Пишува лудак писмо во лудница и доаѓа докторот и го прашува: - Што правиш бе? - Еве пишувам писмо. - За кого бе? - Па за мене, нормално... - И што пишува во него? - Па не знам, уште не сум го прочитал.
Цветко го прашува Трпе: - Зошто ти е модро окото? - Трпана ме удри… - Зошто? - И се обратив со ТИ! - И за тоа ли тепаат? - Тепаат, тепаат… Си лежев јас на креветот, таа ме поттурна и ми вели: „ние одамна не сме имале секс“, а јас и велам: „Не ние, туку ТИ“.
Се возел некој патник на задно седиште во такси. За прв пат бил во градот, па возејќи се му се допаднала некоја црква и го потапкал возачот по рамо... ...за да го потпраша да му раскаже нешто повеќе. Таксистот вреснал, изгубил контрола над автомобилот, за малку не удрил во автобус, испаничен врескал и понатаму, го искачил автомобилот на тротоар, едвај избегнал пешачи и успеал да го застане автомобилот на сантиметар пред излог од продавница! По доживеаното, патникот му вели: Ве молам, простете, не ми ни падна на памет дека толку ќе ве исплашам со лесен допир по рамото. Во вашиот град веројатно често ограбуваат. Таксистот на тоа му одговорил: Ма иди у пи*ку материну!!! Денес ми е прв ден да работам како таксист. Последниве 20 години возев погребална кола!
Англичанец, Французин и Македонец дискутираат која националност биле Адам и Ева. Англичанецот: - Адам бил Англичанец. Само Англичанец може да биде таков џентлмен за да си го даде едното ребро за да ја има Ева. Французинот: - Според мене Ева била Французинка. Само Французинка може да се предаде за едно јаболко. Македонецот: - Двајцата сте во голема грешка. Адам и Ева биле Македонци – само Македонец со гол газ и едно јаболко може да мисли дека живее во рајот... Ева: Изгледам ли дебело со листов? Адам: Пааааааа ... Ева: ПАААААА ?!?! Сеа за инат ќе се здебелам уште толку !!! Ќе го изедам она јаболконо !! Наравоучение: Ако ве праша жена дали изгледа дебело, ОТСЕЧНО одговорете и НЕ !!!
Умрел маж, а после 1 месец одма по него и жената. Во рајот женава го бара мажот, го здогледува како лежи под едно дрво и среќна се стрчала кон него и му вика: Мажу мој конечно пак сме заедно! мажот: Марш мори, договор беше додека смртта не не раздели
Разговор на апсолвенти на државен факултет: - Колега, уште колку испити имаш до крај? Разговор на апсолвенти на приватен факултет: - Колега, уште колку рати имаш до крај Извор: http://www.vicoteka.mk/#ixzz1rfjALYd1
Охриѓани ќе умрат од љубомора. Од 365 цркви шо ги имат, чудото се деси у Скопје. Edit: Не видов дека ова е постирано во СДК.
Виц на денот: Куќната помошничка барала покачување на платата. Трпана се налутила и ја прашала: - Добро, кажи ми причина зошто мислиш дека заслужуваш покачување? - Не е една, него три причини. - Добро, слушам. - Прво, барам покачување затоа што подобро пеглам од вас. - Кој вика тоа? - Па, вашиот маж, Трпе. - Добро, друга причина. - Подобро готвам од вас! - Немој да ми кажеш дека Трпе го кажал ова? - Токму така. - Добро, а која е третата причина? - Трета причина е што сум подобра љубовница од вас! Трпана зацрвенета и вика: - Немој да ми кажеш дека повторно ова го кажал Трпе?! - Не госпоѓо, ова го вика вашиот градинар. На ова Трпана враќа: - Колку сакаш да ти се покачи платата?
Трпе му се жали на својот татко Тато,добив 3 кеца! Е добро бе сине како доби 3 кеца?!!! Трпе: Па по македонски пишувавме реченици и Никола напиша: Ана го сака Перо, Марко напиша:Ана го сака Митре и Стефан напиша: Ана го сака Трајче. Таткото: Е добро бе таа Ана ку*виште невидено!!! Трпе: Па и ја тоа го реков… Таткото: Е добро бе а како по математика доби кец?!!! Трпе: Па наставничката рече дека 2+3 е 5 и мене ме праша колку е 3+2? Таткото: Па исти к*р!!! Трпе: Па и ја тоа и го реков… Таткото: Е добро бе, а како по веронаука доби кец?!!! Трпе: Па наставничката викаше дека Господ е насекаде…кај нас дома, надвор…насекаде…и јас ја прашав: - А наставничке и кај Цветко во подрум? И она ми вика: Да Трпе. Таткото: Е жими ку*ов! Цветко нема подрум! Трпе: Па и ја тоа и го реков.
Мамо, мамо зошто ми ги извадивте бубрезите?! - Па срце мамино, баба зема голема пензија, не смееме да ја загубиме! Си биле снаа и свекрва и се шетале по пазарот. Свекрвата здогледала некој домати и и рекла на снаата: - Снао види што убави домати да ги ставиш во уста да не ги извадиш. Поминале покрај гробишта и снаата на свекрвата и рекла: - Свекрво види гроб да легнеш да не станеш.
Плавуша полагала за возачка дозвола. Следниот ден ја сретнал комшијата и ја прашува: - И, како? Положи ли? - Не знам, членот од комисијата е сеуште во болница.
Стои Црногорец на плажа во Будва и гледа како се дави еден турист. Доаѓа друг Црногорец и го прашува: – Што правиш бре пријателе? – Еве го гледам оној јадниот што се дави. – А ние овде си стоиме? – Си стоиме. – Па ајде да си седнеме.
Некој циго полагал за кола. Оди во авто-школа и возат со инструкторот, по некое време инструкторот го прашува циганот: Каков знак е овој? - 100% алумиуниум шефе.
Отишол Хасо во ќебапчилница и прашал: - Колку ви се ќебапите? - Мујо му кажал 10 денари. - А колку ви е кромидот? - Епа тоа е џабе….оди бесплатно со ќебапите. - Епа дај ми тогаш еден ќебап и една вреќа кромид!!! ------ Трпе и Цветко се сретнуваат горе и Трпе го прашува Цветко: - Од што умре? - Од студ. Ти? - Јас од среќа. - Како бе од среќа? - Па така, вчера се вратив дома, ја гледам Трпана гола во кревет. Проверувам под кревет, во плакарот, на тераса, нема никој. И така од среќа си умрев. - Абе глуп еден, да провереше во фрижидерот, сега и двајцата ќе бевме живи. ----------------------------------------- Вреди да се потсетиме: Кондуктер проверува карти во автобусот и прашува еден човек: - Имате карта? - What? - Карта ве молам. - Excuse me? - Карта господине! - I don’t understand you! - Your ticket please. - Што? ---------------------------------
Наставничката му вели на Трпе: - Кажи го во сегашно време глаголот оди. - Јас одам, ти одиш, тој оди… - Побрзо бе Трпе. - Јас бегам, ти бегаш, тој бега…
Банкнота од 10 денари сретнала илјадарка и ѝ рекла: „Еј, па каде си ти? Не те гледам често“. Илјадарката одговорила: „Па, бев по казина, па на крстарење, па по бутици... А ти?“ „Знаеш, едно те исто... црква, па црква“, одговорила десетденарката.
Умрел маж, а после 1 месец одма по него и жената. Во рајот женава го бара мажот, го здогледува како лежи под едно дрво и среќна се стрчала кон него и му вика: Мажу мој конечно пак сме заедно! мажот: Марш мори, договор беше додека смртта не не раздели Фата бара нешто под една улична светилка. Ја среќава Мујо и ја прашува: - Госпоѓице што барате? - Си ги барам очилата. - А каде ги изгубивте? - Од другата страна на улицата!!! - Тогаш зошто ги барате овде? - Затоа што тука е по светло!!! Две плавуши возеле камион, стигнале до некој мост и едната и вика на другата: - Мостот е висок 3 метри, а камионов е 3 ипол метри - Гледаш негде полиција? - Не! - Вози!!!