* Ohrigjanec shetat srbinki niz grad -ova e plostadot, ova e spomenik na sv.Kiril i Metodij, ona na sv.Kliment, ovde se otkrieni temeli na crkva... srbinkata - daj pricaj ni malo o tome ohrigjanecov - pa Tome e mnogu fin decko... *Decko na kasa vo Tinex kupvit prezervativ prodavackata - decko sakas kese? deckoto - ne trebit, ne e tolku grda
Трпе ја прашува наставничката: -Наставничке , ги прегледавте ли тестовите? Наставничката му одговара; - Па имам и друи ученици освен вас! - Наставничке, јас не ја напишав домашната работа! - Зошто Трпе ? - Па имам и други наставници освен вас... Трпе сe враќа од работа и Трпана му вика: - Син ти ме нарече кучка... - Aх тој кучкин син!!!
Си пасела трева една крава на ливада и така натртена ја гледаат Американец,Англичанец и Трпе. Американецот: -Ех,да беше Ријана! Англичанецот: -Е,да беше Викторија Бекам! Трпе: -Ах,да беше темница! Еден млад човек се вратил порано од работа и ја гледа жена му којашто си гледала сапуници пред телевизорот.Жената била многу изненадена затоа што мажот се вратил рано од работа и го прашала мажот: -Што си се вратил толку рано дома? -Шефот ми рече да одам по ѓаволите!-изнервирано и уморно и одговорил мажот.
Мамо! летаат ли ангелите?? -Да душо! -Тато вчера и рече на чистачката дека е ангел, а јас никогаш не сум ја видел да лета. -Утре ќе ја видиш.
Девојката: Не се чуствувам добро денеска. Дечкото: Штета, a баш мислев да те носам на шопинг. Девојката: Хаха, јас се шегувам! Дечкото: Знам, и јас се шегувам.
Цветко гледал емисија по географија и видел дека сонцето ќе згасне за 4-5 милијарди години. Загрижен си рекол: - Таман ќе влезиме во ЕУ,ете ти нов проблем. Се возел Цветко во автобус и седнал до некоја кинескиња. Па така седеле поголго време кога таа решила да му го каже нејзиното име за да се запознаат. И му рекла: - Јапичекојама. На тоа Цветко зачуден и рекол: - Што?! Таа повторно: - Јапичекојама. Па Цветко си помислил таа мене ќе ме заебава и и рекол: - Јакуркосалама! Отишол Грујо во посета на македонските војници во Авганистан и го прашува еден од војниците: - Војниче, колку е часот? - 1 и 45, одговорил војникот. - Е мој војниче не се одговара така, требаше вака да ми одговориш: "Благодарение на владата на РМ сега е 1 и 45". Никола го прашува другиот војник: - Војниче, колку е часот? - Благодарение на владата на РМ, јас немам саат!
-Здраво девојко... -Имам дечко!!! -А, бе, и јас имам, туку за ташнава сакав да те прашам од кај ти е?
Се враќа мажот дома порано и гледа гол маж. -Кој е овој, а? - Па од ЕВН. - Како од ЕВН, па зошто е гол? - Таков имале - таков пратиле
- Што има брате? Од кај си? - Од Македонија! - Е? Супер, и јас сум од Македонија. Да мавнеме по една за Македонија? И пијат една тура заедно. Првиов пак прашува: - А, од кај од Македонија? - Од Охрид. - Ух, Охрид!! Браво друже и јас сум од Охрид! Дај да мавнеме уште по една тура за Охрид!! - Како се викет мајкати и таткоти? - Трајан и Гордна!! Аман бе и мојте така се викет ај да мавниме уште по една за нив!!! Се напиле уште една тура кога првиов пак: - А,во кое школо си учел средно? - Па, матурирав тука одма кога ќе излезеш, лево. - Леле, и јас! Дај уште по една чашка! И така пијат уште две тури, кога во кафаната влегол некој стален гостин па го прашува келнерот: - Па, што има денес? Келнерот му одговара: - Ништо друже, близнациве пак се камен пијани!
Седат бринета и плавуша. Поминува тип на мотор и бринетата и вика на плавушата: Бринета: Ова Suzuki беше? Плавуша: Не, Горан беше. Го знам.
- Зошто и раскина брат? - Не можам брат многу сериозна почна да станува работата, фати да ми порачува фамилијарни пици и да фаќа бидермаири по свадби!
Во лудница, некој лудак си седнал на страна и си пишува нешто. Доаѓа докторот и го прашува: - Што пишуваш? - Љубовно писмо. - На кого? - На сам себе. - И што пишува во него? - Немам поима, сеуште не сум го добил. ------------ Жената го прашува на мажот: - Мили, што би направил кога би паднала в река? - Па, би потрчал во селото по помош! - Но, селото е далеку! - Е па за тебе мила јас би трчал и многу подалеку... ------------- У некоју дискотеку, полицајац приваѓа на некоју згодну плавушу и ву вика: - Здраво. Ја сам Слободан. На тој плавуша се насмеала и одговара: - И ја сам! Полицајац збунето: - Свашта! Толко убава девојка, а вика се Слободан!.. ------------- Двајца пијаници зборуваат и едниот вели: - Брат, да ти викам ли такси? Другиот: - Брат, викај ме како сакаш... --------------- Ми стигна денес писмо од банка и пишува со големи букви ---> ПОСЛЕДНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ <--- ,конечно веќе на раат ќе ме остават.
Златни Македонски правила : Во шише од кока кола ставаш туршија феферони Во кутија од сладолед чуваш сарма Во шише од сируп чуваш зачини На ќерката и викаш сине Далечинскоит управувач ти е намотан со најлонче Собираш кеси,за секој случај Со истиот зејтин готвиш барем двапати Во сјајот за садови ставаш вода Пастата за заби ја виткаш во ролна ....................................... Додека гостите ти се дома молчиш,а ги испраќаш пола час на врата. :
Господ се симнал на земјата, за да ги учи луѓето. Отишол кај Французите и рекол: -Јас доаѓам кај вас со заповеди. -Какви заповеди? - Прашале Французите. -Па, на пример "Не врши прељуба".... - О, не, тоа не е за нас. Отишол кај Американците: -Јас доаѓам кај вас со заповеди. -Какви заповеди? - Прашале Американците. -Па на пример "Не убивајте".... -Не, Господи, ние имаме толку многу војни да водиме. Отишол кај Италијанците: -Јас доаѓам кај вас со заповеди. -Какви заповеди? Прашале Италијанците. -Па, на пример "Не крадете". -Е, како? Ние живееме од кражби! Отишол кај Евреите: -Јас доаѓам кај вас со заповеди. -Колку чинат? -Ништо не чинат! Јас ви ги носам бесплатно! -Тогаш дај десет....