Трпана му вика на Трпе: – Оди до продавница и купи два маргарина, ако има јајца купи десет. Се враќа Трпе од продавница со 10 маргарини и и кажува на Трпана: – Има јајца. Малиот Трпе: – Мамо, ќе имаме тест по географија. Каде се наоѓа Франција? – До Шпанија, сине. – А Бермудите? – Во втората фиока од плакарот.
Отишoл попoт вo полиција, затоа што му го украле велосипедот. Началникот му рекол: – Дедо попе, немаме многу време да се занимаваме со твојот велосипед, но сепак ќе го решиме случајот. Вака ќе направиш: На неделната служба започни да ги читаш 10-те Божи заповеди. Кога ќе стигнеш до „Не кради!“, гледај внимателно во луѓето и крадецот сигурно ќе се издаде. Во понеделник началникот му се јавува на попот: – Дедо попе, направи ли како што ти реков? Го најде ли велосипедот? Кој е виновникот, да го приведеме да го казниме? – Благодарам за советот, си го вратив велосипедот, но нештата не течеа баш така. Започнав да ги читам 10-те Божји заповеди, стигнав до „Не кради!“, но никој не се издаде. Потоа продолжив и кога стигнав до „Не посакувај ја жената на својот ближен!“ ми текна каде сум го оставил.
Малиот Трпе му се фали на малиот Цветко: – Види, си купив нови патики! – Да? Колку ги зема? – 100 евра, оргинал. – А зошто пишува like наместо nike? – Па од facebook ги купив. Директорот носи во канцеларија тројца странци, и ја вика секретарката: – Направи кафе за овие тројца педери! Еден од нив се јавува: – Двајца педери! Јас сум само преведувач… Трпе доаѓа дома и ѝ се обраќа на Трпана: – Жено еве одлучив од денес да не се расправам со тебе.. – Како бе сам си одлучил?!
Отишол еден Македонец на психијатар во Америка. Завршила сесијата, излегол надвор и го сретнал еден наш земјак. – Кај си бе брат? – Еве бе, само што излегов од кај психијатарот. – Вистина? И како помина? – Ова е прв и последен пат како одам на психијатар… Значи, додека му раскаживав за мојот живот, тој не престана да аплаудира, да се смее на глас и да ме прашува „Навистина ли?“ На крај така се расплака, што 1 час го тешев.
- Докторе, на сопругот му е толку голем што кога имаме секс, ме боли црниот џигер. - Донеси го тука и ќе му го смалиме малку, со лесна операција. - А нели е подобро да ми го поместите малку црниот џигер на страна?