Вицови

Дискусија во 'Насмевка' започната од Mimi, 22 ноември 2009.

  1. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Си играле три деца… И излегува една мајка и вика:
    – Марко, сине, немој да трчаш, ќe ги искинеш најк патиките.
    Излегува втора мајка и вели:
    -Симе, сине, немој да трчаш, ќе ја искинеш адидас дуксерката.
    И излегува третата мајка и вика:
    - Ерџан, сине, немој да трчаш, ќе огладнеш. :D
     
  2. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    236
    - Кај беше цела вечер!? Признај!?
    - Знаеш злато, вчерашниот состанок малку се продолжи, па на нашата секретарка и замина последниот автобус и ме замоли да ја однесам дома...
    ...Потоа таа љубезно ме замоли да влезам да се напијам чај со рум. Кога тргнав накај дома видов на улица кај неа полиција како ги застанува возилата, па морав да почекам да си заминат заради румот кој го имаше во чајот. Тогаш секретарката предложи да преспијам кај неа... и ...

    - Не ме лажи џукело! Повторно цела вечер си заглавил во канцеларија играјќи на компјутер со твоите виртуелни пријатели! :D
     
  3. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    74
    Зошто жените живеат подолго од мажите ?
    Затоа што немаат жена покрај себе :)
     
  4. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Трпе се фали на другарите:
    - Конечно го одвикнав син ми од грицкање нокти!
    - Како?
    - Му ги скршив забите.
    :lol:
     
    На x.Daisy.x и Masnickaaa им се допаѓа ова.
  5. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    како се вика девица на кинески?
    Њу Нико Није Чуко

    како се вика јапонскиот министер?
    Јаката Насакото
    :D :D
     
    На baguf4e и lolyta777 им се допаѓа ова.
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Мали Џокица бил заљубен до уши во својата учителка. Пустиот не можел веќе да ја гледа на часови, па решил да и‘ признае. Таа на тоа му одговорила:
    - Но, Мали Џокица, јас не сакам деца!
    - Е арно де, ако неќиш деца, не мора да имаме!!! :D :D :D
     
    На aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Морало да ги пренесат лудаците до друга земја со авион затоа што немало каде да ги носат додека се реновира лудницата и сега во авионот: Влегува еден лудак кај пилотите и им вика Дај бе да го повозам малку авионот.
    Пилотот: Како да ти го даам бе, од кај знаеш ти да пилотираш?
    Лудакот: Кој не знае бе? И почнал да набројува: ова копче е за тоа, ова е за тоа, она за тоа и уште еден куп други.
    Пилотот зачуден и му вика: абе ти стварно си знаел.
    Па знам, што ти реков јас, дај сега малку..
    Пилотот: Ок ке ти го дадам ама ако ги смириш оние твоите назад оти главата ми потече, цело време развикуваат назад.
    Важи му вика лудакот и оди назад и се враќа по две минути а назад штама, ни глас не се слуша.
    Пилотот: Добро бе што им направи што замолкнаа наеднаш?
    Лудакот: Ехх.. што е лесно, ене им фрлив една топка надвор и сите заминаа да играат фудбал!!! :D
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Шета детенце со ултра добар и скап мобилен по улица. Го здогледува плавуша и мисли како да му го земе телефонот. Му се приближува и му вика:
    -Детенце, ќе ми го дадеш мобилниот?
    -Не.
    -Ајде бе?
    -Неможе.
    -Ајде бе, ќе те бацам.
    -Ајде.
    Плавушата го бацува детето, и му вика:
    -Сега ќе ми го дадеш?
    -Не.
    Се нервира плавушата зошто неможе лесно да му го земе телефонот, оди пак до него и му вика:
    -Ај бе дај ми го мобилниот?
    -Неможе.
    -Ај бе, ќе ти го издудлам еднаш.
    -Ајде бе.
    Го зима плавушата детево, го носи во грмушка, завршува работа и му вика:
    -Сега ќе ми го дадеш мобилниот?
    -Не.
    Плавушата ифрит нервозна, се нервира што детево ја зафркава, оди накај него и му вика:
    -Ај бе дај ми го мобилниот?
    -Неможе.
    -Ке ти дадам ондека у грмушките.
    -Ајде бе!
    Детето среќно иде со плавушава, завршува работа, плавушава го прашува:
    -Сега ќе ми го дадеш мобилниот?
    -Ајде. Пиши, 070…

    :D :D :D
     
    На Name, Tomcia и TennisBabe им се допаѓа ова.
  9. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Седи Трпе во кафана тажен, а пред него стои едно пиво. Во тој момент доаѓа Перо, го гледа пивото, го зема и го пие на екс. Трпе го гледа и почнува да плаче, а Перо му вели:

    - Што е бе Трпе, зошто плачеш за едно пиво?

