Вицови

Дискусија во 'Насмевка' започната од Mimi, 22 ноември 2009.

  1. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    159
    Докторе уште колку од животот имам?
    - За жал уште само 10.
    - Што 10 месеци, недели...
    - 10,9,8,7...!

    Муабетат двајца пријатели во кафана:
    - Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
    - Ај, шо збориш, од една само???
    - Да бе, и тоа обично шестата.

    Влегува војник во продавница и прашува:
    - Имате крема за чевли бр. 42? Продавачот одговара:
    - Имаме крема за сите чевли. Војникот упорен:
    - Ама јас сакам крема за чевли бр. 42!
    Се карале тие така додека на крај војникот не си отишол.
    Утредента доаѓа командирот и продавачот му вика:
    - Леле, што глупи војници имате, ми бараат крема за чевли бр. 42.
    - Остави ги, тие се глупави, него дај ми ти мене игла за бел конец.
     
  2. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Студент иде до кај Професор и го моли за 6.

    С : Професоре дај пиши ми 6 да ја земам годинава, да не ме бутнат за еден испит.
    П : Ако изброеш колку сијалички има овде во собава.
    С : (Брои) еден два три четири пет шест (и му вика) шест Професоре.
    П : (Професорот изваѓа една сијаличка од џеб и му вика) е неточно изброи и оваа во џебов што ја имам вкпуно се седум.

    Два дена подоцно...

    Студентот пофторно го наоѓа Професорот и го моли...

    С : Професоре дај молимте пишими 6 уште твојот испит да го земам и ја минам оваа година.
    П : Е ај повтороно изброи колку сијалички има во собава.
    С : (Брои) еден два три четири пет шест (И му вика) седум Професоре.
    П : Е кај најде сега седум јас немам сијаличка у џеб овој пат.
    С : (Изваѓа сијаличка од неговиот џеб и му вика) Сега јас имам.



    Синот возбудено и зборува на мајка си дека е заљубен и дека планира да се жени. И вели:
    - Мамо, за забава, дома ќе донесам три девојки, а ти обиди се да погодиш со која ќе се земам.
    Мајката се сложила со планот и следниот ден тој навистина довел дома три прекрасни девојки и ги седнал на троседот за сите заедно да поразговараат малку.
    После разговорот, синот прашал:
    - ОК мамо, ајде погоди со која ќе се женам.
    - Со таа во средина - одговорила мајка му без двоумење.
    Синот збунет: Неверојатно! Како знаеше?
    - Таа не ми се допаѓа - одговорила мајката.

    Влегува каубоец во
    салун, нарачува виски и таман да се напие, се слуша глас: - Пази, ќе ти
    го земат коњот! Овој вади пиштолите, излетува надвор и потепува све живо
    околу коњот. Влегува, пак нарачува, таман да се напие, пак истиот глас:
    - Пази, ќе ти го земат коњот! Пак вади пиштоли, излегува, потепува уште
    ... дузина луѓе, трет пат влегува, нарачува, и таман кога би требало да се
    слушне истиот глас, шанкеров им добацува на група луѓе што седат на маса
    во ќошот:

    - Дечки, ај бе потивко со тоа шахот!
     
  3. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    159
    Остарела некоја жена, па децата една вечер ја однеле во старачки дом, за подобро да се грижат за неа. Утрото, две сестри ја станале старата, ја избањале, ја облекле, ја најале и ја седнале на столица на терасата со поглед на прекрасна цветна градина. Поминало некое време, старицата почнала да се наведнува на едната страна. Го забележале тоа сестрите, притрчале и одма ја исправиле. Поминале уште пет минути, ете ја пак старата пак се наведнува сега на другата страна. Пак притрчале сестрите и ја исправиле. Така си правеле они некое време додека не дошле децата на жената. Ја прашуваат тие:
    -Како си мамо, се грижат ли за тебе добро, ти се бендисува ли?
    - Абе добро е све, супер е, само од сабајле не ми даваат да прднам!

    Умрела некоја крава и отишла во рај за крави. Само што стигнала и другите крави ја прашуваат:
    - Што ти беше ма, шап? Лигавка?
    - Не бе, крштевка.
     
