Оженет маж запознава убава девојка и се договара да ја помине ноќта со неа за 500 евра. Утрото, по заедничката ноќ, и рекол дека нема доволно кеш во него и дека ќе и каже на секретарката да и испрати чек со уплата на име “Наем на стан“ штом стигне во канцеларијата. На пат кон работа сфаќа дека се кае, дека целиот секс не вредел толку пари, така што и кажал на секретарката да спреми чек на 250 евра, и, и’ го кажал следново објаснение кое требала да го приложи со чекот: Почитувана госпоѓо, Во прилог е вашиот чек на износ од 250 евра на име „наем на стан“. Не ви го праќам износот кој го договоривме однапред, затоа што кога се договараме сметав дека: 1. Станот претходно не бил користен 2. Дека е добро загреан 3. Дека ќе биде доволно мал за да се чувствувам во него пријатно како дома. Меѓутоа сфатив дека порано веќе сте имале подстанари, греењето не работи, а станот е премногу простран. Срдечен поздрав. Откако го примила чекот, дотичната госпоѓица веднаш му го вратила со следното објаснување: Почитуван господине, Пред се, не знам зошто сте мислеле дека така убав стан би можел да биде неограничено долго празен. Што се однесува до вашата жалба за топлината во станот, греењето функционира совршено добро, ако знаете како да го вклучите. Кога ја споменавте пространоста, станот е со нормална големина. Доколку вие немате доволно намештај за да го пополните, немојте да го обвинувате сопственикот на станот. Ве молам да го испратите договорениот износ за станарината, во спротивно ќе бидам приморана да ја контактирам вашата моментална станарка. Срдечен поздрав!
Разговараат двајца полицајци и едниот го прашува другиот: - Каде си ти роден? - Дома, а ти? - Јас, во болница. - Зошто бе, што ти било?
Охриѓанец се вози во авион. Пали цигара и стјуардесата го опоменува: -Господине, пушењето е забрането во авионот. -Шо мор, ќе ме слезиш??
Дере се жена љуто по мужа: -Амори стоко блесава,па си се напија ! Па дали си ти тачан ?! Знаеш ли колку људи су умреле од алкохол ?! -Еее жено ај не галами много и не л'жи ! Беше ја на гробишта и виде ја убаво,на споменици пишуе -" од фамилију,од роднини,од сопругу ..." а нигде не пишуе од ракију !
Дама во аптека прашува: - Имате ли кондоми XXXL? - Имаме секако, колку ви требаат?! - Ма нема да купувам, ќе почекам да видам кој ќе ги купи Перица и вели на наставничката: „Напишав песна за сексот.“ „Хмм..Добро Перица ајде кажи ја.“ „Станувам рано, одам на училиште, учам, малку си играм, пак учам, спијам и се така повторно...“ „И добро, па каде е овде сексот?“ „Епа, песната се вика “Еба*ти животот
Сега се смеев на вицот Се оженил Блажо со Цвета, прва брачна ноќ... Се соблекле двајцата арно ама Блажо незнаел шо треба да прави и ја прашал Цвета: Блажо: И сега што? Цвета: Легни до мене. Блажо: И сега? Цвета: Сега качи се врз мене... Блажо: А сега шо? Цвета: Сега тури ми го овде... Блажо: Добро, после? Цвета: Сега извади го Блажо: Добро, сега што? Цвета: Пак тури го... Блажо: А сега? Цвета: Пак извади го Блажо: И сега што? Цвета (веќе изнервирана): Па пак тури го бре ! Блажо (изнервиран): Па добро Цвето, ти ако знаеш што сакаш !???
Ѕвони свекрвата на снаата . Ало снао.. како е син ми? Па ..он пие,оди по жени , се коцка и кога се враќа, ме тепа. ОООООО... фала ти боже.. јас мислев бил болен! Девојче, зошто го удри син ми? -Ми рече дека сум дебела. -А, ако го удриш мислиш дека ќе ослабиш?!
Некоја банка ја пљачкаат по трет пат и полицаецот ја распрашува службеничката: - Како изгледаше човекот? - Појма немам, само знам дека секој пат доаѓа со поскапо одело! Се возеле механичар, електричар и програмер. Одеднаш, автомобилот се расипал. Механичарот вели: - Сигурно е рикнал блок од моторот. Електричарот вели: - Ма гарант акумулаторот откажал. Програмерот вели: - А да пробаме да излеземе и да влеземе пак, може ќе проработи? Се оженил Блажо со Цвета, прва брачна ноќ... Се соблекле двајцата арно ама Блажо незнаел шо треба да прави и ја прашал Цвета: Блажо: И сега што? Цвета: Легни до мене. Блажо: И сега? Цвета: Сега качи се врз мене... Блажо: А сега шо? Цвета: Сега тури ми го овде... Блажо: Добро, после? Цвета: Сега извади го Блажо: Добро, сега што? Цвета: Пак тури го... Блажо: А сега? Цвета: Пак извади го Блажо: И сега што? Цвета (веќе изнервирана): Па пак тури го бре ! Блажо (изнервиран): Па добро Цвето, ти ако знаеш што сакаш !??? Си биле хирург, архитект и политичар и разговараат за тоа кој е најстар занает на светот. Хирургот вели: - Бог од Адамовото ребро ја направил Ева. Значи тој бил првиот хирург и бил многу добар. На тоа архитектот вели: - Чекај, Бог ја направил Ева дури шестиот ден. Сети се на почетокот, прво било хаос па настанал ред. Кој би можел да направи ред освен архитектите? Го прекинува политичарот: - Добро луѓе, а што мислите, кој го направи хаосот?
Се караат Блажо и Мара. И Мара вели: - Поарно да се омажев за ѓаволот. - Не може, со закон е забрането брак со блиски роднини.
На сајт за запознавање: - Јас сум Елена, дипломирав на Кембриџ, неодамна се вратив во Македонија, татко ми е голем банкар. А ти? - Милан, имам текстилна фабрика и мрежа на бензински пумпи. Елена, сакаш ли да излеземе вечер? - Со задоволство! Каде ќе одиме? - Прво во ресторан со ориентална храна, а потоа во дискотека. - Пааа... Не ми пречи. - Добро. Ќе се чекаме на постојката. - Со кој автобус ќе одиме? - 36 треба да го чекаме долго, а во 47 треба да стоиме. Подобро да одиме со 47. - Добро, договорено. Се гледаме!
Зоки Поки и мaјкa му седат и гледаат телевизија. Во тој момент заѕвонува ѕвончето. Кога Зоки ја отворил вратата видел дека е газдата на куќата веднаш истрчал и и рекол на мајка си: - Мамо дојде газдата по киријата, имаш пари или да одам надвор да си играм?
Трпе го прашува синот: - Сине кој повеќе сакаш? Мама или тато? - Двајцата! - Добро! Мајка ти ако оди вo Америка а јас во Париз ти кај ќе одиш? - Во Америка! - Зошто? - Затоа што е прекрасна земја! - А јас ако одам во Америка, а мајка ти во Париз кај ќе одиш ти? - Во Париз! Трпе налутен: - Зошто? - Затоа што веќе бев во Америка!
Мајката и таткото го однеле малиот Перица на венчавка за прв пат во неговиот живот.Перица разгледува наоколу и во еден момент ја прашува својата мајка: „Мамо, зошто онаа тетка е облечена целата во бело?“ „Па, сине тоа е невестата. Сите невести се облечени во бело бидејќи тоа е боја на среќата, а ова енејзин најсреќен ден во животот“ – му одговорила мајката. Перица се замислил, па вели: -„Ааааааа добро! Сега сфаќам зошто чичкото до неа е облечен во црно.“
Сопругата се гледа во огледало: - Остарена сум, цела збрчкана, здебелена и со целулит, драги зарем нема да ми дадеш некој комплимент за да ме расположиш? Сопругот (мангуп): - Драга и покрај се видот те служи одлично!
Му вели свекрвата на домазетот: - Зете расипано е казанчето, поправи го. - Што ми е гајле, не е мое. Наредниот ден: - Зете расипана е кадата, среди ја. - Што ми е гајле, не е моја. Се изнервирала бабата, му ја препишала целата куќа на зетот и следниот ден му вели: - Зете, поправи го казанчето не чини. - Што ти е гајле, не е твое.