична гитара.
    31. Која е разликата помеѓу Чак Норис и Хари Потер? – На Чак не му треба метла за да лета.
    32. Чак Норис е единствен човек кој може да игра тенис без противник.
    33. Чак Норис нема сметка во банка, само ќе влезе и ќе каже колку му требаат.
    34. Чак Норис е спремен за тестот, но тестот не е спремен за Чак Норис.
    35. Чак Норис ја мие косата со солна киселина.
    36. Чак Норис може да се дели со нула.
    37. Чак Норис ја изгубил невиноста пред својот татко.
    38. Чак Норис не носи кондом затоа што не постои заштита од Чак Норис.
    39. Чак Норис го номинираше Големиот брат за исфрлање од куќата.
    40. Чак Норис може да го крене столот на кој седи.
    41. Чак Норис пали Југо од прва.
    42. Кога некој ќе рече: никој не е совршен - Чак Норис ова го смета за смртна навреда.
    43. Кога Чак Норис го оперисаа, докторите примаа анестезија.
    44. Чак Норис во Титаник го глумеше ледениот брег кој го урна.
    45. Чак Норис не слуша музика, музиката го слуша него.
    46. Чак Норис знае од каде почнува кругот.
    47. Чак Норис не го почитува законот, законот го почитува него.
    48. Секое дете сака да е супер херој, секој супер херој сака да е Чак Норис.
    49. Чак Норис знае кој е постар, кокошката или јајцето.
    50. Што прави Чак Норис на дрво? Гледа ‘‘Кога лисјата паѓаат‘‘ во живо.
    51. Зошто уште не е крај на свет? -Затоа што Чак Норис е сеуште жив.
    52. Чак Норис не прави склекови тој ја турка земјата.
    53. Чак Норис има профил на телетекс.
    54. Како настанале Жирафите? Чак Норис му удрил аперкат на Коњот.
    55. Зошто стои Чак Норис на кратерот од вулканот? -Чека да потече лава да запали цигара.
    56. Чак Норис може да изброи два пати до бесконечност и назад.
    57. Кој му е пинот на Чак Норис? -Кодот на Да Винчи.
    58. Зошто вселената се шири? -Сака да побегне од Чак Норис.
    59. Чак Норис се родил во куќата што ја изградил со сопствени раце.
    60. Кромидот плаче од Чак Норис.
    61. Чак Норис е мртов, ама на смртта и е страв да му каже.
    62. Како настанал зборот точак? -Кога Чак Норис победувал сите викале: Тоо Чак! ТО ЧАК! ТОЧАК!
    63. Чак Норис има стомачни на грбот.
    64. Чак Норис победил на Tour de France со Orbitrek.
    65. Како лови Чак Норис риби? -Оди до езерото и вика: ‘‘Ти, ти, ти, ти - во кофа!‘‘.
    66. Чак Норис пука со празен пиштол, нему не ми требаат куршуми.
    67. Кога Грахам Бел го создал телефонот видел 3 пропуштени повици од Чак Норис!
    68. Сите имаме глувчиња на компјутерот само Чак Норис има лав.
    69. Чак Норис еднаш дошол двапати.
    70. Чак Норис кога трча по вода - крева прашина.
    71. Само Чак Норис може да ја исправи Крива Паланка.
    72. Се бутале Чак Норис и Супермен на рака. Губитникот морал да носи гаќи преку панталоните до крајот на животот.
    73. Што прави Чак Норис кога ќе се изнервира? -Ја фрла куќата низ прозор.
    74. Чак Норис еднаш ги посетил Девствените Острови. Сега се само Острови.
    75. Ако имаш 10 денари и Чак Норис има 10 денари, Чак има повеќе пари од тебе.
    76. Кога Чак Норис касни на училиште, наставникот му се извинува што тој доцни.
    77. Чак Норис од 1 кило зелка зготвил 10 кила грав.
    78. Чак Норис може да прдне кога има пролив.
    79. Зошто Чак Норис не оди во црква? - Му го знае мобилниот на Господ.
    80. Чак Норис ја убил својата сенка.
    81. Што јадат комшиите на Чак Норис? -Ќутек.
    82. Чак Норис не спие со пиштол под перница, туку со перница под пиштол.
    83. Чак Норис положил за кола за 18 секунди.
    84. Чак Норис не закажува за пасош, тие го прашуваат него дали сака.
    85. Чак Норис може да биде труден 2 години.
    86. Што прави телевизорот во слободно време? -Го гледа Чак Норис.
    87. Koга Чак Норис зима такси, таксистот му плаќа.
    88. Ракот боледува од Чак Норис.
    89. Чак Норис фатил грип, ама му паднало жал и го пуштил.
    90. Чак Норис јаде кинеска храна со едно стапче.
    91. Зошто Господ се вика Господ? -Затоа што Чак Норис било зафатено.
    92. Чак Норис на флопи дискета изрежал ДВД филм од 4,5 GB.
    93. Чак Норис си ги сече ноктите на нозете со моторна пила.
    94. Зошто Чак Норис не глумел во "Titanic"? Зашто би ги спасил сите.
