Си биле 3-ца браќа Србин, Американец и Шпанец. И биле договорени сите во ист час да испијат по 3 пива. Влегува Србинов во кафана и му вика на келнерот: - Дај ми 3 пива. Овој му дава. По 10 дена келнеров му вика: - Зошто секогаш пиеш по 3 пива? - Па јас имам 3-ца браќа што се по странство, и сме договорени секој ден да пиеме по 3 пива во ист час. По 20 дена влегува во кафаната и порачува 2 пива. Келнеров зачуден му вика: - Да не умре некој од браќата па што порачуваш две пива? - Ма не, јас престанав да пијам. Тактика на гости: - Може една вода? - Сакаш сок? - Па може. Пијан маж се прибира дома и жена му започнува да вика: - Каде беше мори, пијаницо? - Играв шах со Тасо. - А зошто мирисаш на ракија? - Па на шах ли да мирисам?
Во кафич доаѓа некој дечко до некоја девојка и и вика: - Секогаш кога ќе се насмевнеш ми доаѓа да те поканам кај мене! - Леле, баш си заводник! - Не, не, не сум заводник, јас сум забар! Учителката: Добро бе Трпе, како може едно дете толку глупости да направи во еден ден? Трпе: Па, рано станувам. Мајката: - Зошто вчера си подарил на баба ти фудбалска топка за роденден? Детето: - А таа зошто таа секогаш ми подарува книги. - Мамо, мамо, учителката денес ме праша дали имам браќа и сестри кои треба да почнат со училиште наскоро.- Убаво од неа што прашала. Што ти кажа кога и одговори дека си единец. - Имало господ!
Мајката ја советува ќерката пред првиот состанок. Ќерко немој да му дозволиш на момчето да ти се качи и да те искористи бидејќи мама ќе плаче. После состанокот мајката ја прашува како поминал состанокот а ќерката на тоа одговорила: мамо не му дозволив да ми се качи тој на мене, туку јас му се качив, нека плаче неговата мајка зошто ти да плачеш
Во парк едно куче нападнало жена. Збунетата сопственичка објаснила Обично моето куче е многу добро, но веројатно вашиот парфем е како на свекрва ми...
Се буди фраер после пијанство: - Aааааааааа крокодил!!! Девојката: - Kаде, каде?!? Фраерот: - Aааааааааааааааа, па и зборувааа!!!!
Две прилепчанки си гледале на кафе: - Сестро имаш „С” че имаш срејча, имаш „П” че имаш многу пари, имаш и „Ч” че имаш секс! - E кај од сестро „Ч” со секс? - Че те е*ат сестроооо !
Сакаше да ја шармира неговата девојка и 'и рече: Имам многу богат вујко.......И од утредента таа му стана вујна.
две баби играт кошарка.. едната вика ааа фаул... е за шо фаул не те ни гибнав.. ее не ме гибна ама ме згазна за цицка..
Една госпоѓа во поодминати години, седела на палубата на еден брод за време на крстарење, цврсто држејќи го својот шешир со двете раце, за да не и го однесе ветерот. Еден господин и се приближил па и рекол: Простете госпоѓо, не сакам да ви пречам, но дали забележавте дека ветрот го крева вашиот фустан и тоа доста високо? - Да, забележав, но двете раце ми се зафатени држејќи го шеширот. - Но госпоѓо, една дама треба да знае дека нејзините интимни делови не треба да се изложени за јавност! – и рекол кавалерот. Таа погледнала надоле и му одговорила: Господине, што и да видите таму доле – тоа има 85 години! А шеширот, си го купив вчера!!!
Дали знаеш кога си богат мангуп ? -Кога одите во зоолошка со син ти, кај крокодилите и детето ти вика : Тато, тато, ене го лакоста!
Мамо, Мамо, cakам братче- и вели осумгодишно дете на маjка си. Тато е во странство,ке го прашаме кога ке доjде- одговара маjката. А да го изненадиш мамо?
Цветко го прашува Трпе: - Абе, што си таков во окото? - Инфекција од мислење… - Како бе од мислење? - Епа така, мислев дека Трпана ќе ме промаши со пепељарата. Честито бебе! Да ви е живо и здраво! - Благодарам! - Како го крстивте? - Издислав. - На кого?!?!?! - На песната од White Snake – Is This Love. Отишол Трпе со Трпана на одмор во Тексас. Трпе отсекогаш сакал автентични каубојски шпицасти чизми, па веднаш купил еден пар на распродажба, ги облекол и се вратил горд во мотелот. Влегол во собата па и рекол на Трпана: - Приметуваш ли нешто поразлично на мене? Трпана го погледнала па му рекла: - Не. Фрустриран, Трпе оди во купатило, се соблекол гол и ги оставил само чизмите на нозете. Повторно прашува, овој пат малку погласно: - А, СЕГА, приметуваш ли нешто поразлично? Трпана го крева погледот и му вели: - Трпе, што е поразлично? Виси денес, висеше вчера и утре пак ќе виси! Бесен, Трпе почнал да се дере: - А, знаеш ли ти воопшто зошто виси?! - НЕ! – одговорила Трпана. - Виси затоа што ги гледа моите нови чизми!!! – викнал Трпе. Трпана на тоа му одговорила: - Требаше да купиш шешир, Трпе, требаше да купиш шешир…
Трпе и вели на жена си. - Леле мила алхохолот колку те прави згодна. - Ама Трпе јас не пијам. - Е знам де, јас пијам.
Зајакот и вели на змијата: - Извини што те зафркавав дека немаш нозе. А змијата му вели: - Добро бе, било па поминало. Зајакот: - Епа дај си рака.
Дошол Мујо на граница, па цариникот го прашува: -Алкохол ? -НЕ ! -Цигари ? -НЕ ! ...-Кафе ? -Е, кафе може
Се возеле кумановец и американец во авион. Кумановецот извадил јаболко, за да јаде. И овој му вика: - Што е тоа бе? - Јаболко. - Пф, тоа ли е јаболко бе? Кај нас има огромни јаболка. Толкави. После некое време, кумановецот извадил круша. - Што ти е ова бе? - Крушка. - Тоа ли е крушка бе? Кај нас има џиновски круши. Ова нема никаква врска со круша. Поминал еден час, и кумановецот извадил лубеница. - А ова, што ти е бе? - Грашак е, да ти е*ам, се да ти е*ам. Си бил некој пијаница и се јавил во полиција: - Ало Полиција? Ми ги украле воланот, мењачот и педалите од автомобилот. - Како ти ги украле воланот, мењачот и педалите, а целиот автомобил е тука? - Епа така ми ги украле. - Добро ќе дојдиме за 10 минути, да го решиме случајот. Пијаницата се јавува по 3-4 минути и вели: - Не доаѓајте! - Зошто да не доаѓаме? - Абе сум седнал на задното седиште...