    Трпе: Не е за пивото бе. Денес сум за никаде... сè ми оди наопаку.

    Перо: Па што се случило... кажи ми.

    Трпе: Сабајлево влегувам дома и ја наоѓам Трпана со друг човек. Попладне ми се јавија од работа и ми кажаа дека сум добил отказ. Потоа гледам Трпана избегала со другиот маж и ги подигнала сите пари од банка и сега немам ни скршен денар.

    Ми дојде да се убијам. Земав јаже за да се обесам - се скина. Земав пиштол - се заглави. Легнав на шините - возот заглавил некаде во снег. Со последните пари што ги имав во џебот купив отров, го ставив во пивото, но се појави ти и ми го испи!!!
     
    На RedRose97 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Седеле двајца министри во владата и тогаш едниот му вика на другиот:
    - Што си се замислил, кај си се загледал низ прозорец?
    А другиот му одговара:
    - Еве гледам А1 во живо. :D
     
  11. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Три жени загинале во сообраќајна несреќа и се нашле пред вратите на рајот. Ги дочекал Свети Петар и им рекол: - Добре дојдовте мои дами. Овде во рајот...



    ...имаме само едно правило – никогаш немојте да згазнете патка!

    И ги вовел жените во рајот. Насекаде имало многу патки, практично било невозможно да се движиш, а да не нагазиш некоја од нив.

    Трите жени се движеле многу претпазливо, но едната нагазила една од патките. Истиот момент стигнува Свети Петар со многу грд маж и го врзува за жената.

    - Затоа што згазна на патка, твојата казна е да бидеш врзана за овој грд човек цела вечност.

    Другите две жени откако го виделе ова биле уште попретпазливи, но наскоро една од нив згазила и убила една патка.

    Повторно доаѓа Свети Петар со уште погрд маж и ги врзува еден за друг. И вели:

    - Затоа што згазна на патка, твојата казна е да бидеш врзана за овој грд човек цела вечност!

    Третата жена не сакала да го доживее она што го доживеале другите две.

    Таа успеала месец дена да не згазне на ниту една патка, кога одеднаш стигнал Свети Петар со еден згоден убав маж и ги врзува еден за друг. Висок, мускулест, со бронзен тен... совршен.

    Жената го прашува човекот:

    - Се прашувам што направив за да бидам со вас врзана цела вечност!?

    Човекот одговорил:
    - Не знам за вас, ама јас згазнав на една патка!
     
  12. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    3.650
    Пол:
    Женски
    ЏЕМПЕР - парче облека кое детето мора да го носи кога на мајката и е ладно.

    ТАНЦ - вертикални фрустрации на хоризонталните желби.

    ЕКОНОМИСТ - експерт кој ќе знае утре зошто она што го предвидел вчера не се случило денес.

    ГИНЕКОЛОГ - личност која работи таму каде другите се забавуваат.

    ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ – личност која е во состојба во тек на два часа да не помисли на секс.

    ГЛАВОБОЛКА - најчесто употребувано контрацептивно средство кај жените.

    БРАК - заедница на двајца луѓе кои решаваат заеднички проблеми кои не би ги имале доколку би биле сами.

    ЗАБАР - магионичар кој ви става во уста дел од она што ви го извлекол од џебот.

    ПЕСИМИСТ - оптимист кој има искуство.

    ПРОГРАМЕР - личност која на необјаснив начин ќе реши проблем за кој не си ни знаел дека го имаш.

    ПСИХОЛОГ - линост која гледа во останатите луѓе кога во просторија ќе влезе убава жена.

    БУДИЛНИК - инструмент измислен да ги буди оние кои немаат мали деца.

