Оди пензионер во продавница да купи батаци и продавачот му вика: - Сакаш француски или словенски? А пензионеров му враќа: - Сеедно, и онака не зборам со нив. --------------
Во авион патувале Грк, Американец и Македонец. Одеднаш се појавил ѓавол и започнал да го сече крилото на авионот. Гркот му рекол дека ќе му даде 100.000 евра само да престане да го сече, но ѓаволот продолжил да сече. Американецот му рекол дека ќе му даде 500.000 долари само да престане да сече, но тој продолжил. Македонецот се насмеал и рекол: - Ќе ти дадам 100 денари, само продолжи да сечеш. Ѓаволот се изнервирал и рекол: - Ти луд ли си бе? За 100 денари да се отепам!
Наставничката: - Кога викам бев убава, тоа е минато време, а кога ќе кажам убава сум, тоа е? - Лага, наставничке. Си прават муабет Црногорец и Македонец: - Danas sam radio! – рекол црногорецот. - Дај не заебаај, кај ти е антената?
Две плавуши полагале испит. Послем завршувањето на испитот, едната плавуша ја прашува другата:- Еј како помина, напиша ли нешто?- Не ништо не напишав.- И јас ништо не напишав.- Леле сега ако си помислат дека сме препишувале.
Си прават муабет Црногорец и Македонец: - Danas sam radio! – рекол црногорецот. - Дај не заебаај, кај ти е антената? ________________________________________________________________________________________ Плавуша полагала за возачка дозвола. Следниот ден ја сретнал комшијата и ја прашува: - И, како? Положи ли? - Не знам, членот од комисијата е сеуште во болница. ________________________________________________________________________________________ Наставничката му вели на Трпе: - Кажи го во сегашно време глаголот оди. - Јас одам, ти одиш, тој оди… - Побрзо бе Трпе. - Јас бегам, ти бегаш, тој бега… ________________________________________________________________________________________ Дедото му вели на внукот: - Брзо, скриј се, доаѓа учителот, а ти денес не отиде на школо! На тоа внукот: - Ти скриј се, јас сабајлево им се јавив дека си умрел. ________________________________________________________________________________________ Малиот Трпе и вика на Трпана: - Мамо, мамо, имам добра и лоша вест! - Ајде сине прво добрата. - Добив 5 по физика. - Конечно, ајде сега лошата. - Лага е! ________________________________________________________________________________________ Девојката: Не се чуствувам добро денеска. Дечкото: Штета, a баш мислев да те носам на шопинг. Девојката: Хаха, јас се шегувам! Дечкото: Знам, и јас се шегувам.
Во бирото за загубени работи, русокоса го пријавува губењето на својот чадор. - Кога забележавте дека ви го нема чадорот? – Прашува службеникот. - Паа… кога престана дождот и сакав да го затворам чадорот.OMG ---------------------------
Плавуша оди на интервју за работа во полиција. Шефот на полицијата: - Ќе ви поставам неколку прашања. Колку е два по два? - Аааа... четири. - Во ред. Квадратен корен од 100? - 10? - Добро. Кој го убил Гоце Делчев? Плавушата молчи. После некое време рекла: - Не знам... - Добро, размисли и дојди утре. Пријателката и се јавува на плавушата: - Те вработија ли? - Не само што ме вработија, - се фали плавушата – веќе ми дадоа и истрага за убиство да водам.
Седи некоја девојка на клупа и лиже сладолед. Се доближува некој тип и ѝ вели: - Здраво, може ли да те прашам нешто? - Секако - му вели таа. - Што знам... - се туфка типот. -Мислам дека погрешно ќе ме сфатиш. - Не, не е точно, прашај ме! - Може ли да лижнам еднаш? Девојката му го пружа сладоледот, а типот: - Ете, гледаш дека погрешно ме сфати...
Учителката го прашува Дарко: -Дарко колку се 5+5? -Десет!!! -Дарко немој да ми броиш на прсти,ајде двете раце во џеб и кажи ми колку се 5+5!!! -Единаесет учителке.
На некоја коктел забава, една жена и вика на друга жена: - Зошто венчалниот прстен го носиш на погрешна рака? - Затоа што се омажив со погрешен човек.
Трите нивоа на машката храброст 1 ниво: Мажот си доаѓа дома подоцна од работа, жената го чека со метла на вратата. Тој: „Ќе метеш или ќе леташ негде?“ 2 ниво: Мажот си доаѓа од работа доцна во ноќта, жената лежи во креветот и се преправа дека спие. Мажот зема стол, седнува пред неа и ја гледа. Жената не издржува и го прашува: „Што правиш?“ Тој: „Кога ќе започне театарската претстава сакам да сум во првиот ред!“ 3 ниво (црн појас): Мажот си доаѓа од работа рано наутро, весел, целиот во кармин и мирис на женски парфем. Жената во кујната, веќе доручкувала, нервозно му врти грб. Мажот оди до неа, ја удира по задникот и вели: „Ти си следната!“
Учителката: - Што е обратно од смеењето? Мали Џокица: - Сексот! Учителката: -Објасни! Како така? Мали Џокица: - Многу е едноставно... смеењето е „ха ха ха ха“, а во сексот е „ах ах ах ах“.
Зошто две плавуши се караат кога седат на задното седиште во автомобил? -За која да седи до прозорецот.
Рано наутро. Минус десет степени. Во автобус се качува баба и застанува до еден младич: - Нема ли да ми го отстапиш местото? - Бабо, дваесет слободни места има... - Има, ама твоето е затоплено.
Родителска Spoiler Како да го натерате вашиот син да почне да учи Ристо отишол на родителска да ги провери оцените на Ѓерасим. Наставничката му го покажала дневникот и што ќе види... 10 единици... - Лелееее кога ќе си одам дома ќе го скршам од ќотек, а мене цело време ме лажеше... - Не мора да го тепате, кажете му на добар начин,со убаво, му рекла наставничката. - Добро. Дошол дома и му рекол на синот: - Сине седи тука. знам дека пушиш и слободно можеш да си запалиш цигара. Ѓерасим чудно го погледнал и го послушал, си запалил цигара. - Што сакаш да се напиеме? - Ништо, не пијам јас. - Тогаш ќе се напиеме по едно виски. - Знам дека почна да гледаш по женски, па одлучив да ти го поклонам најновиот број на Плејбој. Синот го земал магазинот и почнал да го листа, гледа голи жени и наишол на Kelly Brook - Тато, кој ја има оваа женска? - Одличните сине, одличните! Ах , машки род, тоа ти е
Се среќаваат двајца пријатели, од кои едниот очигледно е дека скоро има изедено ќотек... - Зошто ти е модро окото? - Ќути, жена ми како ме удри... - Што ѝ стана? - Сам, си го барав, ѝ се обратив со ТИ. - А да не се персирате по дома? Што причина за ќотек е тоа!? - Па доаѓам дома, таа ме гушка и вели „душо, од кога не сме имале секс“, а јас пијан - „мислиш ТИ од кога не си имала“...
Оди Цветко во ресторан и го гледа чаршавот дека е со дамки и трошки. Го викнал келнерот и го прашал: - На колку време ги менувате чаршавите? А келнерот му одговорил: - Не знам, овде работам само 3 месеци. Во лудница, некој лудак си седнал на страна и си пишува нешто. Доаѓа докторот и го прашува: - Што пишуваш? - Љубовно писмо. - На кого? - На сам себе. - И што пишува во него? - Немам поима, сеуште не сум го добил.