1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вицови за плавуши

Дискусија во 'Насмевка' започната од Responsible, 22 јули 2011.

  1. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    Вицови

    Се теснеле две плавуши на еден кревет и се бунеле дека нема место. По некое време едната паднала а другата и рекла:
    – Дојди сега има повеќе место.
     
  2. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    Плавуша по третпат го вика кенлерот:
    - Ве молам уште една коцка шеќер.
    - Но веќе ставивте 10 во кафето!
    - Знам, но сите ми потонаа :P
     
    На srcesrce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Плавуша оди на интервју за работа во полиција. Шефот на полицијата:
    - Ќе ви поставам неколку прашања. Колку е два по два?
    - Аааа… четири.
    - Во ред. Квадратен корен од 100?
    - 10?
    - Добро. Кој го убил Гоце Делчев?
    Плавушата молчи. После некое време рекла:
    - Не знам…
    - Добро, размисли и дојди утре.
    Пријателката и се јавува на плавушата:
    - Те вработија ли?
    - Не само што ме вработија, – се фали плавушата – веќе ми дадоа и истрага за убиство да водам :D
     
  4. Lady17

    Lady17 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Диета

    Две плавуши се сретнуваат на улица:
    - Леле, колку си ослабела! Нова диета?
    - Да, моркови, компири, цвекло.
    - Ги вариш или ги печеш?
    - Ги копам! :D
     
  5. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    1.214
    Пол:
    Женски
    Како плавуша прави чај од мајчина душица?
    Го полева детето со врела вода. :lol:
     
  6. skorpija123

    skorpija123 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.624
    Плавуша гледа на некоја бандера дека пишува изнајмувам соби.И тропа на бандерата.
    Случајно се појавил некој полицаец и и рекол:
    Зошто тропаш по бандерата ???
    А таа му вели:
    Па гледам пишува:Има соби за изнајмување а нема никој !
    Полицаецот:Навистина ! Гледам свети а нема никој
     
    На srcesrce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    Македонец оди на одмор на море. Заведува плавуша и ја носи во хотелот. Започнуваат со предигра, потоа поминуваат на главниот дел и после 2 часа Македонецот прашува:
    - You finish?
    - No – одговара плавушата.
    Македонецот продолжува, за да ја задоволи. После 3 часа пак ја прашува:
    - You finish? - No – пак одговара плавушата.
    Македонецот несакајќи да се засрами, со последните сили продолжува. После 4 часа, целиот преморен преашува:
    - You… you finish?
    - No. Im Swedish.
     
  8. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Две плавуши си разговараат и едната и кажува колку и бил неподнослив и насилен мажот.
    - Зошто не му дадеш развод?
    - Се обидов да си заминам 10 пати ама не успеав.
    - Тој ти забрани?
    - Не. Не можев да ја ставам глупата кола во рикверц за да ја извадам од гаража.

    Извор: http://www.vicoteka.mk/vicovi/plavushi/ ... z1yxyXhJrq

    хаха...:'D
     
  9. srcesrce

    srcesrce Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Женски
    Плавуша наоѓа под елката едно мало кутивче. Го отвора и внатре гледа прстен и ливче на кое пишува:
    „Ќе се омажиш ли за мене?“
    - Душо - извикува таа, - станувај брзо! Дедо Мраз сака да се ожени за мене!

    ______________________________________________________________________________________________

    Плавуша влегува во продавница за електрични апарати. Го прашува продавачот:
    - Може ли да го купам овој телевизор?
    Продавачот одговара:
    - Не, не служиме плавуши!
    Плавушата си оди дома и се фарба црна. Следниот ден повторно оди во продавницата:
    - Може ли да го купам овој телевизор?
    Продавачот одговара:
    - Не, не служиме плавуши!
    Плавушата си оди дома и се фарба црвена. Следниот ден повторно оди во продавницата:
    - Може ли да го купам овој телевизор?
    Продавачот одговара:
    - Не, не служиме плавуши!
    - Добро, човеку... Како познаваш дека сум плавуша?
    - Тоа не е телевизор, туку микробранова печка!
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Плавуша пазарува во земјоделска аптека.
    - ве молам дајте ми семе за птици!
    продавачот:
    - а колку птици имате?
    плавуша:
    - ниедна, али сакам да засадам неколку :rofl:
     
  11. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    Плавуша оди на интервју за работа во полиција. Шефот на полицијата:
    - Ќе ви поставам неколку прашања. Колку е два по два?
    - Аааа… четири.
    - Во ред. Квадратен корен од 100?
    - 10?
    - Добро. Кој го убил Гоце Делчев?
    Плавушата молчи. После некое време рекла:
    - Не знам…
    - Добро, размисли и дојди утре.
    Пријателката и се јавува на плавушата:
    - Те вработија ли?
    - Не само што ме вработија, – се фали плавушата – веќе ми дадоа и истрага за убиство да водам.
     
    На krEM4Eto му/ѝ се допаѓа ова.
  12. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Плавуша, жена на Трпе, ептен имала мерак да готви. Секој ден испробувала по еден нов рецепт и го готвела со голем мерак. А, еве како изгледа нејзиниот дневник:

    Понеделник: Еве заврши и медениот месец и се сместивме во нашиот нов дом. Многу е забавно кога готвам за Трпе. Денес направив преубав колач по овој рецепт: „Изматете 12 јајца одвоено“. Но, немав доволно садови (12?!) па морав да позајмам неколку од комшиите. Колачот излезе супер.

    Вторник: Сакавме овошна салата за вечера. Во рецептот пишуваше: „Послужете ја без ништо“. Тоа и направив. Се соблеков гола. Но, Трпе донесе некои пријатели на вечера. Никогаш не сум видела така зачудени лица додека послужувам салата.

    Среда: Се одлучив да правам грашок по рецепт кој вели вака: „Потребно е добро миење пред да се стави грашокот во водата“. Така, ја загреав водата, се избањав, па дури после го ставив грашокот да се готви. Не ми е јасно зошто, и вака и така немаше ништо подобар вкус.

    Четврток: Денес Трпе бараше салата. Пробав нов рецепт. Вели: „Исецкајте ги сите состојки и потоа истурете ги по листовите од зелената салата еден час пред да ја послужите.“ Морав да истрчам скроз до градината на мајка ми. Ги истурив состојките по листовите од зелената салата и чекав цел саат за да случајно кучето не ги изеде. Трпе помина да ме праша дали се чувствувам добро. Се прашувам зошто?

    Петок: Денес најдов едноставен рецепт за колачиња: „Ставете ги сите состојки во сад и добро измешајте – и тоа е тоа.“ Откако го направив ова отидов кај мајка ми. Веројатно нешто не е во ред со рецептот или садот, затоа што кога се вратив дома, смесата во садот изгледаше исто како кога ја оставив.

    Сабота: Трпе беше денес на пазар и донесе кокос. Ме замоли да го спремам за недела. Не бев сигурна како се облекуваат кокосите во недела, но најдов едно слатко фустанче и мали чевличиња. Изгледаше преслатко, но кога Трпе го виде, излезе од кујната броејќи до 50?!

    Недела: Денес дојдоа родителите на Трпе на вечера. Сакав да направам печење, ама во замрзнувачот имавме само хамбургер. Така, го ставив во рерна и подесив на командата печење. Мора нешто на не е во ред со рерната, затоа што на крајот од печењето повторно излезе хамбурер?!

    Добра ноќ драги дневнику. Ова беше возбудлива недела. Одвај го чекам утрешниот ден да испробам некој нов рецепт за Трпе.
     
  13. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
  14. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    207
    Зошто плавуша ги мачка градите со маргарин?
    - Зошто на него пишува „да растеме“ :D
     
  15. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    Како чука срцето на една плавуша?
    - Тупа-глупа, тупа-глупа, тупа-глупа...

    Што вика плавуша кога ќе види паун??
    - Леле ама расцветала кокошкава!

    Која е разликата помеѓу плавуша и лифт?
    - Плавушата и без струја оди горе-доле.
     
  16. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Паметна плавуша

    Се возеле двајца дечки во автобус, па и викаат на една згодна плавуша:
    - Мала, ај покажи ни го папокот, ќе ти дадеме 50 евра.
    - Дајте ми вие 100 евра ќе ви покажам и кај ми е оперирано слепото црево.
    - Еве ти ги парите, ајде сега соблекувај се!
    Автобусот застанал на автобуската станица кај болницата, а таа им вели:
    - Ја гледате зградана десно…
    - Ја гледаме.
    - Епа таму ме оперираа од слепо црево…

    Ги зафркна плавушава :D :D
     
  17. srcesrce

    srcesrce Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Женски
    Одат две плавуши во театар и прашуваат на каса:
    Извинете имате карти?
    Касиерката прашува: За Хамлет?
    Плавушите: Не, не за нас...
     
  18. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    1. Плавуша полагала за возачка дозвола. Следниот ден ја сретнал комшијата и ја прашува:
    - И, како е? Положи ли?
    - Не знам членот од комисијата е сеуште во болница.

    2. Две плавуши возат камион и стигнуваат до некој мост. Едната и вели на другата:
    - Аиии мостот е висок 3 метри, а камионоѕ 3 и пол метри...
    - Гледаш ли некаде полиција?
    - Не.
    - Епа вози!

    3. Оди плавуша во Грција на одмор. И приоѓа некој тип, и пружа рака да се запознае со неа:
    - Христос Пападопулус
    - Навистина Пападопулус...
     
  19. skorpija123

    skorpija123 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.624
    ЗОШТО ПЛАВУШАТА ВО АНГЛИЈА НОСИ ПАМПЕРС??????

    ЗА ДА ЈА ВИКААТ БЕЈБИ
     
  20. 1-Lady-in-red

    1-Lady-in-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    44
    хаха си имам една другарка плавуша и кога почнеме вицови за плавуши таа ќе рече:
    јас сум плавуша али не глупа како ваште вицови :D :D :D срце е де...
    и знаете ли кога кажувате на плавуша виц што одговара после првата секунда?
    НЕ ТЕ СВАЌАМ .... :lol: :lol: :lol: