Носи синот три девојки дома и уште од врата и вика на мајка му -Мамо погоди која ќе ти биде снаа. А мајка му -Третата сине. - Е како погоди. -Па само што влезе почна да ме нервира. ахахаххах
Едeн ден не бев у школо и одма другиот ден ме прашува учителката зошто сум отсуствувал: -Па учителке бев на погреб. -Кој умре? -Баба ми! -Жал ми е. А што се деси? -Епа вака, се качи баба на оџак, се лизна и почна да паѓа, се фати за ќерамидите и сите ги сруши, после се фати за олукот и него партал го направи, па го скрши прозорот, па се фати за терасата и терасата ја откорна... -Лелеееееееее иииии ПОСЛЕ??? -Што и после?! Да не ја утепа дедо со пушка, цела куќа ќе ја срушеше!!!
Преполна плажа, малиот Дарко отпливал доста далеку од брегот. Станала неговата мајка и му викнала: - Даркооо, немој да одиш многу далеку. Може да те фати грч! Неколку секунди подоцна една плавуша му вели на синот: - Пероooo, сине мој, не иди многу далеку, има грчеви.
-Зошто к***то е розево? -Пошто е за девојчиња - Тате, сакам да се запишам на балет. - Немој, сине, тоа е многу болна уметност. - Зошто? - Затоа што ќе ти ги скршам ноџињата!
Hатпис на геј бар : - Влезот е од позади. - Од кај доаѓаш ? - Од салон за убавина. - Е што? затворено беше ??
Две плавуши возеле камион, стигнале до некој мост и едната и вика на другата: - Мостот е висок 3 метри, а камионов е 3 ипол метри - Гледаш негде полиција? - Не! - Вози!!!
Влегува крадец дома и непланирано ги начекува мажот и жената, па решава да ги убие. На жената и вика: Како се викаш? Таа: Ана Крадецот: Ај нема да те убијам, така се викаше мајка ми. На мажот: Ти? Мажот: Миле, ама сите ме викаат Ана.
Отишол Зоран Ставрески кај Никола Груевски и му вели: - Господине премиер, последниов месец успеавме да ја намалиме невработеноста за 381 лице. Груевски: - Нека им е лесна земја.
Отишла некоја баба куде доктора на контролу. Штом улегнала куде доктора, одма му се пофалила: - Докторе, ја Ве послуша и купи си апаратче за слушање. Ама не купи од тија ви што ми ги кажасте, пошто много су скупи… - Добро. А како е муж ви? - Ма некој кинески. За само 10 евра га купи!
Во такси влегува баба со пушка. Таксистот зачудено ја прашува: - Зошто ви е пушката? - Такви времиња дојдоа, силуваат. - Кој ќе те силува па тебе?! Бабата ја вперува пушката накај таксистот и намигнувајќи кажува: - Ти!
Човек се нашол на суд обвинет за убиство со предумисла. Судијата го прашал: Овде се работи за крваво убиство. Како ќе се браните? Обвинетиот: Мојата жена беше глупава, морав да ја убијам. Судијата: Сигурно не мислите на тоа да останете, не го сметам за олеснителна околност. Обвинетиот: Па добро, ценет суде... да раскажам како беше. Живеевме во една зграда. Над нас живееја две деца со многу низок раст, еден ден во разговор со жената и велам дека навистина е тажно што тие се толку малечки. -Да, вели таа, тоа се Пиринеи. -Мислиш Пигмеи? -Не, Пигмеи е она што ни е под кожата и поради што поцрнуваме. -Тоа е пигмент. -Не... пигмент е она што го пишувале старите Египќани. -Господи жено... тоа е пергамент. -Не, пергамент е кога некој ќе прочита или прикаже еден дел од некое дело. -Почитуван суде, веројатно претпоставувате дека веќе немав волја да и објаснувам дека се работи за ФРАГМЕНТ. Седнав на каучот и читав весници. Набрзо дојде жена ми со книга во рацете, легна покрај мене, ја отвори книгата и почна да чита некој текст: -Душо, гледај, Сончевата тераса од рачна торба била учителка на макро 14. И ја зедов книгата, ја погледнав и и реков: -Драга, ова е книга на француски и тука пишува: La marquise de Pompadour est la Maitresse de Luis 14, а тоа значи дека маркизата де Помпадур му била љубовница на Луј14. -Не, рече таа. Ла Маркиза е сончева тераса, Помпадур е рачна торба, Ла Метреса е учителка а Луј14 е макро. Јас тоа сигурно го знам, не одев џабе на курс по француски со мојот легионар. -Мислиш... лектор? -Не, Лектор е еден старогрчки херој. -Тоа беше Хектор и беше Тројанец. -Не, хектор е мерка за површина. -Мерка за површина е хектар. -Не, хектар е пијалак на боговите. -Не не, тоа е река во Германија. -Реката во Јужна Германија се вика Некар. -Не го знаеш ти тоа, уште како малечка пеев со другарките во дуо за реката Нектар. -Мислиш... во дует? -Не, дует е кога играат Реал и Барселона. Пеевме и за римските радијатори. -Мислиш гладијатори? -Не... Почитуван суде, тогаш го земав чеканот и ја мавнав по главата... конечно заќуте. Судијата: Обвинетиот се ослободува, јас би ја акнал уште кај Хектор.
- Како се викаш? - Фатмаѓул. - Епа тоa ти е. Таква ти била судбина! Се запознаваат дечко и девојка и таа му вика: ''Јас сум Тина''. тој: ''Тина од од Валентина?'' таа: ''Не.'' тој: ''Тина од Мартина?'' таа: "Не." тој: "Тина од Климентина?" таа: "Не." тој: "Е од што де?" таа: "Тина од курветина"
Син га прашуе татка му. - Тато што е тој меѓу ноге на маму? - Рај сине!! - А што е тој меѓу твои ноге? - Кључ на рај, синко... - Епа тато, подобро да си гу смениш браву зашто и комшија има кључ!!!
Ало , злато , куде е кафе не можу да га најду? - Абе как'в муж си ти ништо неможеш да најдеш, па све ти е тамо очи ке ти извади бре, ајде отвори га плакар и види има ли плава кутија Вегета ? - Да има ... Па те ти га кафе !