Ве молиме напишете ја вашата лозинка. – рози Лозинката мора да биде подолга. – розови рози Лозинката мора да содржи барем една цифра. – 1 розова роза Лозинката не може да содржи празни места. – 1розовароза Лозинката мора да содржи барем 8 различни симболи. – 1ебанарозовароза Лозинката мора да содржи барем една голема буква. – 1ЕБАНАРОЗОВАРОЗА Лозинката мора да содржи барем една мала буква. – ЕбанаРозоваРоза Лозинката мора да содржи барем една цифра. – 1ЕбанаРозоваРозаДаТиЕбамСеПоСписок – Лозинката веќе е зафатена.
Кога мажот флертува на социјалните за прв пат. Тој: здраво срце, многу си слатка. Таа: Благодарам, и вие сте многу убав. Да не сте женет? Тој: разведен сум пред извесно време... Таа: хаххахахах Тој : Зашто се смеете? Таа: Женати е бре, глупчо!!
Трпе направил сообраќајка и го однеле во болница. Медицинската сестра го прашала како се чувствува. – Добар сум, само те молам ај види дали ми е здрав алатот. – Не биди безобразен, не можам. – Ај те молам, најважно е алатот да ми е здрав. Медицинската сестра го сожалила и го открила чаршавот. – Здрав ти е, на него има напишано “оле”! – Оф лелеееле, ах бре Трпе кој те тераше да пиеш, волу еден, Господе што ли ти згрешив за ова да ми го направиш… – Зошто кукаш, ти кажав дека ти е здрав. – Сестро, знаеш ли што пишуваше на алатот? – Што?! – “Наше ќе биде и Солунско поле!”
Полицијата во Обединетите Арапски Емирати поради пијанство апси Албанец, Македонец и Грк. Ги носат на суд и судијата пресудува: “Бидејќи не знаевте дека тука не се пие алкохол, нема многу да ве казнам. Сите ќе добиете 50 стапа по грб, но на секого ќе му исполнам по една желба во врска со казната, а на Македонецот две.” Албанецот се спрема за казната и вика: “Пред да почнете со казната сакам да ми врзете перница на грб.” После 25 удари паднала перницата. Гркот исто бара: “Пред да почнете со ќотекот заврзете ми 2 перници.” После 25 стапа и на него му паѓаат перниците. Македонецот последен се спрема за казната и му вика на судијата: “Прва желба ми e 100 стапа наместо 50”. Судијава чудно го гледа, ама ја прифатил со задоволство казната. “А втората желба е да ми го врзете Гркот на грб!”
Го сопира мажот сообраќајна контрола. - Знам Господо пoлицајци дека направив прекршок ама комшијата ми се јави и ми кажа дека жена ми е со љубовникот дома. - Ајде вози тогаш! Се прибрал овој дома и и' кажува на жената како се спасил да не плати казна. По една недела ја сопира полиција жената. И оваа сакала да се извади на истата финта: - Знам дека направив прекршок, ама комшиката ми јави дека мажот ми е со швалерката дома. - Ај ќе ве молам излезете од кола да ви направиме алко тест, да видиме дали имате резервна опрема, прва помош, дигалка, трокут, сијалички, резервна гума, сигурносен елек, да ги измериме шарите на гумите, ако се летни дали имате ланци и т.н. и така едно три саати... Тоа се вика "МАШКА СОЛИДАРНОС