  4. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Jednačina 1

    čovek = jede + spava + radi + uživa
    magarac = jede + spava

    Znači:
    čovek = magarac + radi + uživa

    Odnosno:
    čovek - uživa = magarac + radi

    Drugim rečima:
    čovek koji ne zna kako da uživa = magarac koji radi


    Jednačina 2

    muškarac = jede + spava + zarađuje novac
    magarac = jede + spava

    Znači:
    muškarac = magarac + zarađuje novac

    Odnosno:
    muškarac - zarađuje novac = magarac

    Drugim rečima:

    muškarac koji ne zarađuje novac = magarac


    Jednačina 3

    žena = jede + spava + troši novac
    magarac = jede + spava

    Znači:
    žena = magarac + troši novac
    žena - troši novac = magarac

    Drugim rečima:
    žena koja ne troši novac = magarac

    ++++++++++++ +++++++++ +++++++++ +++++++++

    Da zaključimo:

    Iz jednačine 2 i jednačine 3 jednoznačno sledi:

    muškarac koji ne zarađuje novac = žena koja ne troši novac

    Znači:

    muškarac zarađuje novac da ne bi dozvolio ženi da ispadne magarac,
    a žena troši novac da ne bi dozvolila muškarcu da ispadne magarac!

    Dakle, imamo:

    muškarac + žena = magarac + zarađuje novac + magarac + troši novac

    Konačno, iz dosada navedenih jednakosti možemo da izvedemo zaključak:

    MUŠKARAC + ŽENA = 2 MAGARCA KOJI SREĆNO ŽIVE ZAJEDNO! :D :D
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  5. marija7

    marija7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    8
    Влегува во авион адвокат и го сместиле на седиштето до Мујо.
    Адвокатот го измеркал Мујо и си мислел: припрост сељак, дај малку да утепам време со него.

    Па го прашал Мујо: Ајде малку да утепаме време, да играме некоја игра?

    Мујо: Ма, уморен сум...

    Адвокатот: Ајде вака, јас ќе те прашам нешто ако не знаеш ти ќе ми платиш мене 5 евра, а ако јас не знам ќе ти платам тебе 500 евра.

    Мујо го гледал: Е, Ајде де ајде!

    Прашува адвокатот сигурен во себе: Колку е оддалечена земјата од месечината?

    Мујо извадил 5 евра: Не знам.

    Адвокатот: Ајде прашај ме сега ти мене

    Мујо: Што е тоа оди нагоре со три нозе, а се симнува надоле со четири?

    Адвокатот мислел...отворил лаптоп, гуглал...никаде нема одговор.
    Поминал 1 час, ништо не нашол па вади од новчаникот 500 евра и му ги дава на Мујо. Мујо ги зел парите и продолжил да спие. Овој уште се мислел...

    Не можел да издржи па го разбудил Мујо:

    - Па добро, што е тоа што оди нагоре со 3 нозе, а надоле со 4?

    Мујо му дал 5 евра и му рекол: Немам појма!
     
    На doutzen и pink4ever им се допаѓа ова.
  6. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    После редовниот тренинг во кошарка на група пријатели, во соблекувалната, наеднаш ѕвони мобилен телефон и еден од мажите се јавува, но ja уклучува...
    ...“hands-free” опцијата. Сите во соблекувалната молчат и слушаат.
    Мажот: Ало?
    Жената: Душо, јас сум. Играш кошарка?
    Мажот: Да.
    Жената: Јас сум во трговскиот центар и најдов една преубава бунда. Само 1.000 долари е! Може да си ја купам?
    Мажот: Штом толку ти се свиѓа, купи си ја.
    Жената: Исто така, по пат застанав и до салонот на Мерцедес, ги видов новите модели за 2009. Видов еден што е створен за мене!
    Мажот: Колку е?
    Жената: 90.000 долари.
    Мажот: Добро, но за таа цена очекувам да има сé внатре.
    Жената: Супер! Но, има уште една работа... Куќата што ја сакав е пак на продажба. Сега бараат 950.000 долари.
    Мажот: Штом е така, добро, само понуди им прво 900.000 долари. Најверојатно ќе ги прифатат. Ако не, дај им ги и останатите 50.000 долари. Навистина е добра цената.
    Жената: ОК, ќе се видиме подоцна! Те сакам најмногу!

    Мажот ја спушта слушалката. Другите мажи го гледаат со подотворени усти, не им се верува што виделе...

    Тогаш тој се насмевнал и им вика: Да не знае некој чив е телефонов?
     
  7. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Му купиле на малиот Трпе патики.Тој почнал да им се радува. Но првите денови тој не ги вадел од кутијата.
    -Абе Трпе, зошто не ги носиш новите патики што ти ги купивме пред 2 дена?
    - Мамо, па продавачката рече дека првите 2-3 дена можат да ми направат плускавици, па затоа решив да ги носам по 2-3 дена!
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.820
    Пол:
    Женски
    Трпе го заспива својот син:
    -Мирно спиј, злато, за ништо не грижи се. Ако во текот на ноќта ти притреба што било, само викни го тато, па мама веднаш ќе дојде!
     
