Постар господин влегува во трафика и бара весник: - Ве молам еден Дневник. Продавачката: - Нема. - Вест? - Нема. - Нова Македонија? - Нема. Господинот се свртува и заминува. Продавачката му подвикнува: - Да ви дадам Вечер. Без да се сврти господинот враќа: - Вечер бабичката ќе ми даде...
Wikipedia: Јас ЗНАМ сè! Google: Јас ИМАМ сè! Интернет: Без мене не можете! Струја: Хаха, стварно? ----------------------------------------------------------------------------------------------------- Си доаѓа пијан доцна навечер Трпе и од еднаш се слуша силно „БУМ“ Трпана од сон срипува и прашува: - Трпе, што е тоа што падна? - Капутот. - Па како толку силно да се тропне? - Па јас бев во него. -----------------------------------------------------------------------------------------------------
Полицаец запира Струмичанец: - Возевте пребрзо, документи молам. - Еее, далдисал с’м, не с’м забакарил. Полицаецот: - Documents, please.
Google е толку интелигентен што веќе ништо не можеш да сокриеш од него. Вчера на пример пишувам: Барам рабора во Македонија за 2000 евра плата. Google ми враќа: Did you mean: 150 евра.
Сообраќаен полицаец запира автомобил. Полицаецот: Презиме? Возачот: Чие? Полицаецот: Име? Возачот: Чие? Полицаецот (замислено): Чие Чие… Кинез ли е, каков ли е…
Дечко разговарал по телефон со девојката, па за да и докаже колку ја сака и рекол: - За тебе би прескокнал реки, би запалил згради. Би се борел со мечка и сето тоа само за да ти ја видам слатката насмевка. - О, колку си мил, ајде дојди кај мене! -Ајде утре миличка, денес врне! ))
Брачен пар Цигани продавале облека на тезга во Шутка.Трет Циган им ја украл бундата која била на продажба. Мажот извикал: Женооо,ни отиде бундата! Жената: По која цена? Мажот: По набавна! Цветко се пушта на девојка и и вика: - Ти си најубавата,најзгодната и најдобрата девојка која некогаш ја имам запознаено! А девојкава му враќа: - Ај бе не лажи,само сакаш да ме легнеш! А Цветко: - Опаа,дури и паметна си!
Цветко оди на лекар: - Докторе, се задушувам, не можам да дишам! - Пушите ли? - Пушам, ама не помага.
Го прашува жената мажот: -Дали му рече на шефот дека ние двајца не можеме да живееме од твојата бедна плата? -Да. -И? Што ти рече? -Да се разведам.
Зборив дечко и цура и дечко ву вика: -Срце мое ти си производ од пчелу.. -Леле....фала ти много а што сам потачно!? -цела радосна. -ОТОК! Ало, добар дан кој е на линију!? -Здраво,сакам да остану АНОНИМАН! Да не викав после Миле кажа овој Миле кажа оној! Прашуев га двоица кумановци таксисту: -Мајсторе колко возиш до Охрид? -1.500 денара -Епа тамн троица по 500 денара -Како троица кд ви сте двоица? -Па ти не ли идеш! Што вика зубарка за време на секс?! -Ааааа овј не е за вадење!
Денеска во светот има 9412783883245238692 мрзливи луѓе... гарант, толку си мрзелив што ни бројката не ја прочита! --------------------------------------------------------------------------------------------------------- Учење - дејството на пијање, јадење, сурфање на интернет и гледање телевизија, додека некаде во близина има отворен учебник --------------------------------------------------------------------------------------------------------- Кога еден маж е пијан тој бара било каква девојка, кога една жена е пијана, таа го бара него еден и единствен. --------------------------------------------------------------------------------------------------------- Што е полошо: - незнаење или незаинтересираност? - незнам и не ме интересира. --------------------------------------------------------------------------------------------------------- Кој е братот на Одисеј? - Оди копај! ---------------------------------------------------------------------------------------------------------
Цветко се јавува во водовод: - Ало, водовод ли е тоа? - Да? - Од чешмата тече вода! - Е вие што очекувавте? - Епа, како што ја гледам сметкава, очекував Heineken. Го прашуваат Цветко: - Што мислите за крстот на Водно? -Јас мислам дека тоа е еден голем плус за Скопје.
- Кандидатите мора да знаат да пишуваат и читаат – не се потрбени и двете. - Помошни средства не се дозволени. - Рок за изработка на тестот – 8 саати. - Секој кој ќе препишува ќе добие 5 дополнителни бодови заради особена снаодливост. - Со среќа при решавањето на тестот. Прашања: 1. Кој победил во Втората Светска војна, а кој бил втор? 2. Од што е направен сребрениот долар? 3. Објасни ја Ајнштајновата теорија за релативитет или напиши го неговото име. 4. Со големи букви напишете: куче, мачка, компир. 5. Кога почнува дневникот во 19:30? 6. Отприлика колку божји заповеди постојат? 7. Постоеле 6 кралеви со името Џорџ, последниот се викал Џорџ VI. Наброј ги претходните пет. 8. Напишете ги броевите 1-10 наназад. За секој погрешно напишан број се одзема еден бод. 9. Кој го измислил “ОТО” моторот? 10. На кој интрумент свирел Мујо хармоникашот? 11. Го разбирате ли Њутновиот закон за гравитација? Одговорете со ДА или НЕ! 12. Берлин е главниот град на која држава? (повеќе одговори не се признаваат) 13. Пронајдете ја личноста што не се совпаѓа во низата: - Мартин Лутер Кинг - Тато - Махатма Ганди - Џек Мевосек 14. Васко де Гама пловел три пати. Не едното патување умрел. На кое патување умрел? 15. “Јајцето” на Колумбо е: - Јајце од птица - Специјално спремено јајце за доручек - Дел до телото на славниот морепловец
На час. Наставничката ги проверува домашните: - Петар, зошто немаш домашно? - Вчера си ја повредив раката. - Седи, единица. А ти Марике? - Дедо ми се разболе. - Седи, единица. - А ти Tрпе? - Вчера брат ми се врати од затвор. - Се обидуваш да ме уплашиш, а? Седи двојка.
Влегува дечко во библиотека и прашува: -Се извинувам, дали имате книги за самоубиство? -Да, онаму, третата полица од горе. Оди дечкото и бара, ама не наоѓа, па се враќа назад: -Ама таму нема ни една книга. Е па тие книги кога ќе ги земат, обично не ги враќаат.