    95. Чак Норис може да сурфа на Интернет без компјутер.
    96. Еднаш неделно секоја жена е секс објект на Чак Норис. Затоа они крвават недела дена.
    97. Чак Норис не оди у кревет, креветот сам доаѓа.
    98. Земјата ротира околу Сонцето, а Сонцето ротира околу Чак Норис.
    99. Чак Норис е првиот кој што открил дека стоногалката има 100 нозе.
    100. Чак Норис ја знае последната бројка од математичката константа ПИ.
    101. Откога сфатил дека цунамито е штетно за луѓето, Чак Норис престанал да ги пере алиштата во океанот.
    102. Која е разликата помеѓу Сократ и Чак Норис? Сократ знае дека ништо не знае. Чак Норис знае дека се знае.
    103. Чак Норис не чека одреден број на автобус, он влага у било кој а автобусот сам го мења бројот и се прилагодува.
    104. Грдото пајче всушност било убаво, а тогаш, кога се учело да лета, му се посрало на Чак Норис врз глава.
    105. Чак Норис не мора да инсталира антивирус на компјутерот.
    106. Чак Норис може да цепи атом со голи раце.
    107. Ако Чак Норис така сака, Марија Шерифовиќ ќе биде Мис на светот и никој нема да смее да каже дека изборот е наместен.
    108. Чак Норис може да фрли атомска бомба, со една рака.
    109. Чак Норис не мора да мисли за да постои.
    110. Кога Чак Норис решава судоку, тогаш има место и за бројот 10.
    111. Чак Норис може да се извлече себеси од жив песок влечејќи се за коса.
    112. Чак Норис не може да сака он може само да не убива.
    113. Чак Норис добил возачка дозвола кога имал 18 - секунди.
    114. Чак Норис знае која чорапа на која нога иде.
    115. Чак Норис живее во проколната куќа и духовите раскажуваат приказни за него.
    116. Чак Норис и Мајкл Џордан играле покер. Чак изгубил и од тогаш настанал расизмот.
    117. Чак Норис ги мие забите со бодликава жица.
    118. Чак Норис ја знае тајната на Victoria's Secret.
    119. Чак Норис присуствувал на Тајната Вечера.
    120. Сармите сами се виткаат кога ќе го видат Чак Норис.
    121. Чак Норис може да кивне со отворени очи.
    122. Ако го гледаш Чак Норис, он те гледа тебе. Ако не го гледаш Чак Норис, можеби само неколку секунди те делат од смртта.
    123. Чак Норис може да се шверцува во такси.
    124. Филмот "Анаконда" е снимен во панталоните на Чак Норис.
    125. Зашто бебињата кога ќе се родат плачат? -Зашто сфатиле дека влегуваат во светот на Чак Норис.
    126. Луѓето го измислиле огледалото за да и Чак Норис дознае за страв.
    127. Чак Норис може да сипе 2 литра вода во шише од 1 литро.
    128. Чак Норис може од шеќерна репка може да направи сол.
    129. Чак Норис со заби режа цедиња.
    130. Чак Норис користи Доместос како капки за очи.
    131. Која е разликата помеѓу мачка и Чак Норис? -Мачката има само 9 животи.
    132. Солзите на Чак Норис можат да излечат рак, СИДА и останатите болести. Штета што тој никогаш не плаче.
    133. Зошто Чак Норис никогаш не гори од сонце? -Па кај си видел челик да гори?
    134. Чак Норис знае каде се Караџиќ и Младиќ.
    135. Чак Норис не носи часовник - он одлучува колку е саат.
    136. Чак Норис играл руски рулет со скроз напунет револвер и победил.
    137. Вилт Чембрлен тврди дека во својот живот спиел со 20 илјади жени. Ова Чак Норис го вика "бавен вторник".
    138. Пред некој ден кобра го каснала Чак Норис. После неколку дена болка, кобрата умрела.
    139. Не постојат лезбејки. Постојат само жени кои што не се запознале со Чак Норис.
    140. Децата можат да го испишат со мочка своето име во снег, Чак Норис го може истото на бетон.
    141. Чак Норис е најголем донатор на крв. Али тој никогаш не ја дава својата крв.
    142. Чак Норис двапати се изнервирал во животот. Историчарите тоа го викаат Прва светска војна и Втора светска војна.
    143. Чак Норис може да аплаудира со една рака.
    144. Има вкус на пилешко, личи на пилешко, и мириса на пилешко. Али ако Чак Норис рече дека тоа е говедско, тогаш е говедско.
    145. Чак Норис спие со запалено светло. Не затоа што се плаши од мрак туку зашто мракот се плаши од него.
    146. Сите деца носат маица со ликот на Супермен. Супермен носи маица со ликот на Чак Норис.
