Вицови

Дискусија во 'Насмевка' започната од Mimi, 22 ноември 2009.

  1. femina.girll

    femina.girll Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    151
    Полицаец фаќа крадец. Немоќниот крадец го прашува полицаецот:
    - Може ли да одам до пекарата, ќе умрам од глад?
    Полицаецот:
    - Оди ама веднаш да се вратиш.
    Полицаецот го пушта, крадецот бега и не се враќа. Наредниот ден полицаецот го фаќа истиот крадец. Крадецот му вели:
    - Ај те молам пушти ме до пекарата, ќе умрам од глад.
    Полицаецот:
    - Да бе, не сум јас од вчера, ти седи тука јас ќе одам да ти купам. :D
     
  2. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.435
    Две плавуши го изгубиле клучот од автомобилот и се обидуваат да го отворат со помош на жица. Едната вели: „ побрзај наскоро ќе заврне, а кровот на автомобилот е отворен“
     
  3. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    А што е тоа: Џган people-жива душа нема ????
    Гробишта :rofl: :rofl: :rofl: :lol:
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    Двајца студенти се напиле по една чашка повеќе и утрото кога се разбудиле едниот решил да се пошегува со другиот:
    - 1-0 за мене…
    - Зошто?
    - Сношти бев толку пијан што те опнав по грешка…
    На другиот му се згрозило, но што да прави – ништо не се сеќавал па замолчел.
    После некое време дејството се повторува и утрото другиот студент вели:
    - 1-1…
    - Како бе 1-1?
    - Сношти и јас те опнав.
    - Ти луд ли си бе! Јас се шегував!
    Другиов се замислил малку и рекол:
    - 1-0 тогааш
    Трпе во хотел се јавува на рецепција:
    - Качете се веднаш, жена ми сака да скокне од прозорецот!
    - Што да правам јас?
    - Прозорецот не може да се отвори!

    Трпе седи дома по гаќи и чита весник. Кога, ете ја Трпана, како без здив:
    - Бргу, бргу облечи се, комшивката доаѓа на кафе, и не е убаво да ги гледа тие твои стари коски.
    - Па добро де, нека види колку лошо ми готвиш, затоа сум ваков, кожа и коски.
    А Трпана, да не остане должна:
    - Тогаш соблечи ги и гаѓите, па нека се запраша зошто воопшто ти готвам!
     
    На BlackSwan му/ѝ се допаѓа ова.
  5. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    621
    Пол:
    Женски
    Зоки Поки ја прашува учителката:
    - Госпоѓо, може ли децата да имаат деца?
    Учителката одговара:
    - Зоки, тоа е невозможно!
    Зоки се свртел кон Марика:
    - И од што те е страв, глупачо? :D

    Плавуша и раскажува на својата другарка:
    - Си седам дома и одеднаш некој ѕвони на вратата. Отворам, гледам еден младич. Тој ме прашува дали сопругот ми е дома. Јас одговарам дека го нема. Тогаш ме фрли на креветот и ме ..., а потоа си замина.
    Уште не можам да сфатам што сакаше тој од мажот ми. ;)
     
    На slatkichKa123 и butterfly.93 им се допаѓа ова.
  6. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Плавуша оди на доктор:
    - Докторе помогнете ми, ме касна пчела!
    - Ништо страшно, сега ќе намачкам…
    - Но како ќе ја фатите. Пчелата сигурно отиде некаде далеку!
    - Неее, ќе намачкам на местото каде ве касна.
    - Аааа. Во паркот на една клупа.
    Докторот налутено:
    - Ќе го намачкам тој дел од телото каде ве касна и ќе ви помине!
    - Така кажете докторе. Пчелата ме касна на лактот на раката. Уф колку ме боли!
    - Која точно?
    - Од каде да знам, за мене сите пчели се исти…


    Трпе имал жена – русокоса. Една вечер се вратил од работа покасно и влегува во спалната и што да види, на креветот лежи еден гол човек, а жена му нигде ја нема. Почнал да ја бара и ја нашол во шкафот гола и вика:
    - Добро бре жено, сто пати ти кажав дека тој треба да се крие, не ти!!!
     
    На Acerola му/ѝ се допаѓа ова.
  7. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    Што е тоа што има две јајца, а 100 заби?
    - Крокодил.
    А што е тоа што има 100 јајца, а два заба?
    - Пензионерски дом.
     
    На Phyramide, MonnaSi и Black.Beauty им се допаѓа ова.
  8. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Зоки Поки ја прашува учителката:
    - Госпоѓо, може ли децата да имаат деца?
    Учителката одговара:
    - Зоки, тоа е невозможно!
    Зоки се врти кон Марика:
    - И од што те е страв, глупачо?
     
