Вечерта пред 8-ми март, златара. – Овој прстен со брилијантот ќе го земам. Ставете го во кутија. А сега во уште една малку поголема. – Сигурен ли сте? Во втора кутија? – Да! А сега и во таа. И во таа поголемата исто така! И во најголемата, сината… и ако има некоја уште поголема… Продавачката со чудење го исполнува барањето на муштеријата. Потоа тој вели: – А сега убаво со кафеав селотејп залепете околу целата кутија. Повеќе пати, повеќе… – Ова е подарок за вашата девојка? Нема ли да се налути? – Ништо, ништо! Да види како е! Таа цели две години не ми даваше. Какви видови на тројки постојат? Студентска тројка: – Двајца прават, третиот се прави дека спие. Руска тројка: – Маж, жена и мечка. Италијанска тројка: – Двајца зборуваат дека ќе прават тројка, третиот исто така зборува. Еврејска тројка: – Двајца прават, третиот ги уредува правата за емитување. Арапска тројка: – Двајца прават, третиот подготвува динамит и соопштение. Авганистанска тројка: – Еден е*е, другиот ја држи козата. Македонска тројка: – Еден е*е, другите двајца му кажуваат како. Албанска тројка: – Голф тројка.
Плавуша на испит по литература. Професорот ја прашува: – Колку живеел Марко Цепенков? – Па… – почнува несигурно плавушата. Професорот за да и помогне и покажува кон сликата на Марко Цепенков на ѕидот, каде под името стојат годините 1829-1920. – Сега ќе се присетите колешке. Плавушата почнува да смета и после неколку минути победнички извикува: – 51 минута! Од шест и дваесет и девет до седум и дваесет часот!
Ваљда муж ми ќе ми даде некои паре за 8 март, да ги однесу коначно дома нови штикле и ташњу што ги чувам у канцеларију сас месеци.
Дегустаторот во една фабрика за вино починал па затоа компанијата решила да вработи нов дегустатор. На огласот за работа се пријавил еден тежок пијаница со искинати и нечисти алишта. Директорот на кадрово размислувал како да го избрка, па решил да го истестира неговото познавање за вината очекувајќи дека нема да може ниту бело од црвено вино да разликува. Му дал чаша со пијалак. „Ова е мускат, 3 години стар, созреан во метални буриња.” „Точно!” – рекол директорот. Му дал и втора чаша. „Ова е црвено вино, кабернет, старо 8 години, чувано во дабови буриња.” „Точно” – рекол директорот вчудоневидено, давајќи и знак на секретарката. Таа донела чаша урина. Пијаницата ја пробал и рекол: „Плавуша, 26 години, бремена во трети месец. И ако не ми ја дадеш работата ќе кажам и чие е детето!”