  9. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Плавуша и црна девојка седат и гледаат вести на МТВ. Даваат некој како сака да се самоубие. Се кладеле дали ќе скокне. Црната победила, затоа што рекла дека ќе скокне. - Виде ли? Ти реков дека ќе скокне. Знаев дека ќе скокне бидејќи сабајле ги гледав истите вести. - И јас ги гледав - рекла плавушата – ама не знаев дека пак ќе скокне!
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Мајката му пишува на синот писмо. Синe, Ти го пишувам ова писмо за да знаеш дека ти пишувам, зошто ако го добиеш значи дека стигнало.

    Ако не го добиеш јави ми, ќе ти го пратам повторно. Ќе пишувам полека, знам дека споро читаш.Пред некој ден татко ти прочита во весник дека по најнови статистички податоци повеќето сообраќајки се случуваат на далечина од 1км од куќата, па затоа ние се преселивме малку подалеку.Куќата е преубава, имаме дури и машина за перење, само не знам дали работи. Вчера ставив некои алишта да се перат, ја повлеков рачката за вода и алиштата ги снема. Тука времето и не е така лошо. Прошлата недела само два пати врнеше. Првиот пат траеше 3 дена, а следниот пат 4.Во врска со јакната што ја бараше, вујко ти Перо ми рече дека ако ги извадиме копчињата, пошто многу тежат, ќе не фати поефтино пратката во пошта. Јас затоа ги отпарав копчињата и ти ги ставив во џеб.Конечно го погребавме и дедо ти. Го најдовме телото во вторникот, кога ја чистевме куќата. Беше во орманот од оној ден кога игравме жмурки и кога тој победи. Пред неколку дена ни експлодира плинската боца во кујна. Татко ти и мене, експлозијата не исфрли надвор низ прозор. Какво убаво чувство беше тоа! После толку години, татко ти и јас, конечно излеговме заедно.

    Бидејки веќе го спомнувам татко ти, тој најде нова работа! Многу се гордее. Има под себе околу 500 души…се запосли на градски гробишта, го коси травњакот.

    Сестра ти Милева, знаеш онаа што се омажи, конечно се породи! Не знаеме кој пол е, па затоа не можам со сигурност да ти кажам дали си станал тетка или вујко…Сестра ти рече, дека ако биде женско ќе ја вика по мене. Малку ми е чудно што нејзината ќерка ќе ја вика “мама”, ама ете желба и е.

    А брат ти Радојче, тој е стварно за никаде. Замисли, ја затвори вратата од колата, а клучевите беа внатре. Мораше да се врати во станот да го земе дупликат клучот за да не извлече од колата. Катастрофа !!!

    Добро синко, нема да ти ја напишам адресата пошто незнам која е.Семејството што живееше пред нас тука, си го земаа куќниот број од зидот со нив. Ако ја видиш Светлана, Поздрави ја, а ако не ја видиш, не и кажувај ништо.

    Те сака Мама,

    Станислава.

    П.С. Сакав да ти пратам и нешто пари, ама веќе го затворив пликот. :D :D
     
    На April87 и TennisBabe им се допаѓа ова.
  11. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Перо работел како чувар во Фени. Еден ден во фабриката дошол на посета премиерот на Македонија, Никола Груевски. Кога поминувале покрај Перо премиерот извикал:

    - Перо, ти ли си бе?

    - Јас сум бе Коле – одговорил Перо.

    На шефот му станало многу чудно тоа што премиерот го познава Перо, па окако си заминал Груевски го повикал Перо во неговата канцеларија.

    - Абе Перо од кај се знаеш ти со Груевски? – прашал шефот.

    - Шефе, абе знаеш дека мене цел свет ме познава?

    - Како тоа бе Перо?

    - Така бе, нема човек жив на светот што не ме познава!

    - Те знае ли бе Обама?!

    - Тиииии бе шефе, Obama ми е еден од подобрите пријатели!

    - Епа ај ќе отидиме до Вашингтон јас плаќам карти, тебе претседател на Америка нема шанси да те знае…

    И одат Перо и шефот во белата куќа, ѕвонат, и отвара Мишел Обама:

    - Ohoo Pero, what a wonderful surprize! Come on in, Obama is in the backyard!

    Шефот вилицата до земја! Не му се верува што гледа! Делириум…па вика:

    - Перо, нема шанси тебе папата да те знае!