    На Phyramide и mona.s им се допаѓа ова.
  9. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.426
    Полицијата добила нова опрема,и воедно нови специјални рачни часовници.Ги собира командирот и им објаснува:
    Ова се специјални часовници со нив може и да се бањете!
    Од таму еден залетан прашува:
    А ке ни објасните ли од кај се пушта топла вода?

    На пиво фест прилепски џандар запира охриѓани и ги прашува:
    Имате пијано?
    Овие одговараат: не бе, само ѓитара у гепек!!
    Абе ја не јај лајна да не те напраам тапан!

    Седат момче и девојка во парк. И момчето и вели на девојката: Срцуленце, кога би рекол дека сакам да ти ја одземам невиноста, сигурно би рекла дека сум будала?
    Девојката: Не би рекла дека си волшебник..
     
  10. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Приказна која ке ве изнасмее многу ја читав на еден сајт и скав да ја споделам

    Еден ден запознав еден прекрасен господин и се заљубив. Кога стана јасно дека ќе се земеме, одлучив да престанам да јадам грав. Неколку месеци подоцна...
    ...на мојот роденден, ми се расипа автомобилот додека се враќав дома од работа. Со оглед на тоа дека живеев на село, му се јавив на маж ми и му кажав дека ќе доцнам затоа што морам пешки до дома.
    Одејќи така, по пат наидов на мало кафанче од кое се ширеше мирис на грав и едноставно не можев да одолеам.
    Бидејќи пред себе имав пат од неколку километри, претпоставив дека по пат ќе се ослободам од сите нус појави. Влегов во кафанчето и за час „средив“ три порции грав. Кога продолжив да пешачам се потрудив да ги испуштам сите гасови.
    Кога стигнав дома, сопругот беше среќен што ме гледа и весело ми рече:
    „Драга, имам изненадување за вечера!“.
    Ми ги врза очите и ме одведе до масата.
    Седнав, и токму кога сакаше да ми го тргне превезот, заѕвоне телефонот. Ме натера да му ветам дека нема да го тргнам превезот додека не се врати, и отиде да се јави.
    Гравот кој го изедов се уште работеше во мојот стомак и притисокот стана неподнослив, така што ја искористив приликата додека да се врати маж ми да пуштам еден гас на страна.
    Не само што беше гласен, туку и смрдеше на ѓубре и твор истовремено. Ја зедов салфетката од масата и жустро ја бркав смрдеата.
    Потоа се наслонив на другата страна и си пуштив уште три. Смрдеата беше полоша од готвена и отстоена зелка. Решив да го слушам телефонскиот разговор од соседната соба, и си продолжив да си се олеснувам во наредните неколку минути.
    Задоволството беше неописливо. Кога поздравувањето преку телефонот го означи крајот на мојата слобода, направив уште неколку брзи кружни движења со салфетката за да ја раздувам миризбата, и со чувство на задоволство и олеснување, ја спуштив раката.
    На лицето сигурно го имав најневиниот израз кога мојот маж се врати и се извини што се задржа толку долго. Ме праша дали сум ѕиркала, но јас го уверив дека не отворив око.
    Во тој момент, ми го тргна превезот и дванаесет гости кои седеа околу масата во еден глас викнаа:

    „Среќен роденден!“

    А, јас паднав во несвест
     
    На FlameFairy и karak им се допаѓа ова.
  11. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Вознемирен возач запира во едно село и прашува:
    - Дали некој во селово има црн коњ?
    - Не.
    - А дали некој има црн вол?
    - Не.
    - А некое големо црно куче?
    - Не.
    - Значи, сум го згазил попот... :tmi:
     
  12. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Во куќа влегува крадец, почнува во вреќа да собира што најде и наеднаш слуша:
    -Бог гледа се, Бог гледа се!
    Се скаменува од страв, мисли му се причинило, ама пак:
    -Бог гледа се, Бог гледа се!
    Догледува папагал и го фаќа смеа:
    -Хахаха, значи ти си тој. Паметен папагал кој зборува. Како се викаш?
    -Црн Петко.
    -Чудно име за папагал.
    -И Бог е чудно име за ротвајлер! :rofl:
     
    На so4nti2u, x.Daisy.x и mona.s им се допаѓа ова.
  13. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Зауставува полицаец едно рено 4, ги зима документите и ги брои патниците: - еден, два, три, четири, пет... аха... глобата ви е 300 евра!
    Возачот почнал да се буни: - па зошто казна, не направив никаков прекршок?
    Полицаецот: - епа 5 души се возите во рено 4 !
    Возачот: - како така, викнете го началникот да се жалам!
    Полицаецот: - еее неможе, началникот е на другата раскрсница, фати двајца како се возат во фиат уно.
     
