Малиот Трпе доаѓа дома и вика по мајка му: – Мамо, во школо сите ми викаат дека сум бил изгубен случај! – Дете, ти живееш во другата зграда.
Учебна 2020 година.... ---Сине бре, де кажи се шо прајте на школ'то.. ---Ниш мамо, каа влеаме, професорката на сите ни мере температура, пос не тера да и мииме раците 20 секунди, додека она се брише со ракија, каа це вратиме, со ѕидарско метро не распоредуе кај че седиме, и цело време му викаше на Ѓокето да не а ваде маската, и на Вер'то да не носе три маски наеднаш оти це угуше, после не прозива по дневникот, не прска со ракија, и па сите клупи и брише со ракија... И наму при крај на часот, од толку шо испареваше ракијата, фана да пее песни од Цеца, да плаче и да кука шо има глуп маж, шо не била на море, и шо живее со свекрвата
- Си игравме доктори со жена ми. - И како? - Пааа .. прво ја чекав едно два саати, а после ми закажа за два месеци. - И ти што направи? - Што да правам, отидов преку улица на приватно, си платив ...
Оваа наставничка му се дереше секогаш на Хуго: "ќе полудам јас од тебе, Хуго! Со тебе не може да се работи! Бескорисно е." Еден ден мајката на Хуго отиде на училиште за да види како му оди на детето. Наставничката и кажа дека нејзиното дете е ужасно лошо, ги има најлошите оценки во целата генерација и дека во 25 годишно работно искуство како наставник нема видено вакво глупаво дете . Мајката беше толку преплашена од оваа искрена комуникација, така што одлучи да го повлече детето Хуго од училиште и да се преселат во град за да му овозможи на Хуго да учи во специјално училиште. По 25 години на истата наставничка и беше дијагностицирана тешка срцева болест. Сите доктори кои ги консултираше предлагаа дека е потребен многу специфичен и многу скап хируршки зафат, кој само еден познат доктор во градот можеше да го направи. Безнадежна од ситуацијата наставничката, одлучи да продаде се што има и со заштедата од сиот свој живот, замина во градот за да ја направи скапата операција, која беше направена од најдобриот доктор и кој рече дека операцијата е апсолутно успешна. Кога наставничката ги отвори очите, осети како сета сила се враќа во нејзиното тело, гледајќи како пред неа стои млад доктор и како ја гледа со насмевка на лицето. Сакаше да каже некаков збор на благодарност, но не можеше да зборува... нејзиното лице стана сино, се обиде да ја подигне раката дури се обиде и да врисне, но неможеше да го направи тоа... и набрзина... умре пред докторот кој се обидуваше да сфати што се случи. Тогаш докторот се сврте да погледне и го виде оној будала Хуго, кој работеше како чистач во болницата, кој го извади прекинувачот на респираторната машина за да ја уклучи правосмукалката. Што мислевте? Дека Хуго станал некој голем хирург за кардиоваскуларни болести? Изгледа дека читате многу романи...