Поголема група оди на семинар. Нема еднокреветни соби, па земаат двокреветни, но никој не сака да ја дели собата со Цветко кој ужасно `рчи. Одлучиле дека не е фер еден те ист цело време да биде со него, туку ќе се менуваат. После првата ноќ со Цветко, утрото Јово е целиот разбушавен и со огромни подочници. Останатите загрижено го прашуваат: -Јово, што ти се случи човече!? -Ма, пушти! Цветко толку `рчеше цела ноќ, што само седев и гледав, око не склопив. Слично поминале и останатите, па редот дошол и на Трпе. Утрото тој се појавил одморен и уреден, дотеран и одлично расположен. Останатите не можеле да им веруваат на своите очи. Кога го прашале како успеал да заспие покрај ужасното `рчење на Цветко, тој им одговори: -Значи, се спремавме за легнување. Му пријдов на Цветко, го плеснав по задникот и со нежна насмевка го бацив за добра ноќ. После тоа тој цела ноќ седеше и ме гледаше.
Пилотот и копилотот разговараат за време на лет: – Да пиеме по едно кафе и после да ја „опнеме“ стјуардесата? – Може, може… Арно ама, микрофоните биле вклучени и разговорот се слушнал во целиот авион. Стјуардесата се засрамила и се затрчала кон пилотската кабина да им каже. Но, се сопнала и паднала пред една бабичка. Таа и помогнала да стане и и рекла: – Ќе се искршиш бе чедо! Не брзај толку! Рекоа дека прво ќе пијат кафе.
Го прашале шефот на јакуза, - бацко твојата јакуза е јапонска мафија, а знаеш ли која клима преовладува во јапан? Шефот на јакуза им кажал - панасоник
Ќе ме извиниш, ама можи и тогаш да се разочараш од машките/женските/старите/младите/било кој. Не мора некој да ти е дечко за да дознаеш дали е стока.