    На mona.s му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Каде си ги чува Чак Норис парите?
    - На УСБ стик.

    Што му паѓа на наркоман на памет?
    - Фикс идеја :rofl:
     
    На Black.Beauty му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Малиот комарец се враќа дома после првиот, пробен лет.
    - Како беше сине? - го прашува мајка му.
    - Фантастично мамо! Сите ми ракоплескаа.

    Во авион на сред лет пилотот и се обраќа на патниците:
    - Дами и господа, еден од нашите мотори откажа, меѓутоа не грижете се, имаме уште три мотори, едноставно летот ќе трае еден час повеќе.
    После половина саат повторно обраќање:
    - Уште еден мотор откажа, летот ќе трае два часа подолго... можеме да летаме и со два мотора.
    Еден час подоцна, повторно пилотот:
    - За жал уште еден мотор откажа, ќе доцниме три часа... не грижете се, се уште имаме еден мотор.
    На ова една плавуша се обраќа на човекот до неа:
    - Ако изгубиме уште еден мотор, останавме цел ден во воздух!
     
    На BlackSwan и slatkichKa123 им се допаѓа ова.
  16. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Maж ја испраќа жената му кај роднините во Германија. Авионот полетал и тој почнал да се моли: Боже, те молам земи ја, сега ти е најблиску :D :D

    Две плавуши седат на кафе и разговараат за друга плавуша:
    - Слушна ли, се удавила пред 2 дена на море?
    - Како?
    - Паднала од кејот во водата.
    - Таа нели знаеше да плива?
    - Знаеше, ама некој поставил знак забрането пливање :D

    Си седат дедо и баба пред телевизор и бабата го прашува дедото:
    - Дедо бе знаеш дека денес ни е годишнина од брак?
    - Добро, добро а на која програма е тоа

    Играле фудбалски натпревар Германија и Англија. Англичаниве изгубиле и четворица нервозни навијачи начекале некоја Германка и почнале да ја соблекуваат.
    Оваа почнала да вика: "Најн!, Најн!
    И овие викнале уште петмина :D

    Малиот Трпе го однеле на опера малку културно да го воздигнат.
    - Мамо,зошто онај мавта со стапот?
    -Сине тој е диригент.
    -А зошто и се заканува со стапот на дебелана тетка?
    -Ма не и се заканува...
    -А зошто тогаш таа вреска? :D

    Учителката: Добро бе Трпе, како може едно дете толку глупости да направи во еден ден?
    Трпе: Па, рано станувам. :D :D :D
     
    На so4nti2u и selly.gomez им се допаѓа ова.
  17. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.426
    Бегал некој дедо од смртта и се скрил во некоја градинка за да не го препознае и седнал да руча со децата.
    Доаѓа смртта го гледа и го прашува:
    -Што правиш бе?
    -Еве лучкам!!
    -Лучкај лучкај па ќе идеме па паа . :D
     
    На so4nti2u, lolyta777 и Black.Beauty им се допаѓа ова.
  18. girlinlove

    girlinlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    10
    Турист во Охрид нарачал виски. Кога келнерот му ја донел пијачката овој рекол:
    - Ве молам, донесете и малку мраз.
    А келнерот:
    - Аиии, да не сакаш можеби и скии!
     
    На so4nti2u, Phyramide и selly.gomez им се допаѓа ова.
  19. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Асан оди кај Ајше и и вели:
    - Ајше сакаш да имаме секс?
    - Аааа, Асан ќе дадеш 500 денари и ќе имаме.
    - Ама Ајше јас имам само 300 денари.
    - За 300 денари само ќе фаќаш.
    Фаќал Асан, фаќал и едно време Ајше му рекла:
    - Абре Асан, а да ти позајмам јас 200 денари?
     
    На so4nti2u, Phyramide и PetiteCherry им се допаѓа ова.
  20. cool-girl

    cool-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    160
    На час по македонски јазик, учителката прашува:
    - Што е храброст?
    Зоки Поки крева рака.
    - Кажи Зоки, што е храброст?
    - Храброст, учителке, е ништо да не знаеш, апсолутно ништо да не знаеш а да креваш рака!
    хаха
     
    На selly.gomez му/ѝ се допаѓа ова.