Си праат муабет Блажо и Нацо: -Блажо шо глеаш прво, убава женска каа че помине? -Гледам дали ме гледа Мара моа.
Мажот ја прашува жена си: – Што ќе направиш ако добијам на лото? Таа: – Ќе ти земам пола и ќе те оставам. Тој: – Хм, добро тогаш, добив 100 денари, еве ти 50 и да те нема…
Две плавуши одат во ресторан. -Едната го прашува келнерот како е пасвордот на wi-fi то. -А келнерот и вика daveebekelnerot -А на тоа плавуша одговара:Заедно или одделно? ахахахаххаха кој свати свати
Оди Петко на интервју за работа и го прашуваат дали добро го владее англискиот јазик? -да да многу добро го владеам -ај тогаш употреби го зборот allow во реченица. - алооууу кој е на телефон?
Си седат две другарки плавуши и си разговараат и едната вели: - Го изневерив маж ми на кожната столица и сега имам грижа на совест и сакам да ја продадам! Како ме советуваш? - Ако гледаме така, мене ќе ми останат само лустерите.
Трпана му вика на Трпе: - Душо сакам да ми купиш ајфон. - А тој другиот шо го имаш? - Тој ќе ми купи лаптоп. Збоpиф две кумановке и едната вика: - А мори, што не га исечеш овуј стару кајсију? - Ааа не, ќе га чувам за успомен, свекрва ми обесија се на њума! - Епа штом е такој, да ми дадеш калем! Трпе запира такси и го прашува: – Извинете, колку ќе ме чини да ме однесете до центарот? – 100 денари. – А ако се качи и жена ми? – 100 денари. – Виде ли ма, ништо не вредиш.
Како децата да бидат нормални кога: -Тарзан шета гол -Снежана спие со 7 мажи -Пепелашка си оди дома после 12 -Аладин организира крадци -Бетмен вози со 320 км/ч -Пинокио само лаже.
На Заев и на Груевски истовремено им стигнува шифрирана СМС порака S370HSSV-0773H. Ги ангажираат и сегашните и бившите разузнавачи да ја дешифрираат пораката, но никако не успеваат. Му ја даваат на Обама, овој ја ангажира својата агенција, но пак не успеваат да ја дешифрираат. Обама и ја препраќа пораката на Меркел и ја прашува дали може да ја дешифрира. Меркел му ја дава пораката на својот најстар и најискусен разузнавач, старчето ја гледа и и вели: „Иста ваква порака доби и Хитлер во Втората Светска Војна и многу лесно се дешифрира. Само свртете го ливчето и читајте.“
Една жена и се жали на пријателката: – Мажот ми е одвратен! Нон-стоп зборува за неговата мајка – мама ова, мама она, мама така готви, на мама она и се допаѓа… – Треба да го потсетиш дека и ти си жена, та да ти обрне внимание. Облечи нешто секси и изненади го. Вечерта мажот се враќа дома, а жена му го чека во црна чипкана долна облека, црна проѕирна наметка и црни ракавици. Мажот извикува: – Оф леле! Целата си во црно! Да не и се случило нешто на мама?
Иде нова група жени на небото, и сите се наредиле у врста пред Господ и Св. Петар... Господ заповедува: -Сите жени што го изневериле мажот, чекор напред.. Сите исчекоруваат само една останала и Господ му вика на Св. Петар, -Оди види, да не е глува oваа...
Звоне поштарот кај Блажо дома, му отвара Пер'то со цигара у устата, со шише ракија у едната рака и Playboy у другата, и го прашуе: ---Пере, дома ли се татко ти и мајка ти бре.... ---А ти шо мислиш......
Новинарка разбрала дека некој овчар од плачковичките села забележал вонземјани и отишла да истражува .Го пронашла овчарот и започнала интервју: -Кога забележавте дека вонземјани летаат над вашата колиба? -Вчера вечерта кога почнав да ги прибирам овците во трлото. -Како изгледаа? -Не ги видов во лице,но летаа со прекрасна летечка чинија. -А,твоите колеги што рекоа за нив? -Кои колеги?!Зарем не гледаш дека сум сам во планинава?! -Па,како издржуваш сам без жена толку време?! -Паа...од време на време разгласувам дека сум видел вонземјани и туп...доаѓа некоја секси новинарка! Име и презиме:-Цветко Цветковски Година на раѓање:-1980 Брачна состојба:-Неподнослива
Шефот на полицајците оди порано во полицијата и на влез го прашува дежурниот: – Има ли некој во зградата? – Има. – Кој? – Јас. – Не бе, идиот! Прашувам, има ли некој друг освен тебе! – Да. – Кој? – Вие.
Дошао Мујо из Америке па га пита Хасо: - Болан Мујо, како је у Америци ???? -Е мој Хасо, они су ти 30 година иза нас, ТАМО ЈЕ ЈОШ УВЕК ДОБРО!!!!
Се договараат двајца полицајци по телефон да одат на ''Лебедово езеро ''. Се среќаваат на договореното место. Едниот полицаец му вика на другиот : - Абе што си се облекол во костим за пливање ,не одиме на езеро на балет ќе одиме. На што другиот му одговорил : Ццццц нашол кој да ми кажува , ти на ''Свадбата на Фигаро'' дојде со подарок