- Зошто воздухот има многу заедничко со секс? - Се е супер, додека не го снема. Го прашуваат Цветко: - Што сакаш ти Цветко повеќе, жена лепотица, која се швалерисува или грда, ама верна жена. - Лепотица нормално. - Зошто бе Цветко? - Па подобро да делам торта со сите, него сам да јадам помија. Зошто кога сакаат да се сексаат стоногалки, машката умира предвреме од нервоза! - Не може да ги пронајде двете вистински нозе. Влегува дечко во библиотека и прашува: - Се извинувам, дали имате книги за самоубиство? - Да, онаму, третата полица од горе. Оди дечково и бара, ама не наоѓа, па се враќа назад: - Ама, таму нема ни една книга. - Е, па тие книги кога ќе ги земат обично не ги враќаат.
Хороскоп Љубов - Ѕвездите ви се насмевнуваат Работа - Ѕвездите ви се насмевнуваат Секс - Ѕвездите се кинат од смеење
Една вечер зајакот влегува во кафеана кај мечката и и вика дај мецо, едно пиво, оти вечерва ќе јади некој ќотек. Тогаш мечката му рекла "Зајко, седи мирен, пиј го пивото и не прави проблеми". Така зајакот извесно време ја малтретирал мечката. Кога на мечката и дошол зајакот преку глава му рекла на зајакот, да излези на...двор и многу го изнатепала, се вратила внатре во кафеаната, а по нејзе и зајакот. И тогаш зајакот на сите гости им рекол "Кога ви велев вие не верувате дека некој ќе јади ќотек вечерва".
Се караат мажот и жената за време на ручекот. Мажот удира со тупаница по масата и прашува: - Кој е овде газда во куќата? ... Жената му врзува една шлаканица, а тој: ...- Па, добро, само прашував
Едната плавуша и вика на другата - Многу си убава денес. -Фала на континетнот. -Еее ама си глупа, не е континент , компилација е.
Која е разликата меѓу просечната македонска плата и сидата? - Од сидата подолго се живее. ________________________________________________________________________________ Прави новинарска екипа анкета и застануваат пред еден скопјанец. Тој го гледа љубопитно микрофонот и го прашува новинарот: Што ти е ова? - Тоа е микрофон - му одговара - сè што ќе кажеш во него може да слушне цел свет. -Аха, - одговара човекот - а може ли да се чуе до... Америка? -Да, да, како не. - Помооооош!!! - се раздрал скопјанецот во микрофонот. _________________________________________________________________________________ Седнала плавуша во авион за Њујорк, во бизнис класата, а имала карта за економската класа. Дошла стјуардесата и ја замолила да стане, но плавушата ја игнорирала. Дошла друга стјуардеса и ја замолила - никаква реакција. Дошол копилотот - исто. На крајот дошол пилотот и и’ шепнал нешто во увото, по што оваа со брзање станала и се префрлила во економската класа. Останативе зачудено го прашале како успеал да ја натера да стане. - Многу едноставно, - рекол пилотот - и’ реков дека овој дел на авионот не оди за Њујорк.
Во некоја лудница отишла комисија да види ако има некој поизлечен да го испишат од лудница, затоа што требало да се донесат други луди, па ќе нема место ... комисијата ги повикала сите пациенти од лудницата и им рекла: „Сега вие ќе скокате како пуканки кои пукат во тенџере“ и сите почнале да скокат, а само еден стоел настрана и ги гледал другите .. некој од комисијата го видел, отишол до него и му рекол: „Ти зошто не глумиш пуканка?“ а лудиот на тоа рекол: „Јас сум залепен за тенџерето“
Некоја баба отишла на доктор и докторот ја прашува: - Каде те боли бабо? А таа му одговара: - И тука и дома! ---------------------------------------------------------------------------------------------- Разговор помеѓу интернет зависници: - Абе, како ги направи тие твои бицепси, одиш на фитнес? - Не, туку од сурфање по интернет. - Како тоа, бе? - Си вградив тег од два килограми во глувчето. ----------------------------------------------------------------------------------------------- Наставничката му вика на Трпе да каже некоја реченица во која ќе го има зборот "шеќер". Трпе : - Баба ми секое утро пие кафе. Натавничката: - Каде е тука шеќерот Трпе? Трпе: - Па во кафето ! ------------------------------------------------------------------------------------------------
Си биле дечко и девојка, и дечково заминал во војска , зел слика од љубената и си дале збор дека верно ќе се сакаат. по некое време девојката му пишала писмо ''да ми ја вратиш сликата што ти ја дадов зошто јас тука се заљубив во друг'' . Војников што да прави , ги собрал другарите и им рекол ''давајте ги сликите од вашите девојки'' , ги собрал сите слики и ги пратил во писмо во кое пишал - ''заборавив која беше твојата, ете види, земи си ја, и другите врати ми ги'' Еднаш снаа и свекрва решиле заедно да одаат на пазар. Одејќи низ пазарот снаата здогледала некои убави домати и и рекла на свекрвата: - Свекрво види види колку убави домати да ги касниш в уста да ти останат. Си го продолжиле патот и свекрвата здогледала некои убави гробишта и и викала на снаата: - Снао, снао, види колку убави гробишта да легнеш па да не станеш...
Разговараат две сосетки, првата и вика да другата , доаѓа 8 ми март ке ти купам завеси за поклон. Зошто завеси? Па ми се смачи да ве гледам како се сехате со маж ти! Оваа се насмеала и рекла, јас на тебе наочари ке ти купам . Ех наочари , па не сум кратковида . Море си , да видиш поубаво , дека тоа е маж ти , а не маж ми
Интересен текст Еден студент од Саудиска арабија, оди во Германија на студии, и после некое време му праѓа е-маил на татко си: Тато, Берлин е преубав град, со фантастични луѓе, ептен ми се допаѓа. Но тато, срам ми е да одам во колеџ со златен Ферари 599 GTB, кога сите мои професори доаѓаат со воз. Со почит, твојот син Насер