Што е разликата помеѓу автомобил со добра каросерија а слаб мотор и добро нашминкана а ружна, евтина проститутка? - Нема!
Сите ние врапчиња, само Сиљан штрк. Сите убавици, Били ѕвер. Сите се уметници, само Мишо Ковач. Сите по патики, само Карло Бос. Сите жени се интересни, само Биба Додева. Сите по Дуксер, само Синан Сакич. Сите тастатура, само Мики Маус. Сите Дедовци, само Али Баба. Сите парен број само Боки 13. Сите си плаќаат само Лејди Гага. Сите Дедовци,само Али Баба. Сите сме биле тепани,само Горан Каран. Сите пушат Малборо,само Кање Вест. Сите тастатура,само Мики Маус. Сите жени се интересни,само Биба Додева. Сите дуваат,само Тиаго Мота. Сите го сакаат лавот,само Тео Волкот. Сите фураат на бензин, само Вин Дизел. Сите сакаат шума само Линкин Парк. Сите се мачки,само Вале гулабица. Сите cе фризери,cамо Жаре Бербер. Сегде врне дожд,само кај Валентино Роси Сите сакаат сол, само Џастин Бибер.
Ова не се вицови, ама гледам повеќето тука ги ставиле. И да, од Твитер се. Сите чуваат папагалче, само Вале Гулабица. Сите замараат по малку, само Бени Нон-Стоп. Сите сакаaт еден, само Боки 13. Сите јадат, само Бенедик Папа. Сите прават ајвар, само Страшо Пинџур. Сите слушаат техно, само Доктор Хаус. Сите јадат тоблероне, само Кристофер Колумбо. Сите имат стрес, само Миле Паника. Сите преваранти, само Хакалбери Фин. Сите гоцева раса, само Каролина Гочева. Сите сакаат чајна, само Едвард Кулен. Сите паскалин, само Џони Браво. Сите во центар, само Методија Андонов Ченто. Сите бурекџии, само Марко Слаткар. Сите солени, само Радмила Шеќеринска. Сите гледаат Сител, само Меган Фокс. Сите учат англиски, само Александар Македонски. Сите сакаат орхидеја за 8ми март, само Хелена Роза. Сите се држави, само ние Империја. Сите спијат во кревет, само Есма и Лозано сас козите. Сите од град, само мекиците од Стража. Сите сме глава, само Мишел Тело. Сите го обраа бостанот, само Јордан Пиперката. Сите зедоја пушка в рака, само Ристо Бомбата. Сите поштени, само Џони Далавера. Сите пилешко, само јас риибешко. Сите маваат, само Адријан Гаџа. Сите пијат Кока Кола, само Кер Миранда. Сите Шеќеринска, само Хавиер Солана. На свадба сите играа чочек, само Камчев Орце. Сите се рамнокрак, само Светлана Црнокрак. Сите викаме врне, само Валентино Роси. Сите пилоти само Попај Морнарот. Сите џуџиња, само Јордан Хаџи Константинов Џин. Сите Дедовци, само Али Баба. Сите имаат големи, само Александар Маленко. Сите слават Велигден, само Амди Бајрам. Сите рапери, само Коце Металец. Сите го сакаат Аеродром, само Христијан Тодоровски Карпош. Сите јадат Сникерс, само Бруно Марс. Никој не беше, само Клинтон Бил. Сите калфи, само Јаја Паша. Сите со птичји грип, само Крсте Мисирков. Сите јадат гомна, само Јанко јади бурек. Сите еден на една, само Жаре еден на еден. Сите полека, само Марко дај побрзај. Сите велат ама, само Ахмети Али. Сите капсули, само шумеча таблета. Сите имаат мал, само Александар Велики. Сите бркаат комарци, само Скери Муви. Сите први, само Филип Втори. Сите го слушаат Аца Лукас, само Џеси Џеј. Сите железо, само Гугл хром. Сите со раце, само Олвејс со крилца. Сите во Кисела Вода, само Васко во Центар. Сите серат, само Федерико Моча.
Маж влегува во аптека и вели: - Еден ку*тон! Аптекарката му одговара: - Господине, почекајте на ред и измислете некој по цензуриран начин за да ми објасните што точно сакате. Дошол редот на мажот. Тој ги откопчал панталоните, го извадил и рекол: - Извини госпоѓо, може ли да ми дадете еден костум за овој џентлмен?
Застанува полицаец возач и му вели: - Знаете ли дека на предно седиште не смеете да го возите кучето? - Но, тоа е плишано куче! - Не е битна расата господине!!!