    - Хахахаа шефе бе, па Папата ми е куќен пријател! Со моите од мали нозе се знае!

    - Оди бе лажго еден, одиме во Ватикан одма! -вика шефот…

    Одат во Ватикан, Недела ден…Папата од балконот миса држи, а илјадници верници пред него..Перо вика:

    - Шефе, нема да ме види вака, многу гужва е, ќе одам јас, ме знаат стражарите, ќе ме пуштат да се качам докај него…

    Шефов паѓа од смеа, ама ај, му вика, оди.

    Се качува Перо на балкон со Папата, се прегрнуваат, Папата мафта на народот, Перо исто до него, двајцата насмеани и мафтаат….

    Се симнува Перо доле кај рајата, и го бара шефот, гледа на едно место собрани поголем број луѓе во круг. Се турка Перо, и гледа легнат шефот на земја, срцев удар доживува…

    - Шефе бе! Шефе бе шо ти е?!

    - Перооо….не мможам……перо бе…

    - Кажи шефе, кажи!

    - Се можев да поднесам…и Груевски и Обама….те гледам и тебе горе…со папата…ама дамла ме удри кога еден кинез ме подбуцна, и ме праша:

    - Абе, кој е оној горе до Перо?!


    Перо го знаат повеќе и од папата :D
     
    На d.Darla му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Како е на турски за ананас? ---- Машала шишарка. секогаш се смеам на ова кога ми текне :D :lol:
     
  13. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Го прашува едно дете полицаецот:Колку кифли изеде сабајле на празен стомак?
    Полицаецот:3-4
    Детето:Еее не е точно си изел една на празен стомак другите се веќе на полн.
    Иде полицаецот кај шефот и го прашува:Шефе колку кифли изедовте на празен стомак?
    Шефот:5-6
    Полицаецот:Ееее шефе да кажевте 3-4 ќе ве заебев :rofl:

    Затвореник конечно бега од затвор по цели 15 години одлежани во него. Уште првиот ден влегува во куќа за да краде пари и оружје.
    Во спалната начекува брачен пар во кревет. Го заврзува мажот за столче, а девојката за креветот. Потоа се качува вр девојката и ја бакнува по вратот и оди во бањата. Потоа мажот и вели на жената:
    - Слушај жено. Овој човек е многу опасен погледни му ги алиштата со години бил во затвор. Го видов како те бакнува сигурно не осетил жена долго време. Прави како што ќе ти каже и ако бара секс не се противречи оти ќе не убие. Издржи душо, те сакам!
    Жената му рекла:
    - Извини ама не ме бакнуваше. туку ми шепнуваше на увото. Ми рече дека е геј и дека си му изгледал слатко. Ми побара вазелин и му кажав дека е во бањата. Па ти не се противречи и прави што ќе ти каже! Издржи душо, те сакам. :D

    Фатија кумановац златну рибу и она му кажала ако гу пушти ке му испуни жељу. И кумановац кажаја:
    - Ауди Q7
    - Сакаш ли на лизинг или на кредит ?
    - А ти сакаш ли на зејтин или на маст?

    Воспитувачка во градинка му помага на детето да ги облече чизмите. Тоа туркало, таа влечела, но чизмите никако да легнат на ноџињата. Кога едвај успеала да му ги навлече, целата препотена, речиси се онесвестила кога малиот и рекол:
    - Ама сте ми ги облекле обратно… левата на десна нога, десната на лева.
    И навистина. Не било лесно повторно да му ги соблече и облече, но на крај чизмите си биле секоја на вистинската нога. Малиот тогаш викнал:
    - Тоа не се моите чизми.
    Воспитувачката се гризнала за јазик за да не вресне.
    - Зошто не ми го кажа ова порано???!!!
    И со напор повторно му ги соблекла чизмите. Тогаш малиот продолжил:
    - Чизмите се од брат ми. Мама ми ги даде мене.
    Воспитувачката не знаела дали да плаче или да се смее… после повторна мака, чизмите биле повторно на нозете. Тогаш таа го прашала детето:
    - А, каде ти се ракавичките?
    Детето одговорило:
    - Па ги сокрив во чизмите!

    Станува човек сабајле во паника, доцни на работа. Набрзинка тркнува до кола, сфаќа дека му ја украле. Зема такси, оди на работа ама предоцна – шефот му вика дека поради доцнењето добива отказ. Се враќа дома, ја начекува жената со друг. Решава да се самоубие. Таман да рипне од мост, слуша глас:
    - Синко, што планираш да правиш?
    Се врти, го гледа Дедо Мраз.
    - Да се убијам, доста ми е од се.
    - Не е убаво тоа. Јас сум Дедо Мраз и можам да ти исполнам три желби.
    - Сакам! Прво, да ме вратиш на работа.
    - Средено.
    - Да ја најдам колата.
    - Средено.
    - Да можам да и простам на жена ми.
    - Средено, само што ќе се вратиш дома, ќе те моли.
    - Фала ти најмногу на свет.
    - Нема проблем, само… бидејќи ти исполнив три желби, сакам и ти мене да ми исполниш барем една.
    - Кажи, која било.
    - Да попушиш.
    Клекнува, завршува работа. Дедо Мраз, закопчувајќи си ги панталоните, го прашува?
    - Добро синко, а колку години имаш ти?
    - 35.
    - И уште веруваш во Дедо Мраз?

    :lol: :lol:
     
  14. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Влегува еден бизнисмен во банка во Њујорк и го бара службеникот одговорен за кредити. Му објаснува дека ќе оди на деловен пат во Европа две недели, и дека сака да земе кредит од $5.000 долари. Службеникот му одговора дека за да ги подигне парите ќе треба да остави некаков вид на гаранција. Бизнисменот без да се двоуми ни минута, ги вади клучевите од своето ново црвено Ферари, кое што патем е паркирано на паркингот пред банката. Луѓето го проверуваат возилото, и банката се сложува да го издаде кредитот со оваа гаранција. Откако заминал бизнисменот со парите, шефот на банката и вработените добро се насмеале, зошто бизнисменот го искористил своето ферари вредно $500.000 долари како гаранција за кредит од $5.000 долари. Откако биле средени сите документи, вработените од банката го ставиле возилото во подземната гаража на банката. Две недели подоцна, доаѓа бизнисменот, го враќа кредитот, и плус плаќа камата од $15.41 долари. Службеникот му се обратил на бизнисменот "Господине, многу сме среќни што соработувавме со вас, меѓутоа малку сме збунети. Додека бевте отсутни, Ве проверивме, и дознавме дека сте мултимилијардер. Не ни е јасно, зошто ви беше потребен кредит од $5.000 долари?" Бизнисменот слатко се насмевнал и одговорил: "А каде на друго место во Њујорк ќе најдам паркинг за моето ферари вредно половина милион долари, за две недели и тоа за само $15.41 долари?! :D :D :D :D
     
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.129
    Пол:
    Женски
    Јас сум фан на црниот хумор :wasntme:


    Како пее врапче заразено со сида?
    -Хив Хив


    Како ќе знаеш дека некој лепрозен е заљубен?
    -Има фрлено око на некоја

    Како етиопјаните копаат гроб?
    -Со стапче


    Што е тоа мало, црвено, лигаво и се влече по женска нога?
    -Носталгичен абортус!


    Како децата од Чернобил бројат до 100?
    - На прсти !
     
    На Cokolatce95, x.Daisy.x и Forgotten им се допаѓа ова.
  16. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.648
    Еве вицот од почетната страна на Фемина

    Маж ѝ купил на својата жена дијамантски прстен за Нова Година. Негов пријател разбрал за гестот и го прашува:

    – Добро, нели таа сакаше од оние спортските џипови?

    – Да, сакаше. Но, ајде кажи ми каде можев да најдам лажен џип? :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.928
    - Тато, татоооооо...ако не ми дозволиш да се омажам за него...ќе се фрлам во Вардар - Слободно ќерко фрли се, немаш гајле...секоја гуска знае да плива!!!

    Дај земи заблажи се .. И така цела година јадеше гомна . ( Не знам дали спаѓа во вицови ама кога го слушам ми иде да заплачам од смеење) :lol: :lol:
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    789
    Дете добива новогодишна честитка : '' Дедо Мраз не постои, родителите ти ги купуваат подароците.Поздрав, Џулијан Асанж - Викиликс . '' :D
     
  19. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Заљубена ме потсети на еден виц. :P
    Жената го подбуцнува мажот :
    - Мили сонував дека си ми купил дијамантски прстен, што треба да значи тоа ?
    Утредента мажот и носи поклонче завиткано и таа пресреќна дека и купил прстен го отвора и гледа соновник.
    -Леле што е ова?
    - Да гледаш што ти значат соновите. :D
     
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.200
    Пол:
    Женски
    Доаѓа дечко во црква кај попот
    да се исповеда:
    -Грешев оче,многу грешев со
    комшиката во шталата.
    -А колку пати?
    -Па јас дојдов да се исповедам
    бе оче,не да се фалам.