Прашуе га жена мужа: - Разговара ли с’с твоега шефа? - Да. - Кажа ли му дека ми двоица не можемо да преживимо од твоју бедну плату? - Кажа му. - И он што ти кажа? - Да се разведу.
Јаболки Eдна баба продавала јаболка на пазар: - Ајде јаболка од Чернобил, ајде јаболка од Чернобиил... Поминува некој човек и и вика: -Бабо, ти си луда бре, не викај така - кој ќе ти купи радиоактивни јаболка ? А бабата му вели: - Купуваат синко, купуваат, те свекрва за снаа, те снаа за свекрва...
Некој човек скршил вазна и неговиот пријател му вика: -А,бе знаеш дека е таа вазна 700 години стара? Овој другиот му враќа: -Ух,фала му на Бога!А јас си мислев дека е нова!
Седат четири другарки во кафич и едната го прашува келнерот: - Извини, како е пасвордот за Wi-Fi ? Келнерот: - давеебекелнерот. - Одвоено или ? - Не! Сите заедно.
Каде да ја допирате жената ако сакате да ја излудите??? Па ако е била на фризер по косата.. Отишол Трпе со Трпана на одмор во Тексас. Трпе отсекогаш сакал автентични каубојски шпицасти чизми, па веднаш купил еден пар на распродажба, ги облекол и се вратил горд во мотелот. Влегол во собата па и рекол на Трпана: Приметуваш ли нешто поразлично на мене? Трпана го погледнала па му рекла: Не. Фрустриран, Трпе оди во купатило, се соблекол гол и ги оставил само чизмите на нозете. Повторно прашува, овој пат малку погласно: А, СЕГА, приметуваш ли нешто поразлично? Трпана го крева погледот и му вели: Трпе, што е поразлично? Виси денес, висеше вчера и утре пак ќе виси! Бесен, Трпе почнал да се дере: А, знаеш ли ти воопшто зошто виси?! НЕ! – одговорила Трпана. Виси затоа што ги гледа моите нови чизми!!! – викнал Трпе. Трпана на тоа му одговорила: „Требаше да купиш шешир, Трпе, требаше да купиш шешир..."
Судија га прашуе лопова: - Оженет ли си? - Не сам и никад нема ни да се жену! - Толко паметан човек си, а крадеш!
Дечко и вика на некоја девојка: - Ти си како Барбика. - Фала тишто мислиш дека сум убава и згодна. - Не, не мислев на тоа! Туку дека си пластична и без мозок.
Две плавуши седат во некое кафуле и си муабетат за нивната пријателка, исто плавуша: - Разбра, ма? Мила се удавила летоска на море… - Што збориш, ма? Стварно? Како се случило тоа? - Да, стварно. Одела крај пристаништето и во еден момент паднала во вода. - Па нели таа знаеше да плива, и тоа добро?! - Е, да, знаеше, ама некоја неписмена будала баш тука ставил табла „Забрането пливање“. Шетаат две плавуши и едната вели “Ејј види куче со едно око!“ Другата плавуша замижува со едното око и вели “Кај е?“ Плавуша оди на интервју за работа во полиција. Шефот на полицијата: - Ќе ви поставам неколку прашања. Колку е два по два? - Аааа… четири. - Во ред. Квадратен корен од 100? - 10? - Добро. Кој го убил Гоце Делчев? Плавушата молчи. После некое време рекла: - Не знам… - Добро, размисли и дојди утре. Пријателката и се јавува на плавушата: - Те вработија ли? - Не само што ме вработија, – се фали плавушата – веќе ми дадоа и истрага за убиство да водам. На влашка свадба секој на свое чело си лепи пари. Нема друг јазик во светот во кој има четири степени на споредување. На македонски има – далеку, подалеку, најдалеку, УПМ.
Наставничката им вели на децата: -Кој се смета за будала нека стане! И Трпе станал... -Зошто Трпе се сметаш за будала? -Па наставничке жал ми е сама да стоите!
1. Сакам да купам куче, а жена ми не ми дава. -А мислиш ли дека кучето ќе ти дава? 2. Каде да ја допирате жената ако сакате да ја излудите??? Па ако е била на фризер по косата...
Мало девојче ја прашува својата мајка: – Мамо, што значи изразот размена на мислења? - Мила, тоа е кога татко ти ќе дојде дома со свое мислење, а ќе замине 5 минути подоцна со мое мислење.
Трпе и вика на Трпана: - Срце слободна ли си викендов? - Да! - Епа со тие бркови и нареден викенд ќе си слободна
Haaaaaaaaa.......Се јавува швалерката кај жената: -Ало...Аце ми треба? -Кој го бара???-прашала жена му -Другарка од средно! -Кое средно мори..он, осмо нема завршено?!
Ѕвони телефонот во туристичка агенција: - Добар ден, за Египет аранжами имате? * Се разбира господине. - А за кои места? * Шарм-ел-шеик, Таба, Хургада... - Еее супер. Хургада одговара. *А кога планирате да летате? - Да летам? Не бе, јас крстозбор решавам.