Еден човек влегува во супер high-tech бар каде што робот работи како шанкер. Човекот седнува на шанкот, а роботот го прашува: - Колку е вашиот IQ? Човекот одговара: - 150. Роботот веднаш му дава 16 годишно виски и започнува разговор за квантна механика, за нано технологија, за вештачка интелигенција итн. Човекот бил многу импресиониран од вечерта и затоа наредната вечер решил да го тестира роботот. Кога роботот го прашал за неговот IQ, тој рекол 120. Веднаш роботот му отварил пиво, му зборувал за фудбал, омилени јадења, жени и др. Човекот пак бил импресиониран. Се враќа следната вечер. Роботот го прашува: - Колку е вашиот IQ? - Мислам дека е околу 80. Тогаш роботот му дава голема чаша со ракија и го прашува: - Пак ќе има избори а?
Седел Симе во кафана.Многу бил разочаран ,а пред него полна чаша пиво.Влегува Диме му го пие пивото и го прашува зошто е толку разочаран.Симе разочарано вели: -Денеска ми е многу лош ден! Најпрво пробав да се убијам со јаже-се скина.Потоа си ставив пиштол на чело -немало муниција...Потоа со последните пари си купив отров.Го ставив во пивото дојде ти и ми го испи.
Срамежлив дечко многу се заљубил во една аптекарка. Проблемот бил што не знаел како да започне разговор со неа. Еден негов пријател го посоветувал да оди да купи нешто, да започне муабет и да ја покани да пивнат по нешто. Дечкото се наредил во редицата,дошол неговиот ред,ја погледнал аптекарката,таа му се насмевнала,а овој : -Јас ќе пијам аспирин.Ти што ке пиеш?
Офф топик, ова ме потсети на реална дешавка кога еден ден дојдоа двајца во аптека и едниот од нив ме прашува онака фраерско-шмекерски: “Нешто ме гребе грлото и како да настинувам, што ќе ми препорачате?“ :geek: и откако му дадов лекови застанува тој другиот на рецептура и вика: "онаа пена таму колку е? " и ме чекаше (и гледаше, зјапаше) 15мин. додека ја најдам соодветната шифра во компјутерот и му ја продадам. Кога беше на смена колешката дојде еден дечко и сакаше кондоми да купи ама колешкава да му препорача какви да земе хахаах.... ко да со нејзе ќе спие... Сакам да кажам, ремет паѓа во аптека за вакви дешавки.
Си бил Кумановец во Америка и на плоштадот во Америка имало слон каде што доделувале награда на тој што ќе го натера слонот да застане на 2 нозе...Кумановецот му вика на другарот кажи ми за што се работи за што е овј слон туј и другаров му вика ај да си одиме немоежеш ништо да напраиш ама кумановецов запнал и овој му кажал. Кумановецов се пријавува и доаѓа негов ред се пика под слонот и го мава по јајца и слонов одма рипа на 2 нозе Утредента пак идат на плоштад и слонот пак таму Кумановецот му вика на другаорт сега што сакаат?и другарот вика остај тоа неможеш да го напраиш..Кумановецов запнал пак и другаров му кажал дека бараат да го натераш слонот да каже Да и Не..се пријавува Куманецот иде кај слонот и му вика Ме познаваш ли ти мене?И слонот клима со главата за да Кумановецот пак го прашува слонот,а сакаш ли па ко ичера..и слонот вика НЕ
Нешто за нас прилепчанките Што ќе се добие ако се вкрстат Октопод и Прилепчанка? -Појма немам, ама тутун че нижи ко лудо
Влегува војник во продавница и прашува: - Имате крема за чевли бр. 42? Продавачот одговара: - Имаме крема за сите чевли. Војникот упорен: - Ама јас сакам крема за чевли бр. 42! Се карале тие така додека на крај војникот не си отишол. Утредента доаѓа командирот и продавачот му вика: - Леле, што глупи војници имате, ми бараат крема за чевли бр. 42. - Остави ги, тие се глупави, него дај ми ти мене игла за бел конец.
Полицаец сопира некоја госпоѓа која возела брзо: - Госпоѓо, вашите документи! - Ве молам не ме казнувајте, јас сум професорка. А полицаецот и враќа: - Е долго го чекав овој момент. Ајде сега на лист да напишете 1000 пати: „Никогаш повеќе нема да возам брзо“.
Итар Пејо сонувал многу пари и бројот 6. Сабајлето станал во 6 часот и 6 минути, повикал такси со регистрација 666 му платил 66 денари. Отишол на хиподром на каса број 6 и на коњот број 6 ставил 66.666 денари. - И? - И коњот со број 6 завршил 6-ти.
Во првата година од бракот, мажот зборува, а жената слуша. Во втората година, жената зборува, а мажот слуша. Во третата, двајцата зборуваат, а само соседите слушаат. хахахаха
Оди татко му на Игорче во школо на родителска и класниот му го дава извештајот со оценките. Го зема таткото извештајот кога што ќе види, кец математика, кец македонски, кец музичко, кец географија... Се фаќа тој за глава и извикува: - Леле, па син ми ќе ја падне годината! - Ај се кладиме по 200 евра дека нема. - му вика класниот.