Момче и девојка водат љубов и во еден момент момчето забележало слика на еден маж на нејзината маса. - Дали е ова мажот ти? - Не! - одговорила таа. - Љубовник? Нене... - Брат? - Ма не. - Па добро, кој е? - Јас, пред операцијата со која го сменив полот!
Бизнисмен купува џип 4х4 и го паркира пред својот дом. Ноќта, локална пијаница, го гледа натписот„4х4“ зема каменче и пишува „= 16“. Бесен, сопственикот оди на сервис и ја поправа гребаницата. Следната ноќ се повторува истото и така цела недела. Конечно бизнисменот си порачува од компанијата џип со натпис 4х4 = 16 и задоволен си оди. Вечерта пијаницата се прибира накај дома,и пак го гледа натписот,зема каменче и пишува одоздола: „ ПРАВИЛНО!!!“
Се вози Перица во автобус и потпевнува: -Да е татко ми слон, а мајка ми слончица, Јас би бил слонче! Продолжува да пее: -Да е татко ми коњ, а мајка ми кобила, Јас би бил ждребе! Возачот на тоа изреволтирано му вика: -А да е татко ти педер, а мајка ти проститутка, Што би бил? Перица како од пушка: -ВОЗАЧ НА АВТОБУС!
Полагав Кумановац и Скопјанац возачки испит и прашуе га Скопјанац Кумановца : Што да заокружу А , БЕ , ЦЕ или ДЕ ? - Кумановац : ЦЕ бе ! -Скопјанац : Чекај ,чekaj ЦЕ или БЕ ? - Кумановац : а бе ЦЕ ! - Скопјанац : А , БЕ или ЦЕ ?!?! - Кумановац : а бе , ЦЕ , де !!!
Влегува шефот во работилница и го прашува вработениот. - Колку столови направи денес? - Два. - Само два!? Јас до сега ќе направев десет. - Па нормално шефе, вие сте столар, а јас дипломиран економист.
Жената љубоморно го испрашува мажот: - Слушнав дека имаш нова секретарка. Колку години е? - 20. - Како се справува со работата? - Не многу лошо. - Кој ја вработи? - Главниот шеф. - Убава ли е? - Не можам да кажам, тоа е работа на вкус. - Плава ли е? - Да. - Слаба ли е? - Да. - Како се облекува? - Бавно, многу бавно..
И идат швaлерот дома на некоја жена дур маж и' бил на работа. Нејзиниот 9 годишен син упаѓат дома ненадејно, ги здогледвит и се сокриват во ормарот. Мажот исто така ненадејно се појавуват, а жената го стават швалерот во ормарот, не знаејќи дека и синот е внатре. Малиот: Мрачно е овде. Швалерот: Да, мрачно е. Малиот: Имам фудбалска топка. Швалерот: Баш убаво. Малиот: Сакаш да ја купиш? Швалерот: Не, фала. Малиот: Татко ми е надвор, знаеш? Швалерот: Добро, колку пари? Малиот: 250 евра. По неколку недели, малиот и швалерот повторно се сретвет во истиот ормар. Малиот: Мрачно е овде. Швалерот: Аха, мрачно е. Малиот: Имам патики. Спомнувајќи си шо се случило предходниот пат, швалерот одма прашвит: - Колку пари? Малиот: 750 евра. Швалерот: Добро, купувам. Неколку дена подоцна, татакото му викат на синот: - Ај земи патики и фудбал и ќе ојме надвор да играме. Малиот: не можам, ги продадов и патиките и фудбалот. Таткото: ги продаде? за колку пари? Малиот: заедно за 1000 евра. Таткото: Илјада евра?? Па тоа е грозно, така да ги дериш своите пријатели... то е многу појќе отколку шо тие работи вредат... одма те носам в црква за да се исповедаш! Таткото го зел синот, го однел во црква и го остајл во просторијата за исповедање. Малиот: Мрачно е овде! Попот: еј, ај не ми почнувај пак со тоа срање! Кажи одма колку сакаш?
Девојка - Убава ли сум ?? Дечко - Дааа тоа го мисли целиот град! Девојка - За кој град мислиш мили? Дечко - Па оној на Северина во песната Град без луѓе
Жената: Јас за тебе сум како Пепелашка. Готвам, пеглам, перам, чистам... Мажот: Нели ти реков дека ќе живееш како во бајка кога ќе се омажиш за мене
Се жали гостин во ресторан: -Келнер, чинијава што ми ја донесовте е влажна... -Тоа е вашата супа, господине. Една жена ја прашува својата пријателка: -Веруваш ли во живот после смртта? -Како не ма, откако умре маж ми јас се чувствувам како да сум во рајот. Мајката и таткото го однеле малиот Перица на венчавка за прв пат во неговиот живот. Перица разгледува наоколу и во еден момент ја прашува својата мајка: -Мамо, зошто онаа тетка е облечена целата во бело? -Па, сине, тоа е невестата. Сите невести се облечени во бело бидејќи тоа е бојата на среќата, а ова е нејзин најсреќен ден во животот. Перица се замислил па вели: -Аааа добро! Сега сфаќам зошто чичкото до неа е облечен во црно. Влегува плавуша во воз со еден голем куфер. Во купето се неа бил и Итар Пејо. Кога влегла таа, наеднаш прднала. -Ве молам, може ли ова да остане меѓу нас! -Не се зафркавај, отварај прозорот веднаш!
Зошто во Шпанија нема акција „сподели Кока Кола“? - Затоа што Алехандро Хозе Марија де Мерцедес Еспарагуза не го собира на една кока кола.
Дошол цајкан каде шефо и му рекол: - Шефе, сепак ние цајканите не сме најглупави… - Зошо? - Па питам еден човек колку е саато, а тове ми вика 5 и 5 наместо одма да ми каже 10!
Скопски "мангуп" возел на автопат преку 150 км на час. По излез од тунел го сопира полиција и му вика дека ќе му ја одземат дозволата заради пребрзо возење. - Пребрзо? Нема везе чоек, не шибав поише од 80. - Дечко, имаме камера во тунелот, сè е снимено. Претeкнувавте четири пати, се вртевте под рачна и замалку избегнавте 3 судари. А мангупот вика: - Пеер, а ќе ми го изрежеш тоа на ЦД?
Цветко тркалал буре по улица. Го среќава Трајче и го прашува што прави. - А бе докторот ми кажа да донесам мокрача по еден месец. Професорот: Ноне ти реков станеш да одговараш! Ноне: Абе станата сум! Честито бебе! Да ви е живо и здраво! - Благодарам! - Како го крстивте? - Издислав. - На кого?!?!?! - На песната од White Snake "Is This Love?