    147. Чак Норис добил милијарда на Милионер.
    148. Чак Норис download-ира 500 kb/s преку dial-up.
    149. Пукале во Чак Норис со пиштол. Пиштолот е во бекство а куршумот тешко повреден.
    150. Чак Норис може да даде гол низ нозе на ватерполо.
    151. Чак Норис не доаѓа во Македонија зошто слушнал дека Ѓоко Таневски ја има силата.
    152. Чак Норис може да одржи редовни избори пред време.
    153. Чак Норис може да направи лимонада од портокал.
    154. Хероинот се навлекол на Чак Норис.
    155. Чак Норис има iPhone со цело јаболко.
    156. Само Чак Норис може да ја намали температурата на водата под нулата и водата да не замрзне.
    157. Чак Норис мможе да пие вода од буре без дно.
    158. Кога се сонча Чак Норис? -Кога има полна месечина.
    159. Зошто во куќата на Чак Норис не влатуваат духови? -Па се лашат да умрат по втор пат.
    160. Луѓето ставаат слика од Чак Норис во подрумот за да нема глувци.
    161. Нема вицови за чак норис, се е жива вистина!
    162. Светлата во дискотеките трепкаат од страв да не дојде Чак Норис.
    163. Чак Норис му остава поклон на Дедо Мраз под елката.
    164. Чак Норис го родила тетка му. Сите се плашеле да ја е**т мајка му.
    165. Само Чак Норис може да ја напише буквата О наопаку.
    166. Што прави цела Македонија? -Јаде гомна за Чак Норис!
    167. Само Чак Норис може да пие ацетон.
    168. Koлку склекови може да направи Чак Норис? -Сите.
    169. Кога Чак Норис јаде кикирики точно знае кој е Кики а кој Рики.
    170. Само Чак Норис може да изгаси оган со бензин.
    171. Само Чак Норис може да се пушти на facebook преку банкомат.
    172. Што прават ајкулите кога ке го видат Чак Норис блиску? -Бегаат за да не ги фати.
    173. Само Чак Норис може да ја намали температурата на водата под нулата и водата да не замрзне.
    174. Како отвора Чак Норис тапа од пивско шише? -Со влакно од косата!
    175. Што прави Чак Норис во када полна со врела вода? -Си ги лади јајцата!
    176. Кога Чак Норис игра монопол, тоа се одразува на светската економија.
    177. Зошто светот се соочува со глобалното затоплување? -Чак Норис кренал температура!
    178. Само Чак Норис може да се снајде по скопските улици кога се реновираат.
    179. Само Чак Норис може да живее на Северниот пол.
    180. Чак Норис може да се каче на месечината со пaдобран.
    181. Чак Норис бил виден во Пакистан. После два дена Обама ја објавува смртта на Осама Бин Ладен!
    182. Само Чак Норис може да избрише табла со креда.
    183. Само Чак Норис знае кој му ја земал Тамара на Борис Новковиќ.
    184. Само Чак Норис може да запали оган со две коцки лед!
    185. Само Чак Норис кога води оро може да врти јамболија!
    186. Чак Норис прави дрифтови со воз.
    187. Само Чак Норис го има видено лицето на бабата од Том и Џери.
    188. Чак Норис има мачка Шарпланинец.
    189. Чак Норис прави таратур од домати.
    190. Само Чак Норис може да ја сврти коцката на тетрис.
    191. Само Чак Норис може да го фрли ножот на Counter Strike.
    192. Само Чак Норис може ништо да не може.
    193. Чак Норис може да одмати јајце.
    194. Зошто Чак Норис никогаш не преминува улица? -Тој е секогаш на вистинската страна.
    195. Чак не бара, тој зема.
    196. Само Чак Норис може да скрши рака на змија.
    197. Сите имаат ‘‘глувче‘‘ на компјутерот, само Чак Норис има ‘‘лав‘‘.
    198. Чак Норис е алергичен на страв.
    199. Сите патиша водат кон Чак Норис.
    200. Само Чак Норис може да ги прочита сите овие вицови горе од еднаш.
     
    На Natali.3 и Lella им се допаѓа ова.
  3. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Чак Норис никогаш не се повлекува, тој само напаѓа во спротивната насока.

    Бебињата кога ќе се родат плачат зошто знаат дека доаѓаат на свет на кој живее Чак Норис!
     
  4. tweety-tweety

    tweety-tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Пукале во Чак Норис со пиштол. Пиштолот е во бекство а куршумот тешко повреден... :rofl: :rofl: :rofl: :D
     
  5. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Чак Норис умре пред 10 години, но смртта нема храброст да му каже!

    Чак Норис никогаЧак Норис умре пред 10 години, но смртта нема храброст да му каже!