    СУПЕР ЅВЕЗДА - личност која цел живот напорно работи за да стане позната, а потоа носи големи темни наочари за да не ја препознаат.
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Трпе побарал развод со Трпана. Оди Трпе кај судијата и му вели:
    -Судијо сакам да се разведам од Трпана, не можам да ја поднесам, сегде шета со мини суќна.
    Оди Трпана и судијата и кажува што рекол Трпе и му вели:
    - Тој не може да ме поднесе со мини суќна, а јас како го трпев него со мини ку*е?!

    :D


    __________________________

    Отишол Тетовчанец да купува автомобил.
    - Колку чини овој автомобил?
    - 10 000 евра!
    - А колку троши?
    - 10 литри на 100км.
    …- Скапо, а овој колку чини?
    - 8 000 евра!
    - Колку троши?
    - 7 литри на 100км!
    - Скапо, а овој малиот?
    - 6 000 евра?
    - А колку троши?
    Продавачот видно изнервиран му одговара:
    - Една лажица на 100 км!
    - Супена или кафена?
     
    На karina8 и TennisBabe им се допаѓа ова.
  14. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Воспитувачка во градинка му помага на детето да ги облече чизмите. Тоа туркало, таа влечела, но чизмите никако да легнат на ноџињата. Кога едвај успеала... ...да му ги навлече, целата препотена, речиси се онесвестила кога малиот и рекол:
    -Ама сте ми ги облекле обратно... левата на десна нога, десната на лева.
    И навистина. Не било лесно повторно да му ги соблече и облече, но, на крај чизмите си биле секоја на вистинската нога. Малиот тогаш викнал:
    -Тоа не се моите чизми.
    Воспитувачката се гризнала за јазик за да не вресне.
    -Зошто не ми го кажа ова порано???!!!
    И со напор повторно му ги соблекла чизмите. Тогаш малиот продолжил:
    -Чизмите се од брат ми. Мама ми ги даде мене.
    Воспитувачката не знаела дали да плаче или да се смее... после повторна мака, чизмите биле повторно на нозете. Тогаш таа го прашала детето:
    -А, каде ти се ракавичките? Детето одговорило:
    -Па ги сокрив во чизмите!

    :D :D :D
     
    На RedRose97 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.692
    Зошто во државна администрација нема односи?
    Бидејќи сите се роднини :lol:


    - Оти плавуша седи пред куќа со чаша? - Бидејќи и рекле дека куќата части :)

    Решил мажот да провери дали жена му го изневерува, па ја прашува:
    - Жено, знаеш ли ти дека во зградава имаме жена што мажот никогаш не го изневерила?
    - Не зафркавај, која е?

    Зошто кога Чак Норис е во продавница не издаваат фискални сметки?
    - Затоа што знаат дека кога Чак Норис е во продавница не влегува пазарна инспекција!
    :rofl:
     
  16. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    159
    Кога машко ќе фати сом – риболов.
    Кога женско ќе фати сом – брак.

    Што е разликата измеѓу држава и жена?
    - Државата ја браниш од непријатели, а жената од пријатели!

    -Што е тоа мало зелено стои на гранка и е опасно??
    - Гавран во зелен мантил со митролез пушка!
    Што е тоа мало зелено стои на гранка и не е опасно?
    - Истиот гавран во истиот зелен мантил на истата гранка со истиот митролез но без муниција!
     
  17. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Чак Норис има фејсбук профил на Телетекст.
     
  18. tweetygirl

    tweetygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    10
    Лежат две плавуши на кревет, но немало доволно место.
    Едната плавуша при туркање испаднала од креветот, па другата и вели:
    Ајде можеш да се качиш, сега има повеќе простор. :D :D :D
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  19. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    ‎- Драга, дали ме сакаш само заради тоа што дедо ми ми остави милиони? - Секако не драги, те сакам без разлика кој ти ги оставил милионите !!! :rofl: :rofl: :rofl:
     
  20. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Заглавил еден човек во кафеана мортус пијан.
    Му приоѓа келнерот:
    - Господине, јас се извинувам ама ние мора да затвориме.
    - Многу ви благодрам, ме утепа промаја! :D
     
    На lolyta777, Name и x.Daisy.x им се допаѓа ова.