Браво пријателе! Таква љубов ретко се гледа. Десет години сте во брак, а уште се држите со жена ти за рака. - Морам. Ако ја пуштам, одма ќе влезе во некој бутик.
Влегува арамија... -Давај 100 кила злато оти ќе те убијам. - А нели може 120 кила? - Може - Маре станувај злато мое,овој по тебе е дојден!
Која е разликата помеѓу Македонска и Француска жена ? Французинката од левата страна има маж, од десната љубовник, зад себе си сомнително минато, пред себе светла иднина, а на главата шапка. – Македонката од левата страна има 3 полни најлони од самопослуга, од десната страна 2 деца, зад себе си убаво минато, пред себе не гледа иднина, а на главата маж.
Избил пожар во едно болничко крило, па дошле пожарникарите и го изгаснале. Еден од пожарникарите му поднесува извештај на дежурниот лекар: – Пожарот е успешно изгаснат, но имаше седум повредени. Им дадовме вештачко дишење и петмина ги вративме во живот. За другите двајца, за жал не можевме ништо да сториме. Докторот само се фатил за главата и изустил: – Како тоа петмина вративте во живот? Па Луѓе, вие гасевте пожар во мртовечницата…
Чека селанец пред ординација за преглед и на крајот излегува докторот и вели: – Готово за денеска! – А јас од село што идам со ПЕЧЕЊЕВО што да правам? – Сите дома, а ти со печењето влези и кажувај. – Многу ме пече кога мочам, шо да прам?
– Добро де, ќерко! Што не ти се допаѓа кај Цветко?! Млад, убав, со добра работа, сака да те земе за жена… – Црвенокос е мамо! – Тоа не е никаков проблем. Да помине 1 година со тебе и ќе обели…
Зошто плавуша никогаш не го пишува бројот 11? -Пошто не знае која единица прва да ја напише. (Извинете плавуши, ова е само виц).