Блажо му праќа писмо на синот во кое се наоѓала банкнота од 500ден. Во писмото покрај банкнотата имало и лист на кој што пишувало: - "Драги сине, еве ти ги праќам оние 500 денари кои ми ги бараше, и само да знаеш 500 се пушува со две нули а не со три, џабе те праќам на факултет!"
Му купиле на малиот Трпе патики.Тој почнал да им се радува. Но првите денови тој не ги вадел од кутијата. -Абе Трпе, зошто не ги носиш новите патики што ти ги купивме пред 2 дена? - Мамо, па продавачката рече дека првите 2-3 дена можат да ми направат плускавици, па затоа решив да ги носам по